период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 20.04.2017, 18:03

ПРОДОЛЖУВА КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА

СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор

ВМРО-ДПМНЕ не отстапува- бара одговори за албанската платформа. Социјал- демократите се воздржуваат од реплики. Пратениците албанци тврдат дека декларацијата не ги загрозува државните интереси. 15-то продолжение на конститутивната седница. Има уште над 40 пријавени за збор.
 

Не е демократија ако се прават отстапки од сопствените национални интереси, кои самите ако не ги почитуваме, вредноста и кај останатите станува ниск- сметаат пратениците од Коалицијата предводена од ВМРО- ДПМНЕ. Од собраниската говорница, рекоа дека свесно се игнорира вољата на гласачите, а државата преку Тиранската платформа се турка во федерализација.

Од ВМРО- ДПМНЕ забележуваат дека Социјал- демократите молчат за тоа што прифатиле од платформата за добивање на потписите за парламентарно мнозинство.

Пратениците од албанскиот блок пак остануваат на ставот дека Тиранската платформа придонесува за стабилноста на државата.

Социјал- демократите без реплики само со процедурални забелешки дека не се дискутирало за точката на дневен ред односно за изборот на членови на Комисијата за избори и именувања.

За дискусија по третата точка на конститутивната седница се пријавени уште 40-тина пратеници.

#



Останати вести
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Изјавите на Рама не се во прилог на добрососедството
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Голема Албанија значи балканска војна, ако Брисел молчи - ќе биде одговорен
Нема тет-а-тет средби меѓу Заев и Груевски
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
razocaran, 20.04.2017 21:28:20
Каква декларација каква платформа,какви бакрачи бре Имате ли ум што зборувате Ова е Македонија ваква каква што е Ако ви се допаѓа ваква во ред ако не сиктар од тука без разлика дали сте и што сте ,марш од земјата Ќе бидеме сурови кон секого што ќе ја допре Македонија
Затоа не им беше до зборење, 20.04.2017 23:52:49
За време на седницата пратениците од СДСМ ја читаа тиранската платформа и не им се веруваше што се биле спремни да прифатат нивните четворица јавачи на апокалипсата.
Најнови вести