период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 12:59

ПРИРОДНА НЕГА

Козметика од јајца за чистење и обновување на кожата

Нашите баби користеле благотворни состојки од јајцето, па често сурово го нанесувале како маска на косата. Според медицинските записи од 16 век, знаеме дека жолчката од јајцето во Европа била важна за исцелување рани на бојното поле бидејќи таа го подобрувала исцелувањето на кожата, ги одржувала раните стерилни и ја намалувала видливоста на лузните.

Со модерниот развој на хемијата дознавме на што се должи таквото благотворно дејство. Главната состојка на маслото на жолчката го сочинуваат триглицериди, холестерол, фосфолипиди и омега 3 и омега 6-масни киселини. Сите заедно сочинуваат колекција на есенцијални состојки нужни за здрав изглед на кожата и косата. Според новите германски студии, само 24 часа по примена на кремот со жолчка клетките на кожата на третираната површина покажувале помал оксидативен стрес.

Со други зборови, ова масло има силна подмладувачка моќ и тоа не само на кожата. Во индиската, јапонската, кинеската и персиско-арапската медицина се користи за нега на косата. Маслото од жолчка од јајце одлично ги негува сувиот скалп и коренот, го стимулира растот на косата и го спречува предвременото појавување седи влакна и на косата ~ дава сјај и мекост.

БЕЛКАТА - ЅВЕЗДА НА КОРЕЈСКАТА КОЗМЕТИКА

Но, не е само жолчката одлична за убавина. Во иновативниот свет на козметиката голем хит е белката од јајце. Иако белката е стара и очигледно добро чувана тајна на Скандинавките, неа како неодамна да ја открија жителите на Далечниот Исток, особено Корејките, кои се познати по исцрпните ритуали за нега и воспоставување козметички трендови во целиот свет.

Голем хит се производите за чистење на кожата базирани на белката на јајцето, кои благодарение на аминокиселините и протеинот албумин од белката даваат чиста и затегната кожа и изедначен тен на кожата.

УБЛАЖУВАЊЕ НА ДАМКИТЕ И БРЧКИТЕ

Проѕирната мембрана под лушпата на јајцето е една од главните состојки во многу кремови за ублажување на темните дамки и пеглање на брчките. Овој тенок слој помеѓу белката од јајце и лушпата природата го осмислила како совршена структура на состојки што го негуваат и штитат јајцето.

Таа има витална улога за време на инкубацијата на пилињата, а содржи и материи што нашата кожа, коса и нокти ги сакаат, како што се кератинот и колагенот. Но, бидете внимателни, ако сте алергични на јајца, во контактот со некои протеини од јајцето може да се ослободи хистамин и други хемикалии кои предизвикуваат алергиски реакции. Затоа, пред да ја користите оваа козметика тестирајте ги препаратите на надлактницата.

(Е.Т.Е.)

#



Останати вести
Ренот ја чисти крвта и помага при исфрлање камен од бубрезите
Куркуминот ги принудува туморските клетки на самоуништување
Енергијата што телото ја добива со постење ја троши на самоисцелување
Нарушената работа на хипофизата прави многу проблеми
Помош од природните бранители - лук, прополис и маточина
Физичката активност ја намалува фреквенцијата на нападите
Насочете се на тоа што го сакате, а не на она од кое бегате

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести