период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 11.01.2017, 16:05

Реал го пушта, Родригез не сака да биде најскап играч во светот

Kолумбиецот Хамес Родригез, кој игра малку за европскиот фудбалски првак Реал Мадрид, доби дозвола од шпанскиот тим да ја смени средината, но тој не прифаќа понуда со која ќе стане најскапиот играч во светот според трансферот и платата што ќе ја заработува на годишно ниво. Понудата ја испратил кинескиот тим Хабеи. Реал ја прифатил, но не и Родригез. Според оваа понуда што ја пренесуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид ќе добие 110 милиони евра отштета, а Родригез неделна плата од 600.000 евра или повеќе од 30 милиони евра од сезона.

Kолумбиецот кој во Реал пристигна по СП 2014 година како голем талент и засилување за кралскиот клуб има годишна плата во Мадрид од 3,5 милиони.

Родригез кој не беше во преден план со одбивањето на кинеската понуда, дополнително го навлекол гневот на раководството на Реал по што шансите напролет да добие поголема минутажа ако остане на „Сантијаго Бернабеу“ му се многу помали. Реал со парите заработени од трансферот на Родригез планирал да тргне во акција за да го купи напаѓачот Пауло Дибала. 

#



Останати вести
Kавга меѓу играчите и раководството на Барса причина за непојавувањето во Цирих
УЕФА го казни Партизан со неиграње во Европа поради финансиски долгови
Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Седум години казнет со неиграње тенис поради наместен меч
Шарапова се враќа на терените во април во Штутгарт
АТП ќе организира завршен турнир за млади за да се подготви за смена на генерацијата
Битолчани донесоа уште еден Бразилец
Лазаров: Без математики, можеме да се справиме и со најсилните селекции
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Салата во Битола се реновира, Пелистер во Челинџ-купот два пати гостин на Спортинг
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести