период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 21.04.2017, 13:41

РЕАКЦИЈА НА ЕМИЛ ДИМИТРИЕВ

Изјавите на Рама не се во прилог на добрососедството

Додека мојот колега од Албанија „од ракав“ вади сценарија за спојувања на Албанија и Косово, доколку пропадне европската интеграција на државите од Регионот, негови дежурни адвокати се трудат да го правдаат со теза дека тоа што Рама бара домашни предизборни поени преку брутално мешање во македонските процеси биле од ”пријателска природа”, пишува премиерот Емил Димитриев на својот ФБ профил.

-Каква неодговорност од социјалист кој најотворено подгрева национализам! Додека владее конфузност кај политичари во соседството дали сакаат да поддржат навистина пријателски дух во Регионот или не, сакам да им порачам дека ние, иднината на Македонија ја гледаме во Европската унија и немаме дилема во однос на овој стратешки приоритет, пишува Димитриев.

Ваквите изјави, додава македонскиот премиер, не се во прилог на добрососедството и градењето пријателски односи. Напротив, додаваат масло на огнот кој тлее и ги разгоруваат националистичките чувства кај сите поединечно.

-Дури и Европската унија нема дилема дека иднината на државите од Регионот е во ЕУ. Само Рама со неговиот тим ги има и очигледно мисли дека со неговите алтернативи добива предизборно и ги покрива домашните слабости. Никакво територијално прекројување, обединување или разединување не е во насока на поголема стабилност и мир, ниту на просперитет. Секоја држава од Регионот е суверена држава, а главна цел треба да и биде зголемување на стандардот на граѓаните, во сопствените граници. Доколку сите работиме посветено на решавање на проблемите дома, полесно ќе можеме да се приближиме кон европското семејство. Зашто иднината на Регионот не е во обединувањето на две држави или повеќе територии, туку иднината е во обединувањето на сите околу европските вредности во Европската унија, напиша Димитриев.

#



Останати вести
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Голема Албанија значи балканска војна, ако Брисел молчи - ќе биде одговорен
Нема тет-а-тет средби меѓу Заев и Груевски
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести