период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 11.01.2017, 15:57

Ќе се прават засолништа на уличните животни
 

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ по иницијатива на хуманата сограѓанка и активист за права на животните Адриана Попович утре ќе организира акција за обезбедување или правење привремени засолништа за бездомни животни. Од 17 до 18 часот во „Јавна соба“ ќе се изработуваат куќарки од стиропор и слама, но таму има простор за ограничен број луѓе, па организаторот информира дека граѓаните можат и на друго место да изработат куќарки, па да ги однесат во „Јавна соба“.

Во 18 часот волонтерите ќе ги постават куќарките низ градот, каде што има потреба.

Од „Анима мунди“ велат дека сите што сакаат можат да помогнат со донирање на здружението, а средствата ќе се користат за подлошки, храна и основни намирници за оние што веќе згрижиле или ќе згрижат животинче, макар и привремено. Граѓаните може да помогнат и со превоз, како и со храна за кучиња, слама, ќебенца и други материјали.

- Екстремно ниските температури негативно влијаат на луѓето, но се фатални кај уличните животинки. Ние не зависиме од нив, но тие целосно зависат од нас. Секојдневно гледаме слики и објави за кучиња и мачиња, кои надвор се борат за живот, но, за жал, ретко кој реагира повеќе од лајк, коментар или споделување. Вистинска промена е иницијативата, а не пасивното набљудување - велат од „Анима мунди“.

#



Останати вести
Фудбалерите останаа на 162. место на ФИФА листата
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот
„Ако одам во Битола“ ме враќа во детството
Харадинај пуштен од притвор со кауција
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Две деца од Гостивар и Кичево починале од грип
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД
Џорџ Лукас отвора Музеј на наративната уметност во Лос Анџелес
Унгарија тргнува против Сорос
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција
Најмладите археолози ќе ископуваат артефакти во детското катче
Работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме
Трамп: Мојот бизнис целосно го препуштам на моите синови
Замрзна браната на езерото „Младост“
Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
Евиденција на црквата во Kочани: Повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
Љубовта од „Фарго“ продолжи и зад камерите, Kирстен Данст се сврши со колегата Џеси Племонс
(ВИДЕО) Јакутск на -51 степен, жителите ги исполнуваат секојдневните обврски
ЕКА реагира на одлуката на ФИФА: Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Kамионџија ќе одговара за смрт на пешак, шест месеци откако го прегази возејќи рикверц
По два месеци истрагата утврди: работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Дојранското езеро оковано во мраз
Општина Центар префрли пари за исплата на заостанатите долгови кон играчите на КК Работнички
„Јас сум Бог, имам фантазии дека сум луд, соработував со нацистите против Евреите“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести