период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 03.01.2017, 13:13

ПРЕДВИДУВАЊА НА ЗВЕЗДАНА ГЕОРГИЕВА, ПСИХОЛОГ И ЈАСНОВИДЕЦ, ЗА МАKЕДОНСKИТЕ ПОП-ЅВЕЗДИ

Kаролина сè уште не размислува за брак, Лозано на привремена работа во странство

Нашата редовна соработничка овој пат дава прогнози за личниот живот и за професионалниот пат на едни од најпознатите пејачи и автори на македонската популарна сцена. Според нивниот датум и година на раѓање, таа во наредните редови открива во која насока ќе продолжи кариерата на Kалиопи, на што ќе се фокусира Елена Ристеска и што ќе се случува по раѓањето на првото дете на Даниел Kајмакоски

KАРОЛИНА ГОЧЕВА
Амбиции што влијаат на приватноста
Таа е многу амбициозен човек, но работите кај неа се случуваат малку потешко, од втор или од третпат. Така е запишано во нејзиниот код. Амбициите на Гочева важно влијаат врз нејзиниот личен живот. Затоа човекот до неа мора да има изграден, силен карактер и да биде високо позициониран кога е во прашање неговиот социјален статус. Наредната 2017 ќе биде нејзина година. Ќе биде повеќе присутна на интернационалната сцена, особено на Балканот. Таа е во стабилна врска, постои силна љубов, но и двајцата се повеќе фокусирани на кариерата и не размислуваат за брак.

KАЛИОПИ
Нови пазари со наменска музика
Во нејзиниот космички код е запишано да живее и да твори надвор од Македонија. На овој свет дошла како голем талент и силен индивидуалец со уникатен израз во интерпретацијата. Тоа ~ носи различен стил на пеење, по кој е и препознатлива на сцената. Уште многу нејзини песни ќе станат евергрини. Kалиопи и понатаму ќе се докажува како композитор и текстописец и народот уште долго ќе ја препознава како македонска кралицата на поп-музиката. Нејзината дарба ~ дава можност нејзиниот вокал да опфаќа голем дијапазон, од класична музика до поп и џез. Во наредниот период ќе се фокусира на наменската музика, особено за филм и за балет, со која ќе постигне голем успех.

ЕЛЕНА РИСТЕСKА
Големи успеси со дуети и со хип-хоп
Станува збор за пејачка што е роден талент за музика, но и за пишување. Нејзиното време како поетеса допрва доаѓа. Има многу чувствителна душа и затоа с` повеќе инсистира самата да ги пишува стиховите што ги пее. Нејзе ~ е предодредено со хип-хоп музика да направи сериозен пробив на светската сцена. Ќе сними неколку дуети и токму тие песни ќе бидат нејзините најголеми хитови. Има афинитет кон духовното, носи силна енергија, која ќе ~ помогне да успее на професионален план, но и да биде среќна во животот. Вистинската љубов ќе ја сретне во наредните три години.

ВЛАТKО ЛОЗАНОСKИ
Пресвртница во кариерата
Според неговата дата на раѓање, тој е многу чувствителна личност. Во наредните две години ќе достигне големи височини во кариерата. Почесто ќе се промовира и како композитор на своите дела. Со својата идна сопруга, по карма, им е предодредено да имаат два дома во две држави. Неговите амбиции се многу поголеми од популарноста што веќе ја ужива во родната земја. Пресвртница во неговата кариера ќе биде понудата од менаџери од Западот да сними дела во неколку големи европски студија. Ѕвездите му се наклонети и ќе ниже големи успеси.

ДАНИЕЛ KАЈМАKОСKИ
Живот надвор од Македонија
Талентирана и амбициозна личност. Упорноста ќе му донесе големи успеси во кариерата. Според неговиот космички код, предодредено му е да живее и да твори надвор од Македонија. Носи силни емоции и енергија, кои резултираат со неверојатна харизма која, пак, му помогна конечно после долго време да биде забележан на сцената. Поради неговата чувствителна душа, тој с` повеќе ќе се изразува и како автор. Ќе напише многу песни, кои ќе останат забележани во музичката историја. Ќе биде добар татко и посветен сопруг. Детето ќе ги наследи неговите гени, ќе биде талентиран во музиката.

ЈАНА БУРЧЕСKА
Историски пласман на „Евросонг“
Млада пејачка, која дефинитивно ќе биде новата македонска ѕвезда. На претстојната „Евровизија“ во Kиев, Украина, ќе обезбеди влез во финалето и големи се шансите да се пласира меѓу најдобрите десет. Тоа ќе биде најдобриот пласман на Македонија на ова престижно музичко натпреварување. Бурческа е многу млада и нејзиното време допрва доаѓа. Нејзе ~ предвидувам голема кариера и тоа не само на домашен терен, туку и во светски рамки. Тоа, меѓу другото, е нејзина голема желба уште од детството, да има успешна интернационална кариера.

Подготви: Ѓорге Стојанов

#



Останати вести
годишен ХОРОСКОП
УШТЕ ВЕРУВАМ ВО ДЕДО МРАЗ

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести