период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 11.01.2017, 17:37

ПИСМО

Обама ги промовира САД во банана-држава

Деновиве се промовира една нова банана-држава и тоа со тапија. Најсилните разузнавачки и контраразузнавачки служби во САД со тапија (заеднички извештај) потврдија дека нивниот претседател на државата е избран со помош и влијание на Русија. Претседателот Обама не може да се соземе од плачење колку бил наивен и не верувал во силата на неколку хакерски момчиња, а по налог на Путин, дека одлучно влијаеле на расположението на американските граѓани. Тоа довело до избор на Трамп за претседател на САД, спротивно на волјата на граѓаните, читај против волјата на демократскиот етаблишмен во САД.

Се прашувам што стана од големата каобојштина, приоритет на силата на борбениот американски народ? Тие успеаја пола светот да го разорат воведувајќи правда и демократија, својствена само за нив. А нивната демократија се состои во нивните интереси и само интереси. И замислете на Путин по симпатичен му бил Трамп од Kлинтонови и повикал неколку млади луѓе, најверојатно студенти и им дал задача да го убедат американскиот народ да го изберат Трамп за претседател. И замислете и успеале. Доказ дека успеале ни го презентираа најкомпетентните разузнавачки служби на Америка.

Јас лично не верувам во тоа. Но, кој сум јас да се сомневам во однос на така силни институции. А и самиот Обама го потврди тоа. Со таа потврда претседателот Обама, свесно или не, ги промовира САД во банана држава. А јас бев убеден дека се силни, но не било така. Тие се силни во рушење. Рушеа во соседството, па во Kореја, Авганистан, Виетнам, целиот Блиски Исток. Стигнаа во рушењето и до Србија и Украина. Насекаде покажуваа сила, а види ти на психички план биле слаби. Дозволија претседателот на државата да им го избере најголемиот противник Русија, односно неколку млади луѓе од Русија.

Демократската бирократија на Kлинтонови и Обама, директно или со помош на нивните европски вазали, повеќе години работеа за да го изберат Заев за премиер на РМ. Резултатот никаков. Преку снимките го разголија приватниот живот на многу граѓани. Прогласија криминалци, ги оптужија и осудија преку Гебелсовата пропаганда на соросоидите во РМ. Го растурија правниот и уставниот поредок, воведоа неуставни, нелегални институции. Директно се мешаа во внатрешните работи на РМ. Потплатуваа, врбуваа судии, новинари, политичари... Создадоа петтоколонаши и тројански коњи за разбивање на државата и институциите одвнатре. На крај потплатија и изманипулираа голем дел од албански гласачи во РМ. Резултатот незадоволува.

Kај македонскиот народ не постигнаа ништо. Тие не можат да сфатат дека овој народ има достоинство. Можеш да му ја скршиш снагата, но не и гордоста, духот, патриотизмот. Kолку повеќе го притискаш толку поголем е отпорот, алергијата према насилникот. Па, морам да се запрашам: Kоја е разликата помеѓу малобројниот голем македонски народ и многубројниот американски народ? Јас никогаш не давам оценки за народи. Убеден сум дека и американскиот народ е голем и достоинствен. Убеден сум дека никакво влијание од надвор немало и не можело да има во одлуките што ги донел американскиот народ при изборите за претседател на САД.

Но, не можам да сфатам колку можеа Обама и разузнавачките служби да го понижат сопствениот народ. Да го убедат дека гласал под туѓо влијание. Дека се излажани. На тие американски служби „треба да им се верува.“ Па, тие во своите извештаи открија дека Ирак користи бојни отрови и ја испровоцираа војната. Па тие од секогаш биле најнестабилниот член во борбата за мир во светот. Нивните извештаи се по потреба и нарачка.

Мислите дека случајно е избран Путин и Русија? Целта е и понатамошно третирање на Русија како непријател и отежнување на Трамп за подобрување на односите со Москва, што е добросостојба и за целиот свет. Демократите нема што да работат без тензии и војни. Трамп сака да ја сруши целата нивна стратегија во надворешната, па и внатрешна политика.

Загрозени се многу интереси на големи глобалисти, на кои ништо не им значи нација, идентитет, самостојност, сопствен интегритет... Тие не трпат непослушни. Затоа настојуваат и Република Македонија да ја обезличат, растурат, понижат. Но, македонскиот народ им кажа „мало морген“.

Борис Стефановски, дипломат во пензиjа

#



Останати вести
Верувања и суеверија за бројот четириесет
Барања за кастрација на Македонија
Интервентен увоз на струја по интервентни цени
Грабеж на пошта одамна не е вест

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
GOCE SHESHKO, 11.01.2017 21:59:05
G-din Stefanovski, najubavo ja opisavte Amerikanskata Vnatresna i Nadvoresna politika. Ovie Esteblismeti na Amerika se da Gopodaruvaat so celiot SVET. Ova ludil sto se raboti protiv nas Makedoncite mozibi e najdobroto, ne razbudija i ohrabrija, so ova samo mozat da ne Obedinat. Eve veke mu vozvrativme i im kazavme KICMA ne VITKAME za ponatamu uste pootporni. Makedonecot se osvesti deka nikoj ne ne brani ako ne se branime samite. Pozz
od toso, 11.01.2017 22:19:27
golema blagodarnost do avtorot na pismoto,za opisot na nastanite vo svetot vo2016godina.
Најнови вести