период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 19.05.2017, 10:35

Крис Корнел се самоубил



Крис Корнел, водачот на групите "Саундгарден" и "Аудиослејв" се самоубил со бесење. Ова се официјалните податоци од медицинската анализа откако беше пронајден мртов во хотелската соба. Во неа престојуваше по свирката во театарот "Детроит фокс", во рамките на американската турнеја. Му преостанаа уште шест настапи. Музичкиот свет го изгуби најкарактеристичното грло, кое галеше со кадифениот израз, а освестуваше со рапавоста при изведбата.

Од загубата на Корнел шокирани се и обожавателите и членовите на семејството (ќерката од првиот брак со Сузан Силвер, која беше менаџерка на Саундгарден и ќерка и син од бракот со парижанката со грчко потекло Вики Карајанис).

Корнел е еден од основачите на гранџ сцената од Сиетл. Пред да почне да се занимава со музика бил готвач. Потоа го основа "Саундгарден". Во почетокот беше на тапани, а по доаѓањето на Мет Камерон стана вокалист на бендот. Карактеристичен беше по широкиот вокален распон од четири октави. Со "Black Hole Sun и Spoonman им донесоа Греми.

Во 2001 ја формираше "Аудиослејв", заедно со Том Морело и Тим Комерфорд и Бред Вилк. Петте милиони продадени албуми со "Саундгарден", двата милиона со "Аудиослејв" ќе останат запаметени во музичката историја.





#



Останати вести
Моника Белучи страсно љуби на сцена

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести