период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.06.2017, 10:56

ПО РЕАКЦИЈАТА НА МНР

"Фајненшел тајмс“ се коригираше за промената на името

По реакција на Министерството за надворешни работи, британскиот весник „Фајненшел тајмс“ го смени насловот на интервјуто со шефот на дипломатијата, Никола Димитров, од кој произлегуваше дека владата размислува да го смени името на државата за да ги одблокира преговорите за влез во НАТО. Според новиот наслов, владата размислува да влезе во НАТО со привременото име БЈРМ.

Според текстот, министерот Димитров во НАТО ќе им каже на високите претставници на алијансата дека членството на Македонија во алијансата ќе помогне да се смири поширокиот балкански регион по неколку месеци политички тензии кои повремено прераснуваа во крвопролевање. Димитров најавил дека со грчкиот министер Никос Коѕиас ќе се сретне в среда.

„Ќе побарам од Грција да размисли каков вид сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја која нуди надеж за демократија и правда”, изјавил тој во интервјуто.

„Ако сме добри соседи, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе ја искористат ова историска шанса”, порачал Димитров.

Владата на СИРИЗА ја поздрави новата влада во Скопје како покооперативен партнер од претходната, која беше силно националистичка, а официјални лица излегоа со претпазливи забелешки во однос на изјавата на Димитров, пишува весникот.

„Постојат основи за повеќе оптимизам и ние се надеваме дека ќе има напредок на средбата со нашиот министер за надворешни работи во Атина “, изјави еден грчки функционер. Но, тој ја отфрли можноста за одредување временски распоред за постигнување компромис:

„Ова прашање е на маса повеќе од две децении, и би било избрзано да се прават какви било предвидувања”, оцени тој.

Весникот во текстот како можна варијантна го споменува името Горна Македонија, нагласувајќи дека, според Димитров, договореното име за компромис ќе биде ставено на референдум во Македонија, а претходно за него ќе се бара консензус од сите политички партии.

#



Останати вести
Почина првиот Бетмен
Само изборите и формирањето на владата не се доволни да се добие препораката
Пропелер од претстави во "Кино култура"
Андре Силва пристигна во Милан за 38 милиони евра
Во Шведска отворен Музејот на промашувањата
Изложба на корици „Прошетка низ Европа“
Бензините поевтинуваат за 1,5, а дизелот за 2,5 денари
Во Скопје ограбени триесетина возила во подземна гаража
(ВИДЕО) Кој е подобар Џејмс Бонд?
Атина под притисок за прием на Македонија во НАТО
Еден Македонец лани испил 11 литри млеко, 9 литри пиво и 24 литри газиран сок
Осуден напаѓачот на Сандра Булок
Тајната на нацистичкиот гроб среде непроодната бразилска џунгла
Скопјанец фалсификувал од лични карти до судски уверенија
Македонија ќе го добие првиот фестивал на книжевност за деца
Привремените работници не може да земаат надоместок поради листата за стаж што ја кочи ПИОМ
Пандев: Игравме колку што ни дозволија Шпанците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести