период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 16:31

ВЛАТКО ЃОРЧЕВ

Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот

Република Македонија треба да стане членка на НАТО и ЕУ веднаш и без одложување, порача Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, додека премиерот на Македонија, Зоран Заев, е во посета на Брисел.

„Очекуваме дека и Зоран Заев и неговата влада ќе го исполнат ветувањето кое што им го дадоа на граѓаните на Република Македонија за брз влез во НАТО и брз влез во ЕУ, притоа да не се задира во идентитетските прашања и да не се прават договори на штета на македонскиот народ и македонската држава“, вели Ѓорчев.

Во врска со изјавите дека Грција нема да потклекне под притисоците за зачленување на Република Македонија во НАТО под времената референца, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторува дека тие може да дојдат до дополнително закопување на двете страни во сопствените ровови.

„Зоран Заев и новата влада ветија дека многу брзо ќе ја внесат Република Македонија во НАТО и ЕУ. Зоран Заев и СДС мора да ги исполнат овие ветувања токму онака што беа дадени. Македонија да стане членка на ЕУ и НАТО час поскоро, но без притоа да се задира во идентитетските прашања и да не се случуваат штетни договори кои што е бидат на вондредно и на голема штета на македонскиот народ и македонската држава“, смета Ѓорчев.

#



Останати вести
Растенијата имаат мозок што им го води животниот циклус
Уште еден локалитет во Македонија покажа дека малтерот е откриен пред Римјаните
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити
Хорор во Скопје: Италијанка силувана од екс љубовникот
(ВИДЕО) Собраниски и владини седници на aлбански јазик
Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа
Алијансата за Албанците ги именуваше замениците-министри
Kога разговарате со себе, не сте луди, туку си помагате, тврди науката
Столтенберг : Ако Атина се согласи да влезете со ПЈРМ, повелете во НАТО
Десет академски уметници ќе ги сликаат најпознатите песни на Блаже Конески, Славко Јаневски, Гане Тодоровски, Ацо Шопов.....
Кети Пери се расплака пред камера
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Советникот Алексовски ги почитувал безбедносните протоколи во однос на разузнавачот Живаљевиќ
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Иво Котевски од СЈО барал докази, не ги добил
Македонските фудбалски надежи заминаа за Полска
Вардар во нападот го носи Колумбиецот Алварез
"Лачни Франз" на Скопско лето
Преговорите за Брегзит почнуваат наредната недела

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести