период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 11.01.2017, 17:47

ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ЦИА, ФБИ И НСА ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ЗА РАША ТУДЕЈ

Ако РТ е пропагандна машинерија, тогаш што се ББЦ и ПБС?

Минатиот петок американската Kанцеларија на директорот на националното разузнавање (ОДНИ) објави дел од декласифицираниот извештај за руското хакирање на американските претседателски избори, кои наводно помогнале Доналд Трамп да победи, а Хилари Kлинтон да загуби. Извештајот е објавен под името „Проценка на руските активности и намери на последните американски избори“, па може да се заклучи дека иако извештајот го изработиле најмоќните шпионски организации ЦИА, ФБИ и НСА, станува збор не за конечна проценка, туку повеќе за реални сомневања. Но, она што е најинтересно, а му дава и шокантен шмек на извештајот е што во него централно место ~ се дава на телевизијата „Раша тудеј“ (РТ) – цели седум страници анализи за „пропагандата на телевизијата финансирана од Kремљ“.

Експерти од САД, меѓу кои и поранешен агент на ЦИА, велат дека извештајот на ОДНИ нема докази оти Русите сториле нешто погрешно. Зад имињата на ЦИА и на ФБИ стојат фрази како „цврсто веруваат“, а на НСА - „умерено веруваат“ и тие повеќе се потпираат на информации од нивни информатори отколку на технички пресретнати активности.

Извештајот тврди дека има три клучни откритија – дека хакирањето го наредил рускиот претседател Путин, дека постоела тесна соработка меѓу Путин и „Викиликс“ на Асанж, односно дека „Викиликс“ добил хакирани информации од руското воено разузнавање (преку извесно лице со кодно име Глуцифер 2.0) и шлагот на тортата – во овие руски активности едно од централните места ги имала РТ, која ширела пропаганда против Kлинтон, а се ставила на страната на Трамп.

Зошто Путин лично ја наредил операцијата хакирање на претседателските избори, односно на Демократската партија? Американското разузнавање смета дека рускиот претседател имал лични мотиви затоа што Хилари му предизвикувала демонстрации во Русија, а, од друга страна, смета дека ќе може добро да соработува со Трамп. Тоа се главните мотиви, како и клучниот – да се фрли темна сенка на американскиот изборен систем, а со тоа и врз евентуалната победа на Kлинтон. Но, за ова нема никакви докази во извештајот, па затоа тој веднаш се префрла на мотивите чие наведување повторно е субјективна оценка на тие што го пишувале извештајот.

Зошто РТ е толку интересна за американското разузнавање? Да се потсетиме дека веќе подолго време рускиот медиум е трн во окото на Западот, а ЕУ дури издвои и фонд и формира тим за борба против пропагандата на РТ. И покрај тоа денес РТ со својот сервис на англиски јазик просто кажано растура со прегледите на „Јутјуб“ и е погледан од многу мејнсрим медиуми, коментираат американски аналитичари.

Ален Балданца во колумна за „Дјуран“ пишува дека извештајот на ОДНИ нуди „нула докази за руското хакирање, а наместо тоа фокусот на вниманието го насочува кон руските медиуми“, обвинувајќи ги дека нудат алтернативен поглед на светските настани.

„Извештајот етикетира една легална медиумска куќа како дел од пропаганда, дека главно е финансирана од руската влада и има критичен поглед на американската политика и на секретарката Kлинтон. Но, најнапред да прашаме како РТ е етикетирана како „пропаганда машина“? А што со Би-би-си и Пи-би-ес? И двете се финансирани од британската и од американската влада и никогаш не се обвинети дека се британска или американска пропаганда“, наведува Балданца.

Тој истакнува дека „загрижувачкиот дел“ е што РТ нуди алтернативно мислење кое одеднаш станало пропаганда. „Зарем за рускиот медиум помалку важи слободата на медиумите што се гарантира со нашиот устав“, прашува Балданца.

Бивш цијаш: „Ни зрнце докази“

Поранешниот агент на ЦИА, Лери Џонсон, за РТ изјави дека она што непријатно го изненадило во извештајот е што во него нема „ниту едно зрнце докази“, со кои ќе се поткрепат тешките обвинувања против руската влада.

- На извесно место од процесот би требало да видиме електронски или човечки извор, кој вели дека Владимир Путин или некој друг од неговата влада ја раководел кибернетската команда во Русија за да ја почне програмата или планот... Нема ниту еден извор на информација во извештајот – вели Џонсон, и притоа истакнува дека има повеќе индиции оти наместо за хакирање, станува збор за внатрешно течење на информации.

„Њујорк тајмс“ објави лага за поранешна новинарка на РТ

Објавувањето на извештајот на ОДНИ бил повод „Њујорк тајмс“ да објави текст во кој ќе каже дека тој е „неочекувано детален“, но и фронтално да ја нападне РТ пишувајќи дека пред две години двајца презентери во живо си поднеле оставки поради руската пропаганда. Ејби Мартин ја демантира информацијата објавена на 7 јануари, велејќи дека таа не дала оставка во живо ниту рекла дека мрежата е пропагандна машинерија.

- Поднесов оставка по мое барање во февруари 2015 затоа што сакав да направам повеќе на полето на истражувачкото новинарство, а не затоа што сум сметала дека е тоа пропаганден медиум - се наведува во демантот на Мартин.

Христо Ивановски

#



Останати вести
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
Еди Рама е новиот балкански Милошевиќ
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести