период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 18.05.2017, 11:54

ЗагрижуваЧки податоци на Првата детска амбасада во светот „МеЃаши“

Без знаење на сопругата го зел четиригодишниот син и си заминал во странство

„Мајката и таткото одамна не се во добри односи. Бракот не функционира, живеат заедно, но разводот е единствено решение. Најмногу страда нивното четиригодишно дете, пред чии очи се случува тивката војна меѓу двајцата родители. Некаде на почетокот од годината едниот родител го искористува отсуството во домот на брачниот партнер, набрзина ги пакува работите и со детето ја напушта Македонија. Заминуваат во една од соседните земји. Никогаш повеќе не се јавуваат тука. Другиот родител, кој е во земјата, е во очај. Цели четири месеци не добива никаков абер од своето дете. Претпоставува каде би можело да е, но нема докази. Сопружникот не одговара на повици, ниту на пораки. Меѓу другото, ја контактира и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“. Се сомнева дека детето не ги добива потребните услови за развој и за живот. Бара помош и апелира детето да се врати дома. Безуспешно...“

Ова е само еден од случаите на кршење на детските права кои допреа до активистите на „Меѓаши“ во последниот период. Бракоразводните постапки и битките на родителите, кои се одвиваат врз нивниот грб, се најзастапен облик на кршење на правото на детето. Семејното насилство е второ на списокот, по нив следува сексуалната злоупотреба.

- Во конкретниот случај сметаме дека задоцни и реакцијата на надлежните, односно се пролонгира, а станува збор за дете во висок ризик и затоа беше важно да има реакција уште во првите 24 или 48 часа. Од наша страна контактирано е со колегите и организациите од соседната земја, но резултат нема - објаснуваат од Детската амбасада.

Само во периодот од ноември 2016 до мај годинава, 44 лица се јавиле на бесплатниот СОС-телефон за деца и млади 0800 1 2222 и алармирале за 50 деца на кои им се кршат детските права. Повеќе од половината, односно 27, се последица на бракоразводни постапки, а десет случаи на семејно насилство, покажува шестмесечниот извештај за работата на СОС-телефонот.

- Најголем број дојавувачи се машки возрасни лица и од урбани средини. Четири од дојавувачите се деца, а по националноста, најголем број или 41 се од македонска, три од албанска и еден од ромска националност. Јавувањата се преку телефон, фејсбук-страницата или преку електронска пошта. Нешто што е тренд е дека децата се јавуваат да бараат директна помош и поддршка во форма на психолошко советување и психотерапевтски третман - вели Јана Зенговска, психолог и координатор на СОС-телефонот.

Според неа, загрижува односот на родителите и нивниот страв за презентирање и заштита на која било форма на прекршување на правата на децата и нивната одговорност за заштита своите деца.

Стручните лица од Детската амбасада објаснуваат дека најголеми проблеми се јавуваат при бракоразводните постапки. Станува збор за случаи во кои на децата, на пример, не им се дозволува да се видат со едниот родител или бабата и дедото. 

- На овој начин децата стануваат жртви на неможноста нивните родители да се спогодат, односно стануваат жртви на недостигот од комуникација која се јавува помеѓу нивните родители, кои се во процес на разведување или веќе се развеле. Со неможноста детето да се гледа со едниот родител, се лишува од правото да расте и да се развива здраво и со двајцата родители - потенцираат од „Меѓаши“.

Во оваа насока застапени се и проблемите со доделување старателство и исплаќање на алиментацијата. Надлежните велат дека во текот на бракоразводната постапка не се зема секогаш предвид мислењето на детето, па затоа тие најчесто мора да остваруваат контакт со еден од родителите, иако тоа е против нивната волја.

Задолжителна хемиска кастрација за педофилите

Задолжителна хемиска кастрација за педофилите, побара вчера „Меѓаши“, од каде што укажуваат дека праксата покажала оти во 75 отсто од случаите педофилите го повторуваат делото откако ќе ја одлежат затворската казна. Хемиската кастрација, која во Македонија со закон е воведена во 2014 година, с` уште не профункционирала во пракса.

- Во моментот, според законските одредби, хемиската кастрација е на доброволна база доколку на насилникот му е прво дело. Ако сака да му биде намалена затворската казна, може самиот да избере хемиска кастрација. Kастрацијата е задолжителна само во случаите кога педофилот го повторил делото. За да нема нови деца жртви на истите насилници, бараме хемиската кастрација да биде задолжителна уште при првиот случај на педофилија - вели Драги Змијанац, директор на „Меѓаши“.

За 24 години 20.581 повици на СОС телефонот

СОС-телефонот постои 24 години и досега се регистрирани 20.581 повик, но нема подобрување на состојбата со почитувањето на правата на децата во пракса.

- Сведоци сме на ситуации во кои детето и сторителот на делото се на улица, а државните институции не постапиле во согласност со протоколите за заштита на децата. Во последно време во многу случаи зборуваме за сексуална злоупотреба од постар на помал малолетник. Поразително е кога знаете дека насилството е регистрирано во училиштата, не е дојавено на време во центрите за социјална работа и полицијата, родителот нема доволно информации, што му се случува на детето или не ги забележува промените во однесувањето, задоцнето реагира до полицијата, а полицијата за време на викенд не ангажира судска медицина и малолетнички инспектор за да ја докаже вината и се пролонгира пет или шест дена од настанувањето на случајот - предупредува првиот човек на „Меѓаши“, Драги Змијанац.

Според искуствата, најмногу страдаат децата на училишна возраст, а речиси рамномерно се застапени децата од машки и од женски пол.

Горан Адамовски 

#



Останати вести
СДСМ во Собранието ќе поднесе предлог за укинување на екстерното тестирање
Вал Kилмер го победил ракот со духовни методи
Кочан ќе остави гаранција од 875.000 евра во движен и недвижен имот
Али Ахмети: Се надевам дека брзо ќе се договори Влада, преговорите започнуваат утре
Ветувањата на СДСМ за екстерното ги трауматизираа учениците
Антиќ од утре на својот четврти завршен турнир во Евролигата
Светска премиера на „Ептен македонско“ на Симон Трпчески
Субвенционирањето започна, исплатени околу 8 милиони евра за 2015 и 2016-та
Хотелите во Грција летово поскапи до 30 отсто, апартманите по иста цена
Фамилијата на Сет Рич тврди дека тој немал врска со имејловите што ги објави „Викиликс“
Здравко Чолиќ го освои и Нов Зеланд
Шишкарев го продолжи договорот со Вардар
Силјан и Смилевски со нови книги одбележаа 50 години пријателство и соработка
Имаше соработка со Сорос, но на помало ниво отколку што некои сметаат
Ќе се постават тактилни патеки кои ќе предупредуваат на пречки
Излез за деблокирање на општините ќе се бара и во паралелни седници?
(ВИДЕО) Почина Крис Корнел
Штербик: Треба да ги најдеме слабостите на Барса ако ги има
Николиќ: Не ми се напушта Скопје, сакам да играме мајсторка
Одложено судењето против деветмина обвинети за насилство во Собранието
Пијанец ќе произведува еколошки мед
Првпат во Македонската филхармонија - музика од најпопуларните видеоигри во светот
За тригодишен престој на родител во Австралија ќе се плаќа 5.000 долари
Џеј Зи и Бијонсе и официјално - милијардери
Пелистер освојувач на купот, ја совлада Шкендија во финалето на пенали
Иванов треба да се сретне со Путин при посетата на Москва
Германското МНР до македонските политичари: Во иднина повеќе да нема политички интриги, Македонците тоа не го заслужуваат
Заев: Прво ќе се сретнеме со ДУИ, па БЕСА и на крај со Алијансата
Тиранска платформа постоеше и гаранциите што ги барав се оправдани
Бандерас и Болдвин ќе ги глумат Ламборџини и Ферари
Во Македонија има еден милион профили на „Фејсбук“
Стап­ка­та на нев­ра­бо­те­ност во Бу­га­ри­ја 6,9 от­сто
САД: Првиот чекор за излез од кризата е направен
Лани помалку и бракови и разводи
И Лестер во листата клубови заинтересирани за Алиоски
Скопјанецот од Дебар Маало што со секира отепа куче ќе одговара за мачење животни
Џафери даде исказ пред ЈОРМ за настаните од 27 април во Собранието
МКФ го одбра Џордан Теодор да и помага на македонската репрезентација
Црвените линии на Иванов ја срушија Тиранската платформа
Ахмети го поздрави доделувањето мандат на Заев
Почнува 70. јубилејно издание на Канскиот филмски фестивал
Прелетав половина планета за да присуствувам на раѓањето на првото внуче
Гимназијалец од „Корчагин“ претепал врсник
Мезиер предизвика дебата за идентитетот со наслов „Не сме бурка“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести