период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 11.01.2017, 15:11

(ВИДЕО) ИНТЕРВЈУТО НА СОРОС ДОСТАПНО

„Јас сум Бог, имам фантазии дека сум луд, соработував со нацистите против Евреите“

Видеото од 60-на минути, кое Џорџ Сорос го има дадено за CBS во 1998 година, неколку пати е избришано од интернет, токму поради контроверзните ставови и сето она што го кажува Сорос во него.

Но, колку и да е широко распространето неговата соросова мрежа, видеото повторно успева да се најде на интернет и да се дознае вистината за тоа каков човек е Џорџ Сорос.

Снимката која долго време беше скриена, сега повторно е достапна за очите и ушите на светската јавност.

Џорџ Сорос е роден во Унгарија, во богато и образувано еврејско семејство. Кога нацистите ја окупирале Будимпешта во 1944 година, таткото на Сорос бил успешен адвокат, но знаејќи дека периодот што следи ќе има големи проблеми за Евреите, одлучил да го раздели семејството, им купил лажни документи, подмитил човек од власта за да го земе 14-годишниот Џорџ Сорос и да го престават како христијанин и негов кум.

Додека 100 илјадници унгарски Евреи биле пренесени во логорите, Џорџ Сорос и неговиот „кум“ од владата се спасиле, но не само тоа, туку заедно го конфискувале имотот на Евреите, пријатели и соседи, па дури и роднини на малиот Сорос.

Овие контроверзни одговори за тоа што им правеле на Евреите, почнуваат од 6:43 во видеото.

Сорос: Имав 14 години и можам да кажам дека токму тогаш се оформи мојот карактер.

Крофт: На кој начин?

Сорос: Да сфатам дека еден човек мора да гледа напред и да ги предвидува настаните. Тоа беше страшна закана на злото.

Крофт: Колку што разбрав, ти заедно со човекот кој се претставувал како твој кум, сте оделе низ еврејските имоти и сте конфискувале што ќе најдете?

Сорос: Да, тоа е точно.

Крофт: Да бил некој друг на ваше место, она што го правел ќе го довело до лудница и психички пореметувања… Дали беше тешко да го правите тоа?

Сорос: Не, не беше. Воопшто не беше. Можеби како дете не гледате поврзаност, но мене не ми претставуваше никаков проблем.

Крофт: Не чувствувате вина?

Сорос:Не.

Крофт: На пример: Јас сум Евреин и еве ме гледам како луѓето ги пренесуваат во логори, јас можев да бидам на нивно место. Јас требаше да бидам на нивно место. Ништо од тоа не почувствувате?

Сорос: Секако дека можеше да бидам на другата страна, но не чувствував вина за тоа што сум на таа страна. Смешно но, тоа е исто како пазарната економија-Ако не бев јас, ќе беше некој друг, вели Сорос со ладна насмевка на лицето.

Во интервјуто вели и дека не е религиозен и дека не верува во Бог. Смета дека Бог е создаден од човекот а не обратно. Аналогно на ова тој за себе смета дека е Бог…

Неговиот „боженствен“ комплекс е тој кој што ја анулира вината во него.

-Покрај моите фантазии дека сум Бог, исто така имам и многу силни фантазии дека сум луд, признал Сорос во интервју за британска телевизија.

-Всушност, мојот дедо беше параноичен. Има многу луди луѓе во моето семеjство, до сега јас успеав да го избегнам, иронично вели тој.

#



Останати вести
Фудбалерите останаа на 162. место на ФИФА листата
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот
„Ако одам во Битола“ ме враќа во детството
Харадинај пуштен од притвор со кауција
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Две деца од Гостивар и Кичево починале од грип
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД
Џорџ Лукас отвора Музеј на наративната уметност во Лос Анџелес
Унгарија тргнува против Сорос
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција
Најмладите археолози ќе ископуваат артефакти во детското катче
Работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме
Трамп: Мојот бизнис целосно го препуштам на моите синови
Замрзна браната на езерото „Младост“
Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
Евиденција на црквата во Kочани: Повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
Љубовта од „Фарго“ продолжи и зад камерите, Kирстен Данст се сврши со колегата Џеси Племонс
(ВИДЕО) Јакутск на -51 степен, жителите ги исполнуваат секојдневните обврски
ЕКА реагира на одлуката на ФИФА: Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Kамионџија ќе одговара за смрт на пешак, шест месеци откако го прегази возејќи рикверц
Ќе се прават засолништа на уличните животни
По два месеци истрагата утврди: работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Дојранското езеро оковано во мраз
Општина Центар префрли пари за исплата на заостанатите долгови кон играчите на КК Работнички

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести