период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.03.2017, 13:15

СПОРЕД ПОРТПАРОЛКАТА НА ЕК

Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, утре нема да се сретне со претставниците на граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“ кои ги предводат масовните протести што изминатите денови се случуваат во земјата за зачувување на унитарноста на Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

Ова го соопшти портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, потврдувајќи дека Хан добил понуди и за други средби, но дека тој и тројцата европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, утре во Скопје ќе се сретнат само со претставниците на македонските политички партии.

- Како што веќе реков во петокот, Хан ќе се сретне со политичките претставници. Вистина е дека има и други барања и често кога тој патува во земјата, ние се обидуваме да се сретнеме со што е можно повеќе соговорници, вклучително и со такви од граѓанското општество. Но, овојпат комесарот ќе се сретне само со политичките претставници, бидејќи неговата агенда не дозволува повеќе, истакна Коцијанчич.

Како што е познато, во името на граѓанската асоцијација „За заедничка Македонија“, еден од нејзините предводници Игор Дурловски, вчера побара нивни претставници да се сретнат со еврокомесарот и тројцата пратеници од Европскиот парламент. Но, според неговата гласноговорничка, Хан при утрешната посета на Македонија нема време да се сретне со предводниците на протестите што се случуваат во повеќе од 30 градови.

Организаторите за утре најавуваат пречек на Јоханес Хан со над сто илјади луѓе на улиците на главниот град Скопје.

#



Останати вести
„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Кражба во стан во Скопје
"Свонс" повторно во Скопје
Исарот конечно треба да блесне со вистинскиот сјај
Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Џоли фалсификувала документи за посвојување
Повредени двајца тетовци со нож
Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март
Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Хасани и Бејтулаи отпаднаа, Спировски и Тошевски нови имиња
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ
Новиот албум ќе го објавам на македонски, српски и на хрватски јазик
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Чак Бери замина во вечноста
Во пожар изгореа две ковачници во Берово
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Скулпторот Жарко Башески со прва самостојна изложба во Словенија
Во бегство двајца од разбиената арачиновска банда
Тасевски: Работнички не пресече со неочекуван гол
Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност
Македонија нема да прифати уцени
Мистер Бин е жив
Дeнеска е Светски ден на среќата
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза
Дербито Манчестер Сити – Ливерпул заврши без победник
Почина четиригодишното дете од кичевско Бачишта нападнато од кучиња
Град Скопје: Изградбата на пристапна улица е предвидена со ДУП од 2012 година
МВР: Запленети дрога, оружје и пари во акцијата за сузбивање на групата што продавала наркотици
Очекувана победа на Бетис против Осасуна
Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар
ВМРО-ДПМНЕ: Заев молкум ја одобрува агендата на Села за да ги добие неговите три гласа во Собраниетo
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести