период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 17:16

На Василичарскиот концерт две песни никогаш не биле изведени

Традиционални македонски песни во изведба на Андријана Јаневска и Оркестарот на Македонската опера и балет, специјално подготвени аранжмани од композиторот Илија Пејовски, се на програмата на годинашниот концерт за празникот Василица во организација на МОБ. Режисер е Љупка Јакимовска, а оркестарот ќе го води диригентката Бисера Чадловска.

Концертот е задутревечер, 12 јануари, и е насловен „Заборавени песни“ затоа што се избрани песни кои веќе ретко се слушаат, како „Ѕвонче ѕвони“, „Да сум бистра вода“, „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“, „Три години, лудо, болна лежам“, „Три билбила поев“, „Слегов долу во визбата“..., а две песни од програмата досега воопшто не се изведени. За една од песните ќе биде употребена тамбура на која ќе свири Стевче Стојчевски, изведувач на традиционални инструменти. Солистката Јаневска ќе ја запознава публиката за композициите кажувајќи за секоја од нив каде била снимена, кој прв ја испеал итн...

Таа е прв солист со целовечерен настап на традиционалниот василичарски концерт, на кој во минатите години учествуваа неколку солисти. Рече дека е почестена поради тоа и затоа што токму неа за солист на целовечерниот концерт ја избрал композиторот Пејовски, кој бил аранжер на нејзината прва песна („Те сакам бескрајно“, во дует со Пеце Огненов на Скопскиот фестивал во 1998). Со концертот „Заборавени песни“ МОБ ќе одбележи 70 години од раѓањето на Пејовски.

- Тој е наш познат музичар, аранжер, пред сѐ на џез-музика. И поради тоа сакавме да направиме интересен спој со нашите традиционални македонски песни, меѓутоа, оние што се подзаборавени и оттаму е насловот на концертот. Традиционалните македонски песни се на некој начин меч со две острици, имаме примери за многу препеани песни, некој пат тоа звучи добро, некој пат лошо. Линијата е тенка и не треба да се премине во некакво сквернавење. Но уверувам дека овој концерт ќе биде нешто сосема поразлично и со аранжманите на Илија Пејовски ќе дадеме друг призвук - рече Јаневска нагласувајќи дека ѝ е голем предизвик и тоа што ќе настапи пред своите колеги од МОБ каде што е вработена.

Василичарскиот концерт, по повод Стара Нова година, МОБ го организира од 1993 година и се вбројува меѓу најпосетените концерти. За да ја одбележи традицијата на Василица кога се крши лепче со паричка, МОБ првпат годинава по концертот ќе организира бесплатен коктел на кој ќе има пита со паричка. Парчиња ќе добијат сите посетители, а среќниот кому ќе му се падне ќе биде кум и ќе добие гратис-билети за целата сезона на МОБ.

Голем број билети за василичарскиот концерт се подарени во домовите за стари.

#



Останати вести
Замбези ајкула нападна нуркач
Украдени 100.000 денари од казино во Битола
Ѓорческа против Викери во првото квалификациско коло на АО
Со постери со бурки против олеснување на натурализацијата во Швајцарија
„Рушевини“ е моја лична приказна
Има 98 години и е најстарата инструкторка за јога
Австралиски Македонец најден починат во охридско село
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
ЗАТВОРЕН ПРЕМИНОТ БОГОРОДИЦА: Седумдесет камиони неколку часа се заглавени на границата
Заврши обновата на црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран
Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза
Кремљ: Немаме компромитирачки информации за Трамп
Kлиентите исполегнале на подот, а разбојникот самиот зел 70.000 денари од касата
ФБИ: Русите не ја хакирале кампањата на Трамп
Во Сиднеј температурата е 40 степени Целзиусови, плажите се полни
Никола Попоски во име на владата: Средбите во Тирана и Приштина се мешање во внатрешните работи
Ќе преговараме прво со ВМРО-ДПМНЕ, но има и опција за нови избори
Од петок мало затоплување и обилни врнежи од снег
Најлудиот 3Д-музеј во светот е на Филипините
Груевски со поддршка од коалициските партнери
„Ноќ со ѕвездите“ и за Стара нова година
Изборниот законик, Законот за градење и Законот за спорт со пет измени во 2016
Македонската репрезентација пристигна во Франција
Вардар ги започна подготовките без деветмина репрезентативци кои ќе настапат на СП
„Македонија во странскиот печат“ - ново издание на Државниот архив на РМ
Потпишан договор за модернизација: Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Домашните миленици се добредојдени на Детската клиника

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести