период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 09.01.2017, 23:09

ЗАЕВ НЕМА ДА СЕ ИЗЈАСНУВА ЗА ПЛАТФОРМАТА

СДСМ: Сe додека не ја добиеме официјално, не коментираме ништо

Социјалдемократскиот сојуз нема да се произнесе во врска со платформата под која се обединија албанските партии во земјава како услов за формирање влада оти не им е официјално доставена. Од партијата предводена од Зоран Заев за „Дневник“ велат дека с` додека не ја добијат лично, немаат намера да откријат како размислуваат, ниту што ќе одговорат.



- Ние не сме ја добиле платформата официјално, кога ќе ни биде доставена лично, тогаш ќе соопштиме која е нашата одлука, односно процена, засега не коментираме повеќе - велат од СДСМ.

Партиски извори за „Дневник“ коментираат дека с` се знае одамна и веќе од порано е одлучено с`, но оти не сакаат да се истрчуваат со какви било калкулации и оценки сега бидејќи заедничката платформа на албанските партии постави високи црвени линии кои ќе го оневозможат подавањето рака на договор, и тоа со која било од македонските партии.

На социјалните мрежи некои од симпатизерите и поддржувачи на СДСМ ја осудуваат платформата, особено затоа што меѓу нејзините креатори мнозинството му припаѓа на ДУИ, односно Али Ахмети, кого СДСМ и Заев особено за време на предизборната кампања го нарекуваа соработник на режимот и криминалец.

Една од последните предизборни пораки на Заев до Ахмети е онаа на 9 декември испратена од Арачиново.

-  Нека пукнат Груевски и Ахмети, го распукавме режимот, прснат е на парчиња затоа што сме единствени, сплотени и заедно ќе им покажеме дека може да има заеднички живот во Република Македонија - рече тогаш Заев.

Заев го отвори патот за платформата

Покрај ова, во јавноста останува впечатокот дека токму Заев во битката за гласови им отвори пат на албанските политички фактори да постават високи црвени линии во платформата околу која се обединија, без разлика колку жестоки противници беа претходно. Имено, во ноември кога Заев беше на средба со дијаспората во Швајцарија порача дека верува оти оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите.

- Тука сме обединети и јас како претставник на македонската политичка компонента говорам на собир каде што мнозинството е составено од Албанци. Јас сум прв од македонските политичари што се ангажирам за еднаквост и единство со целиот ризик дека со ова може да ги изгубам гласовите на оние што не веруваат во оваа можност за еднаквост. Јас ги отворив овие теми независно од тоа кој е засегнат и ова го направив за доброто на Македонија. Верувам дека оваа Македонија може да се стреми да стане обединета Швајцарија и еднаква за сите - рече Заев во обраќањето.

Двојазичноста, која подоцна ја негира како од него трасиран концепт, исто така јасно ја исцрта пред швајцарската дијаспора.

- Македонија ја замислувам, ако знаеме кинески, кинески да се разбереме, ако знаеме англиски, англиски да се разбереме, француски - француски, албански - албански, македонски - македонски, да се ослободиме - рече Заев во ноември.

Молкот од СДСМ очекуван

Kако што повеќепати потоа пишувавме, двојазичноста е невозможен концепт без промена на Уставот, што и самиот подоцна во интервју за една од албанските телевизии го потврди. Во Швајцарија порача дека услов за еднаквост и рамноправност е да се оди преку Охридскиот рамковен договор.

- Охридскиот рамковен договор не е договор. Мора да одиме преку Охридскиот рамковен договор оти тој е некоја рамка. Зошто во 21 век, во 25 години независна Македонија, да има рамки на ограничување. Не, ќе веруваме во еднаквоста и рамноправноста и ќе му помогнам на мојот сограѓанин Албанец - рече Заев.

По сево ова, кое политички е искористено како црвени линии во платформата на албанските партии, очекувано е лидерот на СДСМ да не се произнесува во врска со неа.

Инаку, во платформата, освен официјализирањето на албанскиот јазик и барањето Албанците да бидат државотворен народ, се бара промена на државните симболи, химната, грбот и знамето, ново министерство за политички систем, напредување на Албанците на раководните функции во безбедносните служби и правична застапеност во централната власт.

Покрај ова, обединетите три албански фактори се обврзуваат целосно да ги спроведат препораките од извештајот на Прибе, да го поддржат непристрасното работење на СЈО, како и решавање на случаите „Монструм“, „Сопот“ и „Kуманово“ со меѓународна асистенција.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Ахмети чека покана од мандатарот Груевски за разговори за нова влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Ushtria Clirimtare e Strumices, 09.01.2017 23:33:14
Agim Murtinaj (Зоран Муртински) чека на домашна адреса да му ја пратат платформата па да ја искоментира?! На изборите многу скокаше како Великоалбанец, нека искоментира сега.
sbd, 10.01.2017 00:06:18
Vo tesno e dokazaniov kriminalec. Mora da prifati shto albancite nudat zoshto ako odbie, a predhodno VMRO ne formira vlada, ke mora da ima novi izbori. E togash petokolonashive ke igubat zoshto veke nivnite sipatizeri razbraa deka se izmanipulirani. Zatoa SDSM ke prifati se shto albancite nudat, no nema da pomine legalno. Toa ke znaci kraj na komunjarite SDSM i pocetok na napredok na Makedonija.
Goran od Svedska, 10.01.2017 00:40:35
Porano sekogas se velese - greska e na politicarite. No greskata e do slepiot narod. Koga bila Makedonija bogata pa sega da mora dramaticno da ima nekoja izmena? Dali nekoj glup konj vo svetot bi go veruval Zaev koga rece minimalnata plata ke bide 500 evra do krajot na mandatot? Dali na tie glasaci so gi dobi toj ne im e jasno deka ne e vozmozno toa? Dali ne go gledaat krajot vo tunelot od kade ima samo smrt za identitetot sto go mnogu slucajnosti i golemi teskotii go imam zadrzano? (ako ne - razmisli sto znaci svajcarija i razmisli dali toa ke im e dosta na albancite).
Robert, 10.01.2017 01:17:11
Tipicno ponasajne na svitkani kicmi nisto novo.Im go ogreavte obrazot na site sto ve glasaa mislam na onie koi ne gi plativte
So sredno sum, 10.01.2017 01:34:43
DO DNEVNIK.Pocituvani.Zaev nema sto da se prasuva povejce posto si podnese samiot ostavka od site politicki funkcii.Navedenata Licnost ako ostani i natamu vo politikata po seta logika i po se sto sakase da napravi treba da i se obratite po imeto ZORICA.Nema maz sto tolku mnogu svitkal kicma ne e vo genot.
Gostivarchanec, 10.01.2017 04:30:29
Ti imash mnogu za objasnuvanje (i maloumnite koi so ZAKRPENI USTI te podrzhuvaa), kolku i da se kriesh od formalni prichini... Ni Grujo ni sveti Ali ke te zashtitat tebe i tvoite izmechari... Tvoeto SEGA MU E MAJKATA e moeto VI DOAGA TATKOTO, go baravte ke si go dobite, mnogu skoro, trpenie-bez spasenie...!
Officijalno, 10.01.2017 06:42:42
Pooficijalno od ova Amin,kako go ima ovoj moronov veke smeneto imeto vo Agim,pooficijalno bi bilo da go onadat zaedno so slepcite koi go glasale.
ZAGTIZEN, 10.01.2017 07:49:29
Zaev nema da se izjasnuva za toa shto samiot go vetuvashe na Albancite vo izbornata kampanja.Zaev ke chekal Albancite platformata oficijalno da mu ja stavat na masa tek potoa ke im rakopleskal zatoa shto Gruevski ne ke mozel da ja progolta platformata so samoto toa ne ke mozel da formira vlada. Platformata na Albancite vo nishto ne se razlikuva od toa shto go vetuvashe Zaev. Od neodgovrnata politika na SDSM Makedonija dovedena vo mnogu teshka i slozena situacija. Albancite go imat vo svoji race chukot i orevot, Zaev i SDSMovite podrzuvachi od pusta zelba za vlast Drzavata ni ja turnaa vo provalija od koja nekemozeme da izlezeme bes radikalni chekori. SDSM ja vturna Makedonija vo meguetnichki sudir, bravo bre Murtinski Agime vo Prishtina i Tirana ke ti podignat Spomenik.
Најнови вести