период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 09.01.2017, 17:50

Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз

Градската власт информира дека продолжуваат активностите на екипите од зимската служба кои деновиве го расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и јавните површини, каде што се фрла индустриска сол.

Претходните денови екипите ги чистеа градските улици и булевари, кои се расчистени и проодни.

- Во расчистувањето на тротоарите и јавните површини се ангажирани 116 работници и механизација од „Kомунална хигиена“, како и 70 работници и механизација од „Паркови и зеленило“. Дополнително, на терен работат и 70 работници од „Водовод и канализација“ кои ги чистат сливниците. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Градот се булеварите и одредени градски улици, а останатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување - информираат од Градот.

Оттаму апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска и да го исчистат снегот од приодите до нивните објекти.

Претпријатието „Kомунала хигиена“ апелира општините да ја реализираат нивната обврска за чистење на улиците во надлежност за да можат непрекинато да го собираат комуналниот смет.
    

 

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести