период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 26.12.2016, 12:27

ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ БРОНХИТИС

Ублажете ги симптомите со кромид, жолчка и банани

Бронхитисот може да биде акутен или хроничен. Акутниот бронхитис обично е предизвикан од инфекција на респираторниот тракт. Хроничниот бронхитис е предизвикана од постојана иритација на бронхијалните тубули како последица најчесто на пушење. При акутниот бронхитис состојбата се подобрува во рок од неколку дена, но кашлицата може да трае со недели. Хроничниот бронхитис бара лекарска помош. Постојат многу природни лекови за лекување бронхитис и за ублажување на симптомите.

ПРИЧИНА Е И ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ

Бидејќи постојат два типа бронхитис, причините се различни.

o Акутен бронхитис - е предизвикан од вирусна инфекција. Вирусите на настинка и грип може да предизвикаат бронхитис. Иритацијата на горниот респираторен тракт со прав и чад и вдишување гасови може да предизвика акутен бронхитис.

o Хроничен бронхитис - најважната причина за бронхитисот која може да трае со месеци е пушењето. Изложеноста на одредени загадувачи е уште една причина за хроничен бронхитис. Луѓето што се постари од 45 години и кои постојано работат во област со јаглен, имаат работно место поврзано со заварување, азбестните фабрики, се изложени на зголемен ризик од развој на бронхитис.

Симптоми на бронхитисот

Вообичаени симптоми на акутен или хроничен бронхитис се:

o кашлица
o слуз во респираторниот тракт
o непријатност
o замор
o блага треска
o сува кашлица
o слуз или искашланица со жолтеникава или зеленикава боја
o Свирење по кашлањето

Симптоми на хроничен бронхитис се:
o редовна кашлица со голема количина слуз
o останување без здив
o кашлица што трае подолго од три месеци

Постојат многу едноставни и ефективни природни лекови што може да го излекуваат бронхитисот.

ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ БРОНХИТИС

ЧАЈ ОД КРОМИД

Се верува дека кромидот е најдобриот лек за бронхитис.

Рецепт: Исчистете и измијте 1 голема или 2 средни главици кромид. Секоја главица на местото на коренот засечете ја накосо со нож (со длабочина од 5 до 6 мм). За варење на чајот треба да користите емајлирано тенџере со обем од 1 литар. Готвењето во голем сад или во друг сад не е погодно бидејќи кромидот ќе остане надвор од водата! Во тенџерето ставете половина литар вода, ставете го кромидот и гответе на тивок оган (само да врие) толку долго додека не испари половина од водата и да останат околу 200-250 грама. При готвењето тенџерето останува непокриено. Кога чајот ќе биде готов, ќе има кафеава боја и вкус на шербет, со други зборови, ќе има пријатен вкус. Се пие пред или по појадок и ручек, а последната чаша се пие во кревет пред спиење. Секогаш се пие полна чаша млак незасладен чај. Во првата недела се пие 3 пати на ден, втората недела наутро и навечер, а третата само во вечерните часови пред спиење.

МЛЕКО СО ПУТЕР, МЕД, ЖОЛЧКА И СОДА БИКАРБОНА

Сварете шолја (250 мл) млеко. Малку оладете го. Потоа додадете една лажица путер и една лажица мед. Измешајте и додадете добро измешана жолчка од јајце и 1/4 лажичка сода бикарбона. Ова е многу ефикасен народен лек не само за кашлица туку со успех третира бронхитис, ларингитис и трахеитис кај деца и возрасни.
Лекот се зема пред спиење најмалку 5 дена.
Наместо путер, во млекото може да го ставите ова чудо - мевлем.
За возрасни 1 кафена лажица, за деца 1/2 лажичка чај.

Одлично средство за протерување шлајм

Загрејте ги следните состојки и испијте ги во текот на денот - половина наутро, а половина во вечерните часови:
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажици сок од лимон
- 2 лажици вода
- 1 лажица мед

ЛЕКОВИТ КРЕМ ОД БАНАНИ

Лековитиот крем од банани е одличен природен лек против кашлица чија ефикасност е потврдена и во лекување на упорната кашлица и бронхитисот. Особено е ефикасен кај децата, но исто така и кај возрасните. Вкусен, здрав и многу хранлив и благотворно влијае на стомакот.

Ако вашето дете има болно грло и вознемирувачка кашлица - направете го овој прекрасен крем!

Многу лесно се подготвува.
Состојки:
- 2 средно зрели банани (најдобри се оние со точки на нив)
- 2 лажици шеќер или мед по желба (ако додадете мед, треба да го додадете кога смесата ќе се излади малку затоа што медот ги губи своите својства на високи температури)
- 400 мл врела вода

Начин на подготовка:
Излупете ги бананите. Добро згмечете ги со виљушка или лажица (по можност дрвена или пластична за да не потемнат).
Додадете шеќер и добро промешајте.
Прелијте со вода што врие, покријте ја смесата и нека седи 30 минути.
Ако користите мед, додадете го на крајот кога смесата ќе се олади.
Смесата (по желба) процедете ја преку пластична цедалка, а и не мора.
Консумирање:
Секогаш благо загрејте ја смесата и консумирајте ја 4 пати дневно (околу 100 мл).

Секој ден направете нова доза - лесно е.

ЧАЈ ПРОТИВ КАШЛИЦА
Состојки:
- лажица корен од бел слез
- лажица ленено семе
- лажица жалфија
- 1 лимон се сече на тенки парчиња
- 250 мл вода
- 250 гр кафеав шеќер
Начин на подготовка:
Во тенџере ставете вода, а потоа додадете го кафеавиот шеќер. Кога шеќерот ќе се стопи, додадете ги другите состојки и сето тоа гответе го на тивок оган околу 15 минути.
Потоа смесата ставете ја на ладно и процедете ја. Земајте една лажичка сируп три пати на ден. Сирупот се чува во фрижидер.

ИНХАЛАЦИЈА СО КАМИЛИЦА
Земете голем пластичен сад и во него ставете 50 г цветови од камилица, 2 литра врела вода и крпа. За садот изберете место каде што сигурно ќе стои. Камилицата ставете ја во садот и прелијте ја со топла вода. Ставете го детето во скут и седнете пред садот. Покријте се преку глава со крпа и вдишувајте ја пареата - не оставајте го вашето дете само ниту за момент! Детето треба да дише преку нос и да издишува преку уста. Инхалирајте двапати на ден.

Чај за кашлица за деца постари од 1 година
Овој домашен лек е наменет за деца не помали од 1 година старост. Земете по 10 г анасон, иситнет анис и цветови од лопен и 15 г цвеќиња од слез. Две лажички од оваа мешавина прелијте со 2 дл вода, покријте и оставете 10 минути, процедете и вашето дете нека пие чаша трипати на ден.

Млеко со мед
Во една чаша топло млеко ставете една лажичка мед, па кога ќе се појави кашлица, дајте му на вашето дете секоја вечер пред спиење.

(Е.Т.Е.)



#



Останати вести
Неколку знаци дека страдате од празничен стрес
Супите и медот - здрава увертира на зимското мени
Продолжениот режим на хормонална контрацепција го одложува месечното крвавење
Масло од кучешки трн - сојузник на вашето здравје и убавина
Масла и маски го намалуваат целулитот
Босилек за здраво срце

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести