период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Омнибус
Датум: 11.01.2017, 16:12

РУСKИТЕ НАУЧНИЦИ ПОДГОТВУВААТ ЕЛИKСИРИ НА МЛАДОСТА

Сурутка „митован“ за здравје и во староста

Лабораториите на руските научници подготвуваат необични еликсири на младоста. Алексеј Kарнаухов неодамна си ја трансплантирал сопствената коскена срцевина, со цел да доживее 150 години. Претходно, криологот Анатолиј Брушков направи инјекција со стара бактерија, која милиони години преживеала во вечно замрзната земја и си ја вшприцал во себе. Во исто време, академик Владимир Скулачев си ставал во очите капки со супстанција против стареење, која ја составил во сопствената лабораторија. Така успеал да се излекува од катаракт.

Сега лабораторијата на Скулачев работи на препарат што би требало да биде достапен за сите, а кој лекува од сите болести предизвикани со стареењето.

Скулачев се занимава со проучување на работата на митохондриите. Според неговата хипотеза, тие во клетките имаат „функција на агрегати“, која со текот на времето слабее како резултат на оксидацијата.

- Ако се деблокира тој механизам, луѓето ќе бидат здрави до староста. Тоа не е бесмртност. Станува збор за тоа да се спаси човештвото од понижувачката состојба на занемареност пред крајот на животот. Во природата постојат видови животни што не стареат, на пример многу крокодили, одредени желки и гренландскиот кит. Голиот крт, кој е пронајден во Африка, живее 30 години, односно 10 пати повеќе отколку обичните глувци - вели Скулачев.

Владимир Скулачов во 2004 година со своите синови, биологот Максим и математичарот Инокенти, ја извел формулата на новата супстанција, која може да го забави стареењето. Тие ја нарекле „ес-ка-ку“. Таа супстанција ги снабдува мембраните со природни антиоксиданси, а нејзината ефикасност е проверена на животните.

Постариот син на Скулачев, Максим, раководи со лабораторијата „Митотех“, која се занимава со правење лекови за луѓето врз основа на супстанцијата „ес-ка-ку“, пренесува „Руска реч“.

Оваа идеја ги привлекла руските олигарси, па во 2005 година сопственикот на компанијата „Базовиј елемент“, Олег Дерипаска, во проектот вложил 15 милијарди долари, но на почетокот на економската криза во 2008 година го запрел финансирањето.

Оттогаш проектот го поддржувале приватни инвеститори и компанијата „Роснано“.

Во процесот на изработката на „апчињата за бесмртност“ лабораторијата на Скулачев произвела сурутка за подмладување под името „митован“, а и капки „визомитин“, кои го отстрануваат проблемот на „суви очи“. Тие веќе неколку години се продаваат во руските аптеки, а сега препаратот е на клиничко тестирање во САД.

За продажба на рускиот пазар се подготвува и „визомитин форте“, нов препарат за очи.

- Ја зголемивме дозата десетпати за лекот да биде поефикасен. Нашата цел е мрежницата во задниот дел на окото - објаснува Максим Скулачев.

#



Останати вести
Мирко и волкот Вуле не можат без муабет
Најстарото вино е од 350 година пред Христа
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Принс имал златни прачки вредни над 800.000 долари
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести