период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 18.04.2017, 19:25

ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА

Во петок ќе излеземе со прецизен план и многу важни пораки

Законодавниот ден и денес не избра претседател на Собранието кој
не се откажал од Тиранската платформа, тоа е нова победа. Браво
за сите нас, нова голема победа за сите граѓани кои се на улиците,
истакна пред законодавниот дом Богдан Илиевски од граѓанската
иницијатива „За заедничка Македонија“.

- Се сеќавате на почетокот излезе шефот на опозицијата и побара
да си одиме дома, веројатно истите луѓе мислеа дека за време на
овие 4-5 дена ентузијазмот ќе спласне, денес сме тука да им
покажеме, докажеме и потсетиме дека сме многу сериозни и дека
помина времето на виткање кичми и веднење глави. Тоа особено
важи за вашите гости, денес повторно имаме на гости некојси
пророк, да му посакаме топло добредојде на човекот кој нè нарече
славомакедонци, кој не го споменува името на нашата држава и не
ја осудува Тиранската платформа. Господине Билт, ова е
Македонија. Пројде времето на виткање кичма и раце, немаме веќе
време да бидеме уценети, заплашувани и дискриминирани во
сопствената држава. На улица сме 51 дена со паролата За
заедничка Македонија, за сите нејзини граѓани. Држава која ќе е
еднакво, мултиетничко општетство, а не поделена двојазична земја.

Тука сме и денес, ќе бидеме тука се додека треба, додава Илиевски. Тој нагласи дека во петок ќе излезат во прецизен план и многу важни пораки.

#



Останати вести
Нема мандат додека не се отстранат правните и политичките пречки
Младите и средната генерација масовно одбиваат да работат за плата од 11.000 денари
Анестезиолозите два часа пред царскиот рез пиеле коњак во кафуле
500.000 Французи во странство добиле по две гласачки ливчиња
Да се продолжат мандатите на градоначалниците до изборот на нови
Билт не ја зборува вистината дека не барал средба со Иванов

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Petre, 18.04.2017 23:57:39
Ajde bre narode izlegovte so traktori koli bageri red e da izlezeme so magarina kucina macki da se vidi da i nasite kucni lubimci se za zajednicka makedonija.
Makedonec, 19.04.2017 06:31:10
Shto se krie pod tiranskata platforma, sadenje na albanci niz cela Makedonia, so toj plan, vo sekoja drzhavna institucija treba da ima albanski petstavnik, so toa vo site sela vo strumichko po baranje na zaev treba da se naselat po nekolku albanski familii. Sleduva totalen I finale genocide za Makedonecot, do sega uspeea da napravat genocide vo zapadna Makedonia a ne obvinuvaat za genocide. So mafijashi politichari uspevaat da e prefrlat zacrtanata linija, I do Soifia, no I na zaspanite grci da mu e jasno deka ova ne e nikako pozitivno za niv ovie prodolzhuvaat da stignat do Istanbul.
Ludi, 19.04.2017 08:58:51
Zar ne gledate deka sami vie ste protiv drzavata, so mislite deka nekoj ke ceka vie da prtoestirate protiv nekogo i toj ke ceka? Ne ne, cekajte ovie denovi koga ke se soberaat vo nekoe mesto i da formiraat nivna vlada togas crknete
Најнови вести