период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 11.01.2017, 19:47

Трамп: Мојот бизнис целосно го препуштам на моите синови

Новоизбраниот претседател на САД  Доналд Трамп на денешната прес-конференција, прва по неговиот избор, најави дека автомобилските компании ги измениле плановите за префрлувањето на капацитетите во странство, додавајќи оти се надева дека фармацевтската индустрија на „која многу и е дозволено“ и која има голема моќ, ќе биде следна. 

По прашањето за програмата на „Ф-35“ авионите, новоизбраниот претседател на САД најави дека заедно со генералите подготвува големите проекти. 

- Ќе имаме конкуренција, но тоа ќе биде одлична работа - наведе Трамп, нагласувајќи дека тој ќе ја предводи и администрацијата на воените ветерани.

Тој истакна дека немал „никакви договори, никакви долгови, позајмици, ниту отворени проекти“ со Русија.

- Минатиот викенд ми беа понудени два билиони долари за проект во Дубаи со мој пријател. Прекрасен човек. Одбив. Не морав, бидејќи како што знаете немаше конфликтна ситуација оти сум претседател. Би можел да управувам со земјата и со мојата компанија истовремено. Ни би ми се допаднало, но би можел ако сакам - потенцираше Трамп, најавувајќи дека менаџментот на компанијата целосно ќе им го препушти на неговите синови Дон Џуниор и Ерик и оти тој целосно се повлекува. 

Во прилог на тоа покажа документ како доказ дека целосно ја предал контролата на бизнисот на неговите синови, па ја повика и адвокатката, која го потврди она што тој го наведе. 

- Ми нареди мене и на моите колеги да дизајнираме структура врз основа на која, тој ќе биде целосно изолиран од менаџментот на компанијата. Иако не постои конфликт на интереси во неговиот претседателски мандат, тој не сака во мислите на народот на САД да постои ниту тронка сомнеж дека тој не е целосно посветен, наведе адвокатката. 

Таа нагласи дека фондот ќе биде креиран на 20 јануари и дека ќе биде составен од пари и различни инвестиции, како и „постоечки бизнис бенефиции - голф клубови, одморалишта, хотели, недвижнини“, повторувајќи дека менаџментот ќе биде „во рацете“ на синовите на Трамп, Дон и Ерик, како и на трета личност - советник. 

- Доналд Трамп ќе се откаже од секое поврзување со „Трамп Организацијата“, а веќе се откажа од многу аспекти на истата. Нема да има нови соработки со странски земји за време на неговиот претседателски мандат и тој нема да разговара со неговите синови за новите бизниси. Ќе знае за работата онолку колку што ќе дознае од медиумите, истакна адвокатката. 

Воено, таа наведе дека Трамп нема да прифаќа подароци од странски земји, освен од оние кои немаат врска со неговиот мандат. 

- Тој дури и ќе го донира секој профит што ќе го остварат неговите хотели од странските претставници, нагласи таа. 

Во продолжение на конференцијата, Трамп беше прашан за програмата за медицинска заштита „Обамакер“ за која повтори дека е ужасна и дека ќе ја промени.

- Конечно прашање за „Обамакер“. Тоа е проблем на демократите што ние ќе го искорениме и ќе им направиме услуга. Само да одобрат се за да можеме да го спроведеме нашиот план, со кој сето тоа адекватно ќе се промени. Ќе имаме подобра и многу поевтина здравствена нега, најави Трамп. 

Тој повтори дека зголемените даноците за бизниси надвор од границата ќе останат и ќе бидат спроведени, но и дека ѕидот со Мексико дефинитивно ќе биде подигнат. 

- Го почитувам Мексико, претставниците и народот. Не ги обвинувам нив што ги искористија САД, но ѕидот мораме да го подигнеме. Се спроведува план за собирање пари и реализација, но штом ќе го средиме тоа, ќе подигнеме ѕид кон таа земја, потенцираше Трамп.

#



Останати вести
Фудбалерите останаа на 162. место на ФИФА листата
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот
„Ако одам во Битола“ ме враќа во детството
Харадинај пуштен од притвор со кауција
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Две деца од Гостивар и Кичево починале од грип
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД
Џорџ Лукас отвора Музеј на наративната уметност во Лос Анџелес
Унгарија тргнува против Сорос
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција
Најмладите археолози ќе ископуваат артефакти во детското катче
Работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме
Замрзна браната на езерото „Младост“
Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
Евиденција на црквата во Kочани: Повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
Љубовта од „Фарго“ продолжи и зад камерите, Kирстен Данст се сврши со колегата Џеси Племонс
(ВИДЕО) Јакутск на -51 степен, жителите ги исполнуваат секојдневните обврски
ЕКА реагира на одлуката на ФИФА: Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Kамионџија ќе одговара за смрт на пешак, шест месеци откако го прегази возејќи рикверц
Ќе се прават засолништа на уличните животни
По два месеци истрагата утврди: работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Дојранското езеро оковано во мраз
Општина Центар префрли пари за исплата на заостанатите долгови кон играчите на КК Работнички
„Јас сум Бог, имам фантазии дека сум луд, соработував со нацистите против Евреите“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
DLM, 12.01.2017 01:30:04
Така ами што нека и тие малку поработат. А ти доби поинтересни играчки, мислам ќе добиеш, па ќе можеш да си играш со судбината на милјарди луѓе, од нешто такво поинтересно здравје!
Најнови вести