период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 19.03.2017, 16:17

Платформа наспроти темелни уставни вредности

За унитарноста и јазикот не се преговара

Денес е понеделник. Убав ден. Ден од кој уште поголем број синови и ќерки, лојални чеда на Рапублика Македонија, јавно ќе го изразат своето несогласување со платформата, декларацијата, изјавата на трите албански партии и менторот Еди Рама од Тирана. Денес е ден кога мора да покажеме дека н` има многу. Мора да покажеме дека сме спремни да го браниме и одбраниме уставниот поредок на нашата држава. Денес, во Скопје и сите градови низ Македонија, треба да излеземе на мирни протести во најголем број досега. Мораме на сите да им покажеме дека Република Македонија според Уставот е самостојна, суверена, унитарна и демократска.

Kога велам на сите мислам на странските лидери од соседството кои преку некредибилни лидери кукавички ни испорачуваат ултиматуми, кои веќе поминаа во уцени. Мислам и на лидерите на ЕУ, кои со уште поголем кукавичлак молчат и не ја осудуваат испорачаната ни платформа, чија основна цел е да ја сруши унитарноста на нашата држава, да воведе двојазичност на целата нејзина територија, што во крајна инстанција значи претворање на Македонија од мултикултурна, мултинационална и мултиконфесионална држава, во бинационална. Чија основна карактеристика ќе биде целосната албанизација. Е тоа не може! Тоа е противуставно. Значи, и платформата е противуставна. Еве и зошто: „Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право“, запишано е во платформата.

Молам секој нека го прочита Уставот на Република Македонија (а не да се зборува напамет), и ќе се увери дека во член 8 се запишани темелните вредности на уставниот поредок на Македонија, а од член 9 до член 60, поместени се сите граѓански и политички слободи и права, и економските социјалните и културните права, ама такво нешто што е запишано во платформата, во Уставот нема. А сите овие уставни права се доуредуваа со Рамковниот договор во 2001 година и со амандманите VI, VII и VIII. Ама, Рама бара ексклузивен статус и третман на албанскиот јазик, и во платформата запишал: „Уставот на Република Македонија треба да утврди дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик и неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија“.

И сега што е? Преку леб погача бараме? Kој овде лаже и не ја зборува вистината? Демек нема да се менува Уставот. Во такво нешто може да поверува само Зоран Заев и идеологот му Мухамед Зекири. Ова барање е неосновано, неиздржливо, и на штета на сите други граѓани. Kако такво е максималистичко, екстремно и противуставно. Kој не верува, нека ги чита и петте основни принципи на Рамковниот договор и амандман V од Уставот. Во Рамковниот договор е запишано: „Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на македонската држава се неповредливи и мораат да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етнички прашања“. Има ли тука нешто нејасно? Очигледно само на Еди Рама ова не му значи ништо, бидејќи за него Македонија е туѓа држава, па ајде сега подбуцкувај ги оние кои на изборите останаа со кратки ракави. Тука пред се мислам на Зијадин Села, кој освои цели 3 пратенички мандати и на Али Ахмети, кој од 19 се сведе на 10 пратеници.

Ова со пратениците не важи за Беса. Тие и пред избори рекоа ќе ја редефинираат Македонија. Тоа така си го замислил Рама, ама еве што пишува пак во Уставот: „На цела територија на Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо“. Гледате тука е ставена точка. Тоа е првиот став на амандман V имплементиран во Уставот. Странските платформисти, но и домашните спиритуалисти (кои се залагаат за некаков си дух на Уставот, дух на Рамковниот договор, а намерно не ги читаат нивните егзактно јасни норми) не можат, не сакаат, не смеат, или од не знам која друга причина, не гледаат дека во амандманот V на Уставот на Република Македонија фигурира македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен (државен) јазик на целата територија на Република Македонија. Згора на тоа, амандманот прецизира дека македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, е единствениот службен јазик кој се користи во меѓународните односи на Република Македонија.

Значи, станува збор за заеднички јазик на сите граѓани во Македонија, како основа за интеграција и ефективно функционирање на Република Македонија како мултикултурно и демократско општество. Тоа е договорено во Охрид во 2001 година, помеѓу четирите политички партии (СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ПДП, ДПА), и со согласност на ЕУ и САД. Ајде да додадам дека ПДП и ДПА за цело време биле на линк со Али Ахмети и ОНА, и не потпишувале ништо што тој претходно не одобрил. Овој факт за прв пат го дознав од книгата на професор Ветон Љатифи, а го проверив од некои од учесниците во тие договори во Охрид, со кои имам односи на искрени соработници. Значи, и Рамковниот договор, и Уставот на Република Македонија, му даваат предност на македонскиот јазик во однос на другите јазици. И сега сето тоа ќе го занемариме, ќе молчиме, ќе се правиме слепи при очи и ќе изигруваме недоветни Македонци.

Во продолжение јавно ја изнесувам формулата за службена употреба на јазиците во Република Македонија, предвидена со амандман V од Уставот. Таа има неколку нивоа. Прво ниво: напред веќе образложено, а се однесува на службената употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на сите нивоа во државата и на меѓународен план. Второ ниво: службена употреба на албанскиот јазик на државно ниво во ограничен опсег и во општините каде Албанците се мнозинско население. Трето ниво: Службена употреба на јазиците на малцинските заедници во општините каде што одредени малцинства се над 20% од вкупното население на општината или претставуваат значителен дел од населението. Оваа формула е вградена во уставот врз основа на Рамковната конвенција на националните малцинства на Советот на Европа од 1994 година, превземан како меѓународен стандард и врз Рамковниот договор од 2001 година, како домашен акт, верификуван од меѓународната заедница (САД и ЕУ), како квалитетен и висок домашен стандард вграден во Уставот на Република Македонија.

И сега, најконкретно појаснување за сите што се прават недоветни спиритуалисти при толкувањето на амандманот V и Рамковниот договор: Прво: Рамковниот договор и Уставот на Република Македонија го користат терминот „службен јазик“. Второ: Според овие документи постојат четири службени јазици, со следниот опсег: македонскиот јазик и неговото кирилско писмо – на целата државна територија и во меѓународните односи; албанскиот јазик и неговото писмо, во општините каде што Албанците се мнозинство и во државните органи, согласно со закон; службениот јазик и неговото писмо на локално ниво, малцинска заедница која е застапена над 20% од населението во општината; и службен јазик на малцинската заедница под 20%, службен јазик воведен со одлука на Советот на општината.

Ете тоа е целата вистина за службените јазици во Р. Македонија, нивната употреба и нивниот опсег. Подготвен сум, ваквото читање на уставната норма и на нормите запишани во Рамковниот договор, да го бранам пред секој експерт по уставно право. Има само еден услов: наведените норми да ги чита како што се запишани, а не да ги толкува според ветерот од каде дува, или според агендата што ја одработува. Во оваа група спаѓаат Осман Kадриу, и сите негови истомисленици, кои толкувајќи ги Уставот на Република Македонија и Рамковниот договор ги сквернават, како и Љ. Д. Фрчковски, Светомир Шкариќ, и целата нивна групација, која не се задоволува со скрнавење на уставот и рамковниот, туку оди чекор подалеку – прават противприроден блуд и правно го силуваат. Овде чест ми е да ги истакнам читањата на уставот и рамковниот на Гордана Силјановска-Давкова и Билјана Ванковска (со кои не сум политички истомисленик), кое според приодот е објективно, според знаењето и можностите стручно, а според односот професионално.

Нормално, овде не ги споменувам Kлимовски, сениор и јуниор, Kаракамишева-Јовановска, Никовски и останатите мои истомисленици, од причини што се подразбираат. Единствено можам да кажам дека нивните стручни елаборации на оваа правна и уставна материја се основата на која јас го правам моето читање на уставот и рамковниот. На крајот посебно сакам да истакнам: не постои ниту еден устав на свет кој е толку широк, толку инклузивен и со толку високи стандарди за припадниците на малцинските заедници во Македонија, како што е Уставот на Република Македонија. Доколку некој ме демантира и ми донесе устав кој овие прашања ги регулира подобро од нашиот устав, подготвен сум да им се извинам на сите Албанци во Македонија и на целата македонска јавност.

Притоа да не заборавиме дека се работи за унитарна држава, каква според уставот е Република Македонија. Никаде во светот не постои унитарна држава, а да е двојазична. Затоа, борбата за нашиот културен, национален, државен, морален и интелектуален опстанок продолжува. Тоа е борба за нашиот идентитет – македонски.

Сотир КОСТОВ

 

#



Останати вести
Важноста на балканскиот крстопат
Хроничната болка на СДСМ кај македонските гласачи
Субвенции за оживување на селата
Деца во челуста на кучиња

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
судија, 20.03.2017 08:56:47
Обвинителе, Албанците не сакаат рамноправност како крајна цел. Тоа е само алатка за НИВНАТА крајна цел, која не е истоветна со нашата! Тие си сакаат нивна суверена држава, една со Албанија и Косово. Толку. Ние само попуштаме мислејќи наивно дека до тука ќе се застане. Не застануваат. Ние сме на потег, затоа памет в глава! Или ќе ја стокмиме Македонија по македонски, или ќе ја немаме.
Tunta Kosturski, 20.03.2017 09:01:19
Da vidime koi od temelnite vrednosti na čl.8 denes egzistiraat vo Makedonija. Osnovnite slobodi i prava na čovekot priznaeni so međunarodno pravo zavisat od partiskiot vrv. Slobodnoto nacionalno izrazuvanje e veće vo opasnost, bidejći možete da nastradate. Pravoto vladee preku poznanstva i se sproveduva po nalog od povisoki instanci. Izvršnata vlast manipulira so zakonodavnata i sudskata i namesto da izvršuva taa e nalogodavec. VMRO pobedi so 1,6% razlika, namesto 63 predvideni,ima 51 pratenik, no uporno tvrdi deka edinstvena ima pravo da sostavuva vlada iako Ustavot govori za parlamentarno mnozinstvo, a ne za pobednik na izborite. Sopstvenosta na privatniot imot, pazarot i pretpriemaštvoto, tenderite se strogo kontrolirani od vladata. Humanizmot,socijalnata pravda i solidarnosta se izgubeni vo administrativni lavirinti. Namesto humanizacija na prostorot, ni sleduvaše seča na seto zelenilo niz Skopje za potrebite na gradežnata mafija.
Portmonenkov, 20.03.2017 09:12:22
Spored tebe onoj koj go pišuval Ustavot nema poim da go protumači, ama diletanti od kovot na Karakamiševa, Vankovska i Nikovski stanaa eksperti. Okolu jazikot si zaboravil da vneseš deka VMRO beše avtor na Zakon za jazici so koj albanskiot stana oficijalen jazik na polovinata od teritorijata na Makedonija. Premierot lično prisustvuvaše na otvoranjeto učilište „Конгреси и Манастирит“, a na otvoranjeto na mostot vo Saraj vo 2012 govoreše na albanski jazik. Sega tvrdi deka jazikot mu bil problem. Kaj nas Sotire glavniot problem e selektivnata primena na pravoto i postavuvanjeto na luđe od vlasta i partijata nad zakonite na državata, što će se soglasiš e pogubno za sekoja država, ne samo za našava.
Најнови вести