период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.01.2017, 10:37

ОД ДЕНЕСKА ВО АРХЕОЛОШKИОТ МУЗЕЈ НА МАKЕДОНИЈА

Најмладите археолози ќе ископуваат артефакти во детското катче

Вооружени со лопатчиња, второодделенците од скопското основно училиште „Лазо Ангеловски“ го истражуваа археолошкиот локалитет и откриваа артефакти во Археолошкиот музеј на Македонија. Нивни другарчиња, пак, нижеа накит од камчиња и цртаа или во глина моделираа предмети од поставките на Музејот. Тоа се дел од активностите за најмладите во едукативното катче во Археолошкиот музеј на Македонија, кое вчера беше отворено како дел од проектот „Млади археолози“.

Едукативното катче им е наменето на децата од предучилишна возраст и учениците од основните училишта, а целта е најмладите на интерактивен и забавен начин да добијат знаење за богатото културно-историско наследство на државата.

Проект „Млади археолози“

Меѓу другите активности на децата во едукативното катче им се достапни и видеоигри преку кои ќе се запознаваат со археологијата и со културното наследство. Во моментот се изработени две игри од серијалот „Археологика“ - „Меморија“ и „Збирката на кустосот“, а уште две видеоигри се во фаза на изработка. Целта е преку игра и забава да научат поими од археологијата и да може да ги препознаваат најпознатите артефакти од земјава. Тие, заедно со едукативното катче, се дел од проектот „Млади археолози“ на Археолошкиот музеј на Македонија, кој е поддржан од Министерството за култура.

- На наше големо задоволство проектот го реализиравме. Станува збор за простор од 50 квадратни метри во Археолошкиот музеј каде што со најсовремени реквизити успеавме да го доближиме богатото културно наследство до најмладите, што ни беше и цел. Имаме симулација на археолошки локалитет каде што децата ќе може интерактивно да се запознаат и да видат што значи археолошки локалитет, од каде излегуваат предметите за да стигнат до музејските витрини - вели директорката на Музејот, Весела Честоева.

Музеите поблиски до децата

Едукативното катче ќе биде исклучително значајно за преку него децата преку практична и научноистражувачка работа приспособена на нивната возраст да ги надградуваат знаењата од областа на археологијата, музеите, историјата, нагласи министерката за култура, Елизабета Kанческа-Милевска, на вчерашното отворање на новата музејска содржина. Но, катчето има цел и да им го приближи Археолошкиот музеј на децата, а проекти со таква цел, според Kанческа-Милевска, се спроведуваат и во Музејот на Македонија, Музејот на македонската борба и други музеи во земјава.

- Во овие неколку изминати години успеавме преку поддршка на голем број проекти да ги доближиме нашите национални институции до младата популација. Бидејќи е многу важно тие да се во институциите, посебно во музеите, за од мали да ја подигнат свеста за значењето на културата и на нашето вредно културно наследство - рече министерката, која вчера на првите посетители на едукативното катче им го подели музејскиот водич наменет за деца „Запознавање со минатото, археологија за деца“ од Анета Фиданоска.

Археолошкиот музеј ќе ги контактира градинките и основните училишта за да организираат посети на едукативното катче, кое, освен во понеделник, ќе биде отворено секој работен ден од 10 до 18 часот.

#



Останати вести
Фудбалерите останаа на 162. место на ФИФА листата
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот
„Ако одам во Битола“ ме враќа во детството
Харадинај пуштен од притвор со кауција
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Две деца од Гостивар и Кичево починале од грип
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД
Џорџ Лукас отвора Музеј на наративната уметност во Лос Анџелес
Унгарија тргнува против Сорос
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција
Работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме
Трамп: Мојот бизнис целосно го препуштам на моите синови
Замрзна браната на езерото „Младост“
Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
Евиденција на црквата во Kочани: Повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
Љубовта од „Фарго“ продолжи и зад камерите, Kирстен Данст се сврши со колегата Џеси Племонс
(ВИДЕО) Јакутск на -51 степен, жителите ги исполнуваат секојдневните обврски
ЕКА реагира на одлуката на ФИФА: Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Kамионџија ќе одговара за смрт на пешак, шест месеци откако го прегази возејќи рикверц
Ќе се прават засолништа на уличните животни
По два месеци истрагата утврди: работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Дојранското езеро оковано во мраз
Општина Центар префрли пари за исплата на заостанатите долгови кон играчите на КК Работнички
„Јас сум Бог, имам фантазии дека сум луд, соработував со нацистите против Евреите“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести