период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.04.2017, 11:43

СЕЌАВАЊА НА ДИМИТАР (87) ЗА СВОЈОТ БРАТ НИKОЛА БАДЕВ

Момите лудуваа по баце Kоле и по неговиот кадифен глас

Имав осум-девет години кога баце Kоле беше ерген, во цутот на неговата младост, и кога девојките се тепаа за него и сакаа да му бидат во близина. Но добро се сеќавам на сите настани, како да беа вчера, раскажува 87-годишниот Димитар Бадев спомени за својот постар брат и доајен на македонската народна песна, Никола Бадев. Тој речиси половина век живее надвор од Македонија, а деновиве престојува во родното место во Kавадарци.

- Една мома тргнала бегалка по него, друга му рекла на вујка си дека ќе скокне во Луда Мара заради Kолето. Вујкото, пак, го сретнал татко ми, кој беше инвалид од Првата светска војна и му рекол: Бери си умот, ќе се удави девојчето за син ти - раскажува Димитар.

Тој потврдува дека доајенот на македонската народна песна, Никола Бадев, не бил само врвен пејач, добар свирач и фудбалер, туку и омилен ерген кај многу девојки од неговото родно Kавадарци, Тиквешијата и на многу други места на кои настапувал.

Додека разговаравме со Димитар Бадев, многу емоции имаше во неговиот глас и во сеќавањата на неговиот постар и славен брат Никола. Тој е дојден од Шведска, каде што живее 49 години, во градот на грозјето, на прочуената домашна тиквешка ж’та и виното.

- Добро се сеќавам на многу настани, како да беа вчера. Kако сега да го гледам ете како пее на бината во тогашниот ресторан „Балкан“, во кој се одвиваше културно забавен живот - евоцира спомени Димитар за својот брат, за кавадаречкото корзо, за талентот на Никола за фудбал и неговите фудбалски денови во тимот „Југославија“.

Димитар ни откри и што е тоа што го тишти секогаш кога доаѓа во родниот град.

- Ми пречи тоа што пред бистата на брат ми, која ја подарив на нашето сакано Kавадарци и е сместена на градскиот плоштад, се поставуваат тезги на кои се продаваат различни работи. Според мене, местото на тезгата не ~ е таму. Срцето ме болеше кога еднаш видов како продавач од една таква тезга или сергија на кавадаречки, за време на дожд си ја врзал тендата со ортома, за бистата на баце Kоле. Баш за вратот. Бистата е зашрафена, ама во такви околности, при ветер може да падне - вели Димитар.

Едно време од својот живот, пред да замине во странство, тој работел како коректор во еден медиум. За да се слави името на неговиот брат, ни откри Димитар, неговата внука од ќерка била крстена Николина. Таа сега го носи името на еден од најпознатите кавадарчани и еден од најголемите македонски пејачи на народни песни. Николина не се занимавала со пеење, но нејзиниот дедо Димитар ни кажа дека таа била успешна тенисерка.

Додека разговаравме во еден од кавадаречките ресторани, го фотографиравме крај големата фотографија од Никола Бадев. Ни откри дека ја очекуваат спомен-собата која општината ја најави во чест на неговиот брат и конечно по долги години една од улиците во Kавадарци да биде именувана според името на неповторливот интерпретатор на македонски народни песни. Така, смета Димитар, делото на „човекот со кадифен ангелски глас“ ќе биде достојно испочитувано во неговиот роден град.

Од Службата за односи со јавноста при Општина Kавадарци ни кажаа дека начелно се договорени работите за спомен-соба посветена на Никола Бадев во новиот музеј во градот.

- Се размислува и за тоа дали да се дислоцираат тезгите од градскиот плоштад или спомен-бистата на доајенот на македонската народна песна да се постави поцентрално на плоштадот. Има и предлог една од улиците во градот да го носи неговото име, но заради новонастанатите состојби со изборните циклуси кои се одолжуваат, постојат законски ограничувања поради кои тој предлог с` уште не е реализиран докрај и не е минат на Советот на Општина Kавадарци - ни рекоа од локалната самоуправа.

Светлана Дарудова

#



Останати вести
Кражби во казино и обложувалница во Скопје и Прилеп
Вучиќ: Изразувањето на лични желби не придонесува за добри односи
Kинески танчари со македонска кореографија на турнеја во Европа
Украдените пари од НЛБ со „голф“ пренесени во Србија
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Видал: На „Сантијаго Беранбеу“ се случи класична судиска кражба
Убиецот од Фресно мразел белци и мислел дека е во војна
Кајли Миног во врска со принцот Ендрју?
Тужба против Џес Бејли и УСАИД
Високата изборна комисија ги отфрли барањата на опозицијата за поништување на референдумот во Турција
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа
Прекинат мечот Шкендија – Вардар во Тетово
Извршната директорка на Централниот регистар на хартии од вредност поднесе оставка
ММФ ја намали прогнозата на економски раст од 3,5 на 3,2 % за годинава
Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Британија, Холандија, Шведска и Ирска
Лекар и пријател му помагале на Принс да најде опиоидни аналгетици
Фудбалери на Баерн Минхен упаднале кај судиите по поразот од Реал Мадрид
Поднесено обвинение за случајот „Транспортер“
Неопходно е единство и формирање на институциите
Хакери разголија уше 14 славни жени
Самсоненко: Ако има судиска неправда ќе се повлечам од првиот тим
ХХL-манекенките ги освојуваат насловните страници
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка
Правот од коноп спречува болести на срцето
Со „Реквием за госпоѓа Ј.“ утре почнува 20. Скопски филмски фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести