период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 19.05.2017, 18:08

СРЕДБА НА ЗАЕВ И АХМЕТИ ЗА НОВАТА ВЛАДА

Ахмети, Kасами и Села ќе добијат девет ресори

Максимум девет министерски позиции ќе добие албанскиот политички блок во преговорите со мандатарот Зоран Заев во новиот владин кабинет. Извори од преговорите за новата влада брифираат дека Али Ахмети ќе треба да се задоволи со четири министерства и две вицепремиерски места, а две или евентуално три министерства ќе треба да поделат Беса и „Алијансата за Албанците“ доколку двете партии одлучат да седната на „Илинденска“. За „Алијансата“ се токми ресорот здравство, а за Беса, доколку биде дел од владата, ресор ќе треба да отстапи Заев.

На средбата меѓу мандатарот Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на „Бихаќска“ вчера напладне и официјално почнаа преговорите за владиниот кабинет, но и од двете партии нема детали за преговорите, освен штури соопштенија дека се преговарало за принципите на соработка, реформската влада и евро-атлантските интеграции.

Дека албанскиот политички блок ќе треба да се задоволи со вкупен број ресори, осум или девет, колку што во последниот мандат раководеше ДУИ, навести Ахмети во една телевизија на албански јазик. Тој изјави дека од досегашните средби со Заев во принцип е договорено Албанците да добијат еднаков број ресори како и досега.

- Во принцип е договорено Албанците да имаат еднаков број ресори како и досега. Има зголемување, го имаме претседателот на Собранието, но треба да се разговара и со другите партии за да се најде заеднички јазик за водење на државата - изјавил Ахмети.

Неофицијално, ДУИ ќе ги добие ресорите образование, локална самоуправа, животна средина и економија, како и вицепремиерските позиции за Рамковниот договор и за евроинтеграциите.

Сепак, неизвесно е дали интегративците ќе се согласат да имаат помалку ресори бидејќи апетитите на ДУИ на почетокот од преговорите за поддршка на владата на Заев беа да ги задржат осумте ресори.

Последниот владин состав броеше 25 ресори плус премиерската функција, од кои пет вицепремиерски позиции, 13 министерства и седум министерства без ресор.

По тет-а-тет средбата меѓу Заев и Ахмети, од партиите соопштија дека разговарале за принципите на владеењето и дека во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дале поддршка за состав на новата влада и дека потоа ќе преминат на конкретните решенија за ресорните министерства.

И портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, изјави дека најважни се принципите, а не распределбата на ресорите.

- Сосема е небитно прашањето за ресорската распределба или персоналната распределба на имиња или ресори по политичките партии. Она што е најбитно за Македонија е да ги смениме принципите на функционирање, односно враќање на системот на функционирање во кој граѓаните ќе ја чувствуваат владата како своја - изјави Шилегов.

Тој повтори дека очекуваат бргу да завршат разговорите и владата што побргу да се формира.

- Ќе разговараме со сите партии што ги дадоа потписите за мандат, во тие разговори ќе бидат дефинирани позициите на сите партии во смисла на подршка на владата или на партиципација, дали тоа ќе биде преку ресорно учество или преку политичка подршка ќе биде резултат на тие преговори - вели Шилегов.

Од ова се навестува дека СДСМ с` уште не е на чисто дали дел од новата влада ќе бидат и „Алијансата за Албанците“ и Беса.

Од СДСМ потенцираат дека начелно сите партии се согласиле во новата влада да нема инкриминирани лица во истрагите на СЈО, но потврда за ова нема од партијата на Ахмети, која единствена од албанскиот блок е засегната од истрагите на СЈО.

Шилегов: Ќе нема промени на владината програма

Шилегов е дециден дека веќе објавената програма на новата влада нема да претрпи измени поради усогласување со изборните програми на партиите на Албанците.

- Програмата што ја објави СДСМ во себе имплементира доволен број мерки опфатени со програмите на другите партии - изјави Шилегов.

Наспроти ова, и од „Алијансата за Албанците“ и од Беса повеќепати повторија дека допрва ќе преговараат со Заев за владината програма и оти ќе влезат во владата доколку нивните програми се усогласат со владината програма на социјалдемократите.

Мариела ТраJковска

#



Останати вести
Претседателот Иванов во работна посета на Јордан
Москва се надева дека македонските лидери самостојно ќе го зацртаат патот за излез од кризата
Груевски: Во 2006 од СДСМ наследивме буџет од 3 милиони евра
За СДСМ, пописот сега не треба ни да се запише во владината програма

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
http://adiblogmk.com, 19.05.2017 22:23:51
Ne mozhe sds da odlucuva za Ministerski mesta mora da dae kolku ce mu pobaraat
RAZOCARAN VMRO-VEC, 21.05.2017 07:07:01
RFORMI VETIVTE ZA STO DENA A JAS KAKO VETERAN NA VMRO VI DAVAM DVESTA DENA,I GO BARAM ZAKONOT ZA BRANITELI I STECAJCI DA BIDE MEGU PRVITE ZAKONI AKO NE DONESETE TAKOV ZAKON TOGAS CE BIDETE USTE EDNO RAZOCARUVANJE NA GRAGANITE KOI GO DOPREA DNOTO NA SIROMASTIJA.
Најнови вести