период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 20.04.2017, 16:00

ЕНОРМНИ ЗАГУБИ ОД ПЛАГИЈАТИ

Во ЕУ најфалсификувани лековите, кај нас спортската опрема и чантите

Европската Унија годишно губи речиси 82 милијарди евра како резултат на трговија со фалсификувана стока, покажува последното истражување на ЕУ. Од земјите членки кои се најпогодени со оваа продажба се издвојува Бугарија, која годишно губи околу 374 милиони евра. Оваа вредност е двапати повисока од просекот на останатите земји на Унијата. Истражувањето е спроведено од страна на Kанцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост (ЕУИПО) преку Европската опсерваторија за прекршувања на правата на интелектуална сопственост. Продажбата на фалсификати не ја заобиколува ниту Македонија. Женски чанти и паричници, играчки и храна, спортска облека, козметика и парфеми се само дел од фалсификуваната стока што може да се најде на нашиот пазар. „Адидас“, „Најки“ и „Пума“ се најчесто запленети на пазарот. Има и чанти „луј витон“, парфеми „шанел“, „давидоф“, но и кремови за лице, кармини, бои за коса. Државниот пазарен инспекторат во рамките на законските надлежности лани направил стотина контроли, а до основните судови во државава поднесени се голем број барања за поведување прекршочна постапка. Според светските медиуми, глобалната трговија со фалсификувана стока го чини пазарот 612 милијарди евра. Од нив речиси 30 отсто се фалсификувани алкохолни пијалаци, дваесет отсто опаѓаат на фалсификувана брендирана облека, 15 отсто на чевли, а остатокот се детски играчки, резервни делови за автомобили, лекови и козметика.

Се губат работни места

Директорот на Пазарниот инспекторат на Македонија, Виктор Дерменџиев, вели дека и кај нас има проблеми со фалсификуваните брендови.

- Од страна на нашите инспектори се прават и редовни и вонредни контроли. Иако проблемот со фалсификуваните стоки се намалува од година на година, сепак го има. Во најчест случај идентификувани се фалсификати кај облеката, обувките, текстилните производи и чантите - вели Дерменџиев. Надлежните посочуваат дека кај прехранбените производи и пијалаците лани се извршени неколку инспекциски надзори по претставки од носителот на правото на заштитена трговска марка.

Според заплените во праксата, како најчесто фалсификувани трговски брендови се јавуваат „Најки“, „Адидас“ и „Пума“. На прашањето дали има пријава за познати брендови на очила и часовници бидејќи с` почесто на социјалните мрежи се продаваат познати брендови, во ДПИ велат дека нема пријави во делот на заштита на позната брендови часовници и очила.

Од таму препорачуваат граѓаните пред да донесат одлука за купување да се информираат за кредибилитетот на електронската продавница од која купуваат.

- Повеќето од фалсификуваните производи и визуелно и со квалитативните својства значително отстапуваат од оригиналните производи - велат во Пазарниот инспекторат.

Загубени работни места

Според европското истражување, штетите од фалсификувањето и пиратеријата како целина во Европската Унија секоја година изнесуваат стотици милијарди евра. Освен пари, тоа се и изгубени работни места. За Бугарија процените се дека според обемот на трговијата со фалсификувана стока земјата губи 23.400 работни места. Истражувањата покажуваат дека најизразени се загубите на работни места во девет сектори во ЕУ, и тоа козметички производи и производи за лична хигиена, облека, чевли и додатоци, спортски стока, играчки и игри, накит и часовници, рачни торби, музички записи, алкохолни пијалаци и вино, како и фармацевтски производи.

- Бугарија е рангирана на четвртото место по бројот на загубените работни места, а најпогоден сектор кај нас е продажбата на лекови. Загубите изнесуваат 17,6 отсто од законските продажба - пишуваат бугарските медиуми. Во ЕУ, пак, најзасегнати се фабриките за производството на вино и алкохолни пијалаци.

Глобалната трговија со фалсификувани и пиратски стоки според Светската меѓународна комора за трговија е во вредност од 612 милијарди евра. Според една непрофитабилната асоцијација на американски потрошувачи која е специјализирана за контрола, последниве неколку месеци рапидно е порасната бројката на фалсификувани американски производи од познат бренд. Според неа, најчесто се фалсификувала храна, но пронајдени се фалсификувани облека и обувки.

На Балканот речиси и да нема продавница без фалсификати

Српските медиуми неодамна пишува дека речиси и не постои продавница кај нив, но и на Балканот, што не продава фалсификувана стока. На врвот на листата со запленети фалсификувани стоки кај нив се алкохолните пијалаци, и тоа дури 66 отсто. Следни се обувките и текстилот со 16 отсто или копирана козметика, лекови, разни резервни делови, играчки...

Плагијати на познати светски брендови се продаваат главно во продавници, и тоа за многу високи цени.

Валентина Ангеловска

 

#



Останати вести
Работилница за партнерство за подобра бизнис-регулатива
„Самсунг галакси С8“ и на македонскиот пазар
Проект за преквалификација и вработување ИТ-кадри
Турски ИТ и здравствени компании заинтересирани за инвестиции во Македонија
5.000 туристи од Полска ќе се сончаат на охридските плажи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести