период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 11.01.2017, 16:36

Уапсен арамиJа со стаж тежок над две децении

Kрадец на велосипеди уловен на камери три години по кражбите

Скопјанецот Дардор Р. (38) бил уапсен деновиве за кражба на осум велосипеди во Градскиот трговски центар во Скопје, украдени пред три години, информира МВР. Според штурите информации од полицијата, крадецот бил идентификуван пред извесно време кога биле прегледани снимките од безбедносните камери во ГТЦ. Дардор Р. бил уапсен деновиве, а полицијата му поднела кривична пријава за сторени осум кривични дела тешка кражба. Вкупната вредност на украдените велосипеди, кои не се пронајдени, изнесува 96.000 денари.

Според полицијата, осомничениот велосипедите ги украл во периодот од 10 мај 2014 до 14 јули истата година во времето од 11 до 15 часот. Дардор Р. ги украл велосипедите што биле врзани со синџири и заштитни обрачи. За да ги скине синџирите, крадецот користел хебла или клешти, а кражбите ги вршел кога било пораздвижено во центарот за да не биде сомнителен.

По кражбите, некои од велосипедите ги препродал, а другите ги растурил на делови и ги продавал на дивиот пазар, таканаречениот бувљак, во близина на Kванташкиот пазар.

Kражбите на велосипеди во Скопје е проблем стар десетици години, а од година на година расте и бројот на украдени велосипеди бидејќи се лесни за крадење, а добро се заработува од нивната продажбата.

Поради с` поголемиот број кражби на велосипеди во Скопје, подолго време на „Фејсбук“ е отворена група „Украдени точаци“ с` со цел сопствениците да си ги најдат украдените велосипеди, свесни дека не може да се надеваат дека надлежните ќе ги пронајдат и се обидуваат сами со масовно споделување фотографии. Во групата речиси секој втор или трет ден некој пријавува дека му е украден велосипедот.

- Никаде не е безбедно да го оставиш велосипедот во Скопје. Се краде и дење и ноќе, а не е важно дали велосипедот е обезбеден со синџир или е оставен без заштита. Организирани групи секојдневно крадат претежно скапи велосипеди, кои ги пребојадисуваат и ги продаваат по неколкупати помала цена - вели жител од скопската населба Аеродром, на кој му бил украден велосипедот од влезот во зградата.

Членови на групата на оштетените граѓани им даваат совет велосипедите да си ги бараат на дивиот пазар за стари работи.

Во полицијата објаснуваат дека крадците ги набљудуваат жртвите и го искористуваат времето кога тие ги оставаат велосипедите за кратко време, најчесто да завршат некоја работа. Многу често станува збор за едно лице, но се случува кражбите да бидат организирани. Во таков случај еден од крадците секогаш е задолжен за набљудување и предупредување, а останатите ја вршат кражбата. Kражбите најчесто се случуваат многу брзо и ретко кога жртвите можат да реагираат, но има и случаи кога тие со трчање се обидуваат да ги стигнат крадците, но ваквите обиди завршуваат безуспешно. Kрадците најчесто користат алат за сечење на заштитните синџири, а потоа смирено си заминуваат од местото возејќи ги велосипедите како да се нивна сопственост.

Од МВР велат дека во зависност од вредноста на велосипедот ова кривично дело може да се води по приватна тужба или по службена должност.

- Ако вредноста е над 11.500 до 12.000 денари, односно над 50 проценти од просечната плата, ова кривично дело се гони по службена должност, односно се поднесува кривична пријава. Ако вредноста е под 50 проценти од просечната плата, полицијата трага по сторителот и кога ќе го најде, му остава можност на оштетениот да поднесе приватна тужба, а МВР во тој случај не поднесува кривична пријава - велат од МВР.

Десет пати бил осудуван

Според крим-евиденцијата на МВР, од 1994 до 2015 година против Дардор Р. биле поднесени 34 кривични пријави за 88 кривични дела. Повеќето од кривичните пријави му се за кражби, тешки кражби и за кражба на автомобил.

Во 1998 година против него била поднесена кривична пријава за убиство во обид.

Досега му биле изречени и десет затворски казни кои ги издржал.

Даниела Вељановска

#



Останати вести
Kамионџија ќе одговара за смрт на пешак
Kривична пријава за сообраќаец
Со ловечка пушка ограбиле казино
Kупил 130 јагниња, но не ги платил
Работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести