период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Хроника
Датум: 11.01.2017, 16:10

Kамионџија ќе одговара за смрт на пешак, шест месеци откако го прегази возејќи рикверц

Жител на гостиварското село Добридол доби кривична пријава бидејќи предизвикал сообраќајна несреќа во која загина пешак, информира МВР.

Станува збор за Н.Б. (30), кој се товари за загрозување на безбедноста во сообраќајот. Трагичната сообраќајка се случила на 16 август лани околу 9.20 часот, на локален пат во Добридол. Осомничениот управувал камион „форд“ и додека се движел наназад, без претходно да се увери за сигурноста на другите учесници во сообраќајот, со задниот дел удрил во пешакот Л.Џ. (65) од Добридиол.

Пешакот по несреќата бил пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар, каде што подоцна им подлегнал на повредите.

#



Останати вести
Две деца од Гостивар и Кичево починале од грип
Работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
По два месеци истрагата утврди: работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести