период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 17.02.2017, 10:00

ЗЛАТАРНИЦИТЕ РАЗМЕНУВААТ ЗЛАТО СО СТРАНСТВО

За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра

Македонија извезла речиси 39 килограми злато во последните пет години од што во земјата се инкасирани 1,7 милион евра. Станува збор за таканаречено немонетарно злато кое од земјата надвор го продаваат компании кои за тоа добиваат дозвола, а најчесто станува збор за златарници или фирми за откуп и преработка на злато. Само лани извезени се 3,46 килограми злато, извоз кој вреди 70.790 евра. Последните податоци од Министерството за економија покажуваат и дека количината што е извезна во 2016 година е преполовена во однос на 2015 година кога во странство од земјава се продадени седум килограми злато. Сепак, Македонија инкасирала повеќе пари лани отколку во 2015 година затоа што цената на благородниот метал е во постојан раст.

Најголема количина во 2014 година

Најновите податоци од Министерството што ги доби „Дневник“ за лани покажуваат дека извезената количина во последните две години се намалува, но вредноста на извозот варира во зависност од цената на благородниот метал на берзата. Ако се анализира по години и само по количина, лански се извезени 3,46 килограми, во 2015 година седум килограми, а во 2014 година од Македонија биле извезени 25 килограми злато. За 2013 година нема податок за количината, а во 2012 година биле извезени три килограми немонетарно злато. Во сите пет години до лани извозот е околу 39 килограми или можеби надминува и 40 ако се вкалкулираат податоците и за 2013 година. Во таа година практично е најголема и вредноста на извезените количини, односно тогаш од извоз на злато во Македонија влегле околу 847 илјади евра. Во 2012 година извозот вредел нешто над 90 илјади евра, во 2014 година за извезените 25 килограми се добиени 656 илјади евра, во 2015 година над 35.000 евра, а лани од извозот во земјава се влезени 70.000 евра. Вкупно во сите пет години извозот вреди 1,9 милион евра.

Од Министерството за економија не соопштуваат колку и кои фирми имаат дозволи за увоз и за извоз, само информираат дека станува збор за малку фирми.

Увозот е помал

Во исто време Македонија е и увозник на злато, а најчесто фирмите што имаат дозвола за извоз и увезуваат. Лани за цела година биле увезени само 0,009 килограми во вредност од 405 евра. За петте години вкупниот увоз е 153 килограми злато за кое од земјава се одлеани речиси 146 илјади евра. И увозот варира по години, па, така, во 2012 година нема купени количини, во 2013 година увезен е еден килограм, во 2014 - 56 килограми, а во 2015 година дури 96 килограми.

Инаку, дозволите за извоз и увоз се даваат одвоено и важат по шест месеци. Познато е дека златото најмногу се купува од Турција, а се продава во западноевропските земји. Kоличините зависат од потребите на овие компании, но и од цената на металот на светскиот пазар.

Инаку, во годините претходно или пред 2012 година од Македонија во странство се извезувале поголеми количини злато.

Александра Томиќ

#



Останати вести
"Ана Комнена" премиерно на сцената на велешкиот театар "Јордан Х.К.- Џинот"
Командант Соколи: Да бев јас главен, во Куманово ќе имаше многу повеќе загинати
Амал и Џорџ чекаат близнаци
Миркуловски уште една година со Вецлар
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Шпанската принцеза Кристина ослободена од обвинението за даночно затајување
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Геолозите открија нов континент во Тихиот Океан
В понеделник пресудата по тужбата на Цветковски против СДСМ, Заев и Костовски
Во Канада се одржува избор за најубава замрзната фризура
Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат
Дориан Бабунски отстапен на Радомље
Ученичка почина на час во ГУЦ
Работна група на СДСМ го разгледува возвратениот предлог на ДУИ
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
Обдукцијата ќе покаже како починал младиот кочанец
Kумановци и најтрофејниот ќе водат најтешка битка
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион
Да не се драматизира, оптимист сум дека ќе се формира влада

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести