период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 16.02.2017, 10:43

ЕЈУП АЛИМИ ДО БЕЈТА, АРИФИ И МЕЏИТИ

Со СДСМ договорете консензуално одлучување, наместо да скитате по штабови

Отворен фронт на јавна сцена се води меѓу функционерите на ДУИ поделени во два табора, во зависност дали се за влада со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ. Ова навестува уште една жестока дебата на Централното претседателство на кое интегративците ќе треба да одлучат дали пакетот за влада понуден од лидерот на СДСМ Зоран Заев е прифатлив. Функционерите веќе не се ни трудат да ја скријат длабоката поделба во партијата, меѓусебно се обвинуваат и ако таа не е однапред договорено сценарио за избори, можен е целосен распад на ДУИ.

И додека потпретседателската тројка Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити јавно навива за влада со СДСМ, другото крило блиско до лидерот Али Ахмети преферира влада со ВМРО-ДПМНЕ.

Незадоволството во партијата расте откако преговарачката тројка на ДУИ со СДСМ договорила пакет за влада без целосно официјализирање на албанскиот јазик на целата територија.

Пратеникот и носител на листата на Втората изборна единица Ејуп Алими по средбата на потпретседателската тројка со претставниците на Движењето за реформи на ДПА, преку „Фејсбук“ им порача на Арифи, Бејта и Меџити да се вратат во градоначалничките канцеларии наместо да шетаат по партиски штабови ако во преговорите со СДСМ не успеале да обезбедат целосна еднаквост на Албанците.

- Без целосна еднаквост, консензуално одлучување на двата мнозински ентитета во државава не може да има влада ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту со СДСМ. Може да се повтори белгиското сценарио и земјата да нема влада две или три години. Градоначалниците треба да се вратат во своите канцеларии, да го работат тоа за што се избрани, а не да скитаат од штаб до штаб -порача Алими.

„Дневник“ веќе објави дека преговарачката тројка од ДУИ отстапила од двојазичноста во преговорите со СДСМ. Заедничката понуда на тимовите на ДУИ и СДСМ е унапредување на албанскиот јазик во рамките на Уставот и Рамковниот договор, што значи дека албанскиот јазик и неговото писмо нема да биде официјален јазик на целата територија, како што предвидува албанската платформа.

Од тимот на ДУИ вчера ни потврдија дека предлогот за јазикот е заеднички подготвен со СДСМ.

- На ДР-ДПА им ја образложивме заедничката понуда на СДСМ и ДУИ за владина коалиција. Разговорот беше конструктивен - велат од тимот на ДУИ.

На прашање дали тој предлог ќе помине на Централното претседателство на ДУИ поради поделеноста на функционерите, одговорот е дека заедничкиот предлог е во интерес на Албанците и на државата, а не на одделни функционери на ДУИ.

Од друга страна, крилото наклонето за влада со ВМРО-ДПМНЕ коментира дека решението за јазикот е полошо од предлогот на ВМРО-ДПМНЕ.

- Предлогот за влада со СДСМ е сличен на тој за влада со ВМРО-ДПМНЕ. Нелогично е пакетот за влада со СДСМ да помине ако се знае дека определбата на Централното претседателство е оти таа понуда не е доволна - вели висок партиски функционер.

Тој додава дека и пакетот за поделба на ресорите е сличен како и претходниот на ВМРО-ДПМНЕ, со таа разлика што интегративците добиваат помалку ресори, бидејќи за влада во игра се и Алијансата за Албанците и Беса. Според него, и ова е понеповолно за ДУИ, бидејќи ресорите треба да ги делат со другите две партии.

Од ДУИ нема најава кога ќе заседава ЦП иако очекувањата се дека е можно состанокот да почне викендов, но никој не се обидува да прогнозира колку време ќе им треба на интегративците да донесат одлука.

Наспроти тоа, како што веќе објавивме, СДСМ иако формално не дава рокови, очекува ДУИ да се изјасни до крајот на неделава. Од СДСМ велат дека нема бескрајно да чекаат ДУИ да тактизира и ќе излезат со став за целата ситуација.

Партискиот портпарол Петре Шилегов и вчера повтори дека документот доставен до ДУИ е доволно добар за да ги обезбеди потписите за добивање мандат за состав на владата. Според Шилегов, очекувањата се дека повратниот одговор од ДУИ ќе бидат потписите за влада.

Откако Арифи, Меџити и Бејта ги запознале ДР-ДПА со понудата за влада со СДСМ, од партијата на Зијадин Села најавија дека викендов Централното претседателство ќе решава дали таа е прифатлива за партијата.

- Преговараме и со ДУИ и со СДСМ, додека не се заврши процесот, ништо не можеме да кажеме. Ние нема да влеземе во ниту една влада ако не се спроведат буквално сите точки од албанската платформа - велат од ДР-ДПА.

Партијата на Села ќе ја достави понудата од СДСМ до коалициските партнери НДП и Унитети за и тие да се изјаснат за документот.

Од Движењето Беса велат дека не добиле покана за средба со ДУИ за предлогот на СДСМ и оти нема потреба од средба.

- Не сме заложник на преговорите што ДУИ ги води со СДСМ. Не чекаме никој да н`е информира за содржината на тој предлог. Откако ДУИ ќе ги даде потписите за формирање парламентарно мнозинство и откако СДСМ ќе го добие мандатот за формирање влада, ако добиеме понуда за влада, ќе почнеме преговори и јавноста ќе биде запознаена во детали за нашиот став по сите прашања - вели Орхан Муртезани, портпарол на Беса.

Тој додава дека остануваат на ставот оти се спремни да го поддржат СДСМ да формира парламентарно мнозинство ако ја прифати албанската платформа, притоа не прејудицирајќи дали ќе бидат дел од идната влада.

Мариела Траjковска

#



Останати вести
Се бришат над 6.500 фирми, нови 4.300 се на ред за згаснување в година
Ученик паднал од прозорец во училиште
И новороденчиња се разболуваат од леукемии и тумори
Поминал 900 километри за половина година
Дејан Манасков се сели во Веспрем
„Металика“ најави нова турнеја
Во пресрет на референдумот, премиерата на филмот "Шеф" за Ердоган
Бобан сакаше сите да нe убие
Ако продолжат бариерите за македонското вино, Македонија најавува контрамерки за увоз од Хрватска
Гансен Роузис исвиркани во Австралија
Симоновски: МЗТ Скопје ќе се радува на нов трофеј
Шест пратеници и тројца градоначалници од Албанија следни за губење мандат?
За среќа е доволно и денарче
Тајни разузнавачи без докази тврдат дека соработниците на Трамп соработувале со Русите
Ангел Џамбаски: Смртоносен удар за нацијата измислена во 1945 година
Концерт на Цетински и на Георгиев во „Борис Трајковски“
Колку заработуваат порно ѕвездите
Почна пријавувањето за Женска трка
Преку парното ќе се топли и вода во бојлерите, а ќе може да се вгради и подно греење
Теона Стругар Митевска: „Кога денот немаше име“ е филм против насилството како начин на живот
Милена Дравиќ се враќа на серија
Симон Трпчевски во Европа, Филхармонијата и „Танец“ во Kина
ЈСП ги врати линиите 9 и 19
Пропадна расправата за загадувањето во Кавадарци
Убиено 26-годишно момче во подрум
Хју Џекман повторно боледува од рак
Во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора има Бугари
Младите ја немаат привилегијата да го помнат вкусот на вистинскиот домат
ОРМ бара измена на законот со кој компаниите мора да ангажираат приватни адвокати наместо своја правна служба

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести