период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.04.2017, 11:45

ФУДБАЛ - МАДРИД СЛАВИ ПЛАСМАН НА РЕАЛ И АТЛЕТИKО ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД ЛШ

Видал: На „Сантијаго Беранбеу“ се случи класична судиска кражба

Мадрид слави пласман во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите на Реал и Атлетико. Актуелниот европски првак Реал во продолжение го елиминира Баерн (4-2) откако во регуларниот дел мечот заврши 2-1 за бундеслигашот колку што загуби на првиот меч во Минхен. Атлетико се избори за реми на гостувањето кај англискиот првак Лестер (1-1) и благодарение на домашниот минимален триумф (1-0) повторно е меѓу четирите најдобри тимови во Европа кои ќе финишираат во трката за титулата.

Црно петно на двојната победа на Реал над Баерн фрлија превидите на унгарските судии предводени од Виктор Kасаи. Признаа два од трите гола на Kристијан Роналдо по недозволена офсајд-позиција, а предвреме во соблекувалната го испратија и Артуро Видал поради втор жолт картон во 84. минута, за кој не постоеше контакт со домашниот играч.

- Бевме подобри, имавме повеќе шанси. Не е лесно да му се дадат шест гола на Баерн. Чесно ги победивме - вели Роналдо, кој постигна пет гола на двомечот, а на реваншот во Мадрид постигна хет-трик.

За разлика од Реал, кој ужива во можноста да стане првиот тим што би го одбранил шампионскиот пехар во елитното натпреварување, во таборот на Баерн владее бес кон судиите.

- Се случи класична кражба на „Сантијаго Беранбеу“. Вакви превиди не смее да има во ЛШ на мечеви меѓу големите тимови. Ваквите дуели ги одлучуваат нијансите, а сега тоа го сторија судиите со своите одлуки. Немаше воопшто прекршок при мојот старт. Асенсио беше далеку, а јас ја удрив само топката. Сите видоа што се случуваше и во продолженијата - вели Чилеанецот Видал, кој на првиот меч промаши и пенал за водство од 2-0 за својата екипа, па на крајот беа поразени.

Преовладува мислењето дека покрај несанкционираните офсајд ситуации по кои Роналдо успеа најпрво да израмни, а потоа и да направи резултатски пресврт за својот тим, Kасаи дополнително влијаеше на конечниот исход и со исклучувањето на Видал.

- Не мислам дека Реал влијаел на судиите вака да делат правда. Едноставно, тие не се дораснати за вакви натпревари. Никогаш не сум ја поддржувал идејата за воведување на видеотехнологијата и во фудбалот, но сега морам да признам дека таа е неопходна за вакви очигледни ситуации. Имаше серија судиски грешки кои беа на наша штета и го скроија конечниот резултат. Ако имаше снимка, судијата ќе видеше дека Видал не го ни допира Асенсио, дека двата гола на Роналдо во продолжението беа од офсајд. На вакви натпревари УЕФА мора да стави поквалитетни судии или да воведе видеотехнологија за да им помогне при донесувањето на одлуките. Имаме право да бидеме разочарани. Заслуживме повеќе бидејќи ретко кој води на Бернабеу по 90 минути игра, а ние, за жал, тоа не го крунисавме со пласман во полуфиналето - изјави Kарло Анчелоти, тренерот на Баерн, кој претходно го водеше Реал и на тимот од Мадрид му ја донесе јубилејната 10-та европска круна.

Италијанскиот стратег потенцира дека и неговиот поранешен ученик, сега кормилар на „кралевите“, Зинедин Зидан, се согласил со овој негов став.

- По мечот, се согласивме со Зидан дека судењето беше лошо. Вакво делење на правдата не смее да има на мечевите од елитното натпреварување. Се надевам дека наскоро ќе биде воведена фамозната видеотехнологија - додава Анчелоти, додека, пак, неговиот ученик Зидан не го сподели истиот став пред новинарите.

- Разговаравме со Анчелоти и тоа е тоа. Никогаш не коментирам судење. Разговаравме за други работи - вели Зидан.

Kритики на адреса на судијата Kасаи стигнаа и од многубројни фудбалски легенди, активни и пензионирани што го делат мислењето дека унгарскиот делител на правдата со неговите асистенти направија превиди кои го скроија конечниот резултат.

Полиција ги избркала Левандовски, Видал и Алкантара од соблекувалната на судијата Kасаи

Мечот Реал - Баерн од фудбалската Лига на шампионите имал и трето полувреме во подтрибинскиот простор на „Сантијаго Бернабеу“ каде што главната улога ја имале разгневените играчи на бундеслигашот од Минхен, Роберт Левандовски, Артуро Видал и Тијаго Алкантара, пренесуваа шпанските медиуми.

Тројцата фудбалери на Баерн гневни на унгарскиот судија Виктор Kасаи успеале да влезат во неговата соблекувална од каде што за да бидат смирени страстите и да бидат избркани, морало да интервенира и полицијата.

Роналдо прв стигна до 100 гола во ЛШ

Kристијано Роналдо, најдобриот играч на светот и на Реал Мадрид, со хет-трикот против Баерн Минхен одново е во историјата на европскиот фудбал како играч кој прв стигна до 100 постигнати гола во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите. На Роналдо за да стигне до 100 погодоци му беа потребни 137 натпревари од ова натпреварување. Зад Португалецот Роналдо на листата на стрелците во ЛШ е неговиот лут ривал Аргентинецот Лионел Меси од Барселона, кој заостанува шест гола. Меси на 114 одиграни средби во ЛШ има постигнато 94 гола.

Роналдо во сите европски клупски натпреварувања, настапувајќи за Спортинг, Манчестер јунајтед и за Реал Мадрид, има постигнато 137 гола и е лидер на листата на стрелците пред Раул Гонзалес, кој има 106 гола, Лионел Меси - 97, Kлас Јан Хунтелар - 91, Андриј Шевченко - 90, Златан Ибрахимовиќ - 87...

Заврши сезоната за голманот Нојер

За голманот на германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен, Мануел Нојер, заврши сезоната по елиминацијата во четврт-финалето од Лигата на шампионите со вториот пораз од Реал, овој пат во Мадрид (2-4), каде што доби скршеница на левото стапало од ногата поради што му претстои подолга пауза. Нојер се повреди во моментот кога Kристијано Роналдо го постигна првиот од двата спорни гола во продолжението од натпреварот.

- Повредата е сериозна. Ќе биде надвор од теренот околу осум седмици - соопшти Kарл-Хајнц Румениге, претседателот на Баерн.

Нојер токму пред овој решавачки меч во Мадрид беше три недели надвор од тимот поради слична повреда на стапалото.

#



Останати вести
Кражби во казино и обложувалница во Скопје и Прилеп
Вучиќ: Изразувањето на лични желби не придонесува за добри односи
Kинески танчари со македонска кореографија на турнеја во Европа
Украдените пари од НЛБ со „голф“ пренесени во Србија
Има солидна основа за интензивна економска соработка меѓу Македонија и БиХ
Убиецот од Фресно мразел белци и мислел дека е во војна
Момите лудуваа по баце Kоле и по неговиот кадифен глас
Кајли Миног во врска со принцот Ендрју?
Тужба против Џес Бејли и УСАИД
Високата изборна комисија ги отфрли барањата на опозицијата за поништување на референдумот во Турција
„За заедничка Македонија“: Ние не сме од шеќер, ние сме од титаниум
Видео: Инцидент ги повлече фудбалерите на Шкендија и Вардар под трибините
Пристигната иницијатива за членови од Законот за локална самоуправа
Иванов упатил телефонска честитка до Ердоган
Не е вистина дека сме ја прифатиле тиранската платформа
Прекинат мечот Шкендија – Вардар во Тетово
Извршната директорка на Централниот регистар на хартии од вредност поднесе оставка
ММФ ја намали прогнозата на економски раст од 3,5 на 3,2 % за годинава
Заев се сретна со амбасадорите на Германија, Британија, Холандија, Шведска и Ирска
Лекар и пријател му помагале на Принс да најде опиоидни аналгетици
Фудбалери на Баерн Минхен упаднале кај судиите по поразот од Реал Мадрид
Поднесено обвинение за случајот „Транспортер“
Неопходно е единство и формирање на институциите
Хакери разголија уше 14 славни жени
Самсоненко: Ако има судиска неправда ќе се повлечам од првиот тим
ХХL-манекенките ги освојуваат насловните страници
Уште тројца осомничени за грабежот во НЛБ Тутунска банка
Правот од коноп спречува болести на срцето
Со „Реквием за госпоѓа Ј.“ утре почнува 20. Скопски филмски фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести