период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 21.04.2017, 16:22

„Дедо и внук“ ќе биде првиот „целосно охридски игран филм“

На неколку локации во Охрид вчера почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“, на охридскиот режисер Илија Пиперкоски.

Како што беше истакнато на прес-конференцијата одржана денеска, ова е првпат во историјата на македонската киноматографија сценарист и режисер да биде охридски автор, како и материјалот за целиот филм, целото снимање од почеток до крај да биде во Охрид.

Пиперкоски за својот прв проект во категоријата игран филм, истакна дека се исполнува неговата желба да снима филм во Охрид.

- Многу се радувам што денеска после многу подготовки сме тука на првата клапа од снимањето на играниот филм „Дедо и внук“, а наредната седмица почнува и прикажувањето на мојот документарен филм за Охрид. Беа потребни многу напор, работа и логистика изминатите четири години за да стигнеме до тука – до снимање игран филм, и до премиера на документарен филм, рече тој.

За самиот филм Пиперкоски не сакаше многу да зборува ниту да открива за содржината, освен дека се работи за емотивна приказна, однос меѓу дедото и внукот и што се она постарите сакаат да ги научат поколенијата.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ како внукот и Салаетин Билал како дедото.

Лилиќ кој во филмот глуми кардио-хирург, рече дека сега разбира дека воопшто не им е лесен животот на лекарите.

- Никола ликот кој го играм, покрај што има тешка работа, во животот му се случуваат низа интересни, невообичаени, чудни препреки... Во еден миг целиот негов живот се врти наопаку, рече Лилиќ изразувајќи уверување дека составот на екипата, продукцијата, режијата се е склопено така да излезе еден добар македонски продукт.

Неговиот колега Билал, инаку дедото во филмот, за својата улога рече дека разработува интересен случај, чест во денешницата, старите луѓе да бидат подзаборавени од најблиските.

- Многу интересна улога и што е најважно, соработката со режисерот е исклучително пријателска, со договарање, пријатни моменти во работата, мислам дека така ќе биде се до крајот на снимањето, така што ќе направиме добар филм, рече Билал, кому ова му е 36-то појавување во филм.

Продуцентот на филмот Огнен Антов пред медиумите изрази огромна благодарност до Агенцијата за филм која финансиски го поддржа проектот, како и до граѓаните и Локалната самоуправа на Охрид.

- Планираме премиерата на филмот да биде токму во Охрид, а потоа по останатите градови. Некако логично и е, Илија е од тука, снимаме тука, така што тоа е идејата да стартуваме оттука, рече Антов.

Авторска екипа уште ја сочинуваат директорот на фотографија од Романија – Патру Паунеску, сценографијата во филмот ја креира Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, автор на шминката и маските е Клаудиа Мусат, снимател на звукот е Мариус Станеску.

Снимањето на материјалот за „Дедо и внук“ почнува во истата куќа каде се одвиваше главното дејство на „Мирно лето“ во 1960 година. Предвидено е снимањето на материјалот за филмот да заврши некаде до 14 мај, а филмот што е македонско-романска продукција да биде готов некаде до крајот на годината, за да може да учествува на некој од филмските фестивали наредната година.

#



Останати вести
Челзи прв финалист во ФА купот
Уметник три недели седел на јајца, се испилиле 10 пилиња
Хидвеги: Сорос даде 3,8 милиони евра за да создаде опозиција во Унгарија
Ограбени црквите во манастирскиот комплекс во Лешок
Тетовец починал во превртено БМВ на автопатот Скопје - Тетово
Претседателски избори во Франција од кои зависи иднината на ЕУ
„Шпигл“: Илјадници талибански борци пристигнале во Германија со мигрантит
Повредени двајца полицајци при претрес на осомничен нарко дилер
Баерн одигра нерешено дома со Мајнц
Кејт Мидлтон: Се посветив на децата и се чувствувам осамено
Втора титула во 2017 година за Ѓорческа во двојки
ВМРО-ДПМНЕ: ММФ проектира раст од 3,2 проценти, што е повисоко и од владината проекција
Дербито Работнички – МЗТ Скопје Аеродром се игра во „Градски парк“
Зошто такси возилата се во жолта боја?
Нападнат полициски службеник од пациенти во поликлиниката „Ѓорче Петров“
Објавени поетскиот и рецитаторскиот конкурс за „Рациновите средби“
Трамп: Со Меркел имав „неверојатна хемија“
Рускиот робот Федор како Џејмс Бонд
Основно барање - предвремени парламентарни избори
Доколку ЕУ се двоуми со Балканот, други ќе преземат ангажмани
Поради ладната зима и продолжената грејна сезона нема да дојде до порамнување на сметките за парно
Kонцерт на Чик Kореа со „Електрик бенд“ во „Метрополис арената“
Црквата ги повикува полуматурантите за запишување во средното богословското училиште
Грнчаров и Хасани ќе се ладат два меча за кошкањето во Тетово, Шкендија на дисциплинска
Шојбле затечен, Американската централна банка ја казни Дојче банк со 150 милиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести