период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 15.02.2017, 14:44

ВеЧно променливи идентитети

Малите човечиња како Ван Хауте

Kусо пред својата инаугурација во интервју за германскиот весник „Билд“, Трамп беше цитиран како вели дека „државите сакаат сопствен идентитет“. Во одговор на тоа, поранешниот француски премиер и кандидат на левиот центар за претседателските избори во Франција, Мануел Валс, изјави за „Фајненшел тајмс“: „Ние Европејците мора да бидеме обединети и да кажеме кои сме“. Британците, очигледно, сакаат да бидат - Британци. Истото е и со граѓаните на многу други држави во Европа. Повеќето сакаат да си го задржат својот идентитет како Данци, Унгарци, Чеси итн. Тие не сакаат европски идентитет исто колку што повеќето од Американците не сакаат да бидат „граѓани на светот“, иако поранешниот претседател грандиозно го тврдеше тоа (и со огромно задоволство пишувам „поранешниот претседател“). Па, сепак, истата таа статија во „Фајненшел тајмс“, пропагирајќи обединета ЕУ и жалејќи за исчезнувањето на истата, пишува за „профитабилниот трговски коридор“ меѓу САД и Европа како парите да се многу поважни од идентитетот. Токму спротивното е.

Минатиот месец, Питер ван Хауте, човек кој очигледно нема сопствен идентитет и кој посакува и другите да немаат сопствен идентитет, повторно ја коментира ситуацијата во Македонија пишувајќи:„Во последните неколку години, македонскиот идентитет беше оформен од една страна, мислејќи притоа на славното минато под Александар Велики, и со илузија дека еден национален идентитет може да се потпира на барокни згради и на т.н. херои од минатото. Проблемот е што националниот идентитет не е оној што мнозинството жители на Македонија го признаваат како свој, без оглед на која заедница ~ припаѓаат. Националниот идентитет, каков што е оформен во последните неколку години, е проблематичен зашто повеќето заедници во државата (Власи, Турци, Роми, Албанци) не чувствуваат никаква поврзаност со него. Проблематичен е и за многу Македонци зашто историјата што се предава во училиштата с` почесто има тенденција да забегува од научната вистина. Наместо неа, некој измислува историја, глорифицирајќи го минатото и заборавајќи ги ужасите од многуте конфликти низ кои земјата мина во минатото“.

Прво и најважно, неговиот аргумент е погрешен и лага, зашто тој се занимава со лаги и со измислување. Не, идентитетот на Македонија не бил „оформен од една страна“ во изминатите неколку години. Македонскиот идентитет е оформен низ вековите и од многу луѓе, настани и нешта. Градбите и спомениците се само израз на тоа исто како и во САД, каде што неокласичната архитектура и спомениците се израз на нашиот идентитет. Но измислиците на Ван Хауте не завршуваат тука. Оформувањето на македонскиот идентитет не е ограничен на главниот град и на другите градови – тој е оформен од нешта, настани и луѓе од целата земја и дури како реакција на настаните надвор од земјата. А неговото тврдење дека „повеќето заедници во земјата немаат никаква благонаклоност кон македонскиот идентитет е флагрантна лага и тој го знае тоа. Тој се нурнува во историјата што се предава во училиштата и тврди дека е таа измислена. Тој е тотално луд. И нема поим за македонската историја. А неговата употреба на „т.н. херои од минатото“? Тоа е најзлобниот начин да каже дека Македонија нема ни историја ни минато. И поради тоа, Ван Хауте е ситна душа.

Споредете го тоа со она што ирскиот писател и мудар човек, Ос Гинис, го пишува за историјата:„Без оглед дали сме поединци, семејства, цркви или нации, мора да продолжиме да ја раскажуваме приказната, не смееме никогаш да заборавиме и мора да подигнеме и сопствени, семејни споменици и национални споменици зашто сеќавањето е клучно за благодарноста и за обновената доверба. Со семејството уништени од катастрофата на таква намерна културна промена, губитници ќе бидат и пренесувањето на културата и традицијата, а со нив и самата цивилизација“. Денес, историјата и семејството се изложени на напад (од луѓе како Ван Хауте, Мануел Валс и Барак Обама) и сега, повеќе од кога и да е, потребно е да продолжиме да ја раскажуваме приказната за нашите семејни спомени и за нашите национални спомени - а ова е од суштинска важност - зашто сеќавањето е клуч за благодарноста и обновената доверба.

Но, на Ван Хауте не му е доволно да го остави на тоа својот напад врз идентитетот на Македонија. Тој продолжува да го нуди својот предлог за создавање национален идентитет пишувајќи: „Сепак, клучното прашање за сите заедници е: како да создадеме вистински национален идентитет? Не со постојано гледање наназад, туку со гледање напред кон иднината и кон тоа како граѓаните заедно можат да ги подобрат животните услови во земјата. Да заклучиме: националниот идентитет се сведува на тоа како соработувате и како живеете едни со други како граѓани, во границите на истата држава. На заедничко градење на вашата иднина во интерес на сите граѓани, со посветување особено внимание на сите што не се дел од мнозинството. Тоа е суштината на демократијата“. Е сега, јас не сум психолог или психијатар, ама едно можам да ви кажам: овој човек или е клинички луд или е расипан изопаченик. Или и двете.

Рускиот дисидент Александар Солженицин своевремено напиша: „За да уништиш еден народ, прво мора да му ги исечеш корените“. И Милан Kундера во својот роман „Kнига за смеата и за заборавањето“ пишува: „Првиот чекор во уништувањето на еден народ е да се избрише неговото памтење. Уништете ги неговите книги, неговата култура, неговата историја... Набрзо нацијата ќе почне да заборава што е и што била“. Минатото е од клучна важност. Сеќавањето на минатото, славењето на минатото (преку градби и книги, на пример) е од клучна важност. Но светските елити - малите човечиња како Ван Хауте - би сакале да си го заборавите минатото и веќе да не се сеќавате кои сте. Запамтете ги овие работи. И раскажете им ги на своите деца и внуци.


Џејсон МИКО

АВТОРОТ Е МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ОД АРИЗОНА (САД), И ДОЛГОГОДИШЕН НАБЉУДУВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

 

#



Останати вести
Kаменот во лавот, горчина за сите
Договорот за „Окта“ плете пајажини во нафтоводот
Индустриските зони во Прилеп отворија нови 1.000 работни места
Преговори со диктати, награди и казни

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
devicanecot, 15.02.2017 23:01:29
Почитуван Мико, Идејата за идентитет на секој народ е стара колку и народите. Но нажалост,не беше почитувана од единствената велесила после падот на берлинскиот ѕид. А, политиката на почитување на народите, и целосност на државите е загарантирана со хелсиншката спогодба, што исто така не е испочитувана од САД. Нажалост. Но, со губењето на моќта на таа велесила (со други зборови наречена империја на злото) и со мултиполарноста во светот, работите ќе си дојдат на свое место. А Ван Хауте оставете го, со неговите мачки.За Македонија и македонскиот идентитет, тој е најмалку надлежен да зборува.
George Nauman, 15.02.2017 23:59:31
Благодарност до г-н Мико за анализата на мачорот од Брисел. Јас мислев дека веќе го нема, но ете се јавувал. Дали има некој да го праша да им каже на неговите Фламанци дека не се Фламанци, ниту пак Белгијци (иако со гаранција можам да тврдам дека тоа лица нема поим од каде потекнува идентитетот Белгиец), како и на Валонците или Германците не се тоа што се?! Затоа, можам само да се сложам со г-н Мико дека тоа лице е или лудо или расипано до коска или и двете.
за идентитетот - 1762 лето, 16.02.2017 01:09:08
Според истражувањето на Гаврил Крстовиќ, српски истражувач во Цариград од 1869 година, кој имал на располагање голем број документи од архивата на Вселенската патријаршија (ВП), но и на Турската Империја, а во врска со укинувањето на Охридската архиепископија (ОА) (1767г.), барањето на ВП за укинување на ОА е базирано врз лажни обвинувања и фалсификувани документи. Цариградска тајна стара 250г. Патријархот Самуил заедно со синодот на Цариградската патријаршија фалсификувал документи, со кои, укинување на ОА наводно побарал самиот Арсениј, архиепископ на ОА, заедно со епископите и со верниците. Според таквото фалсификувано барање, главна причина за укинување на ОА е нејзиниот финансиски крах, но и на сите епархии со кои управувала. Но вистинската причина за укинување на ОА е желбата патријаршијата во Цариград, односно Грците, да ги приграбат за себе сите 31 епархија со кои раководела ОА
EU, 16.02.2017 01:15:11
Do tuka li stasavte druzejki se so Gruevski. Da se rasfrlate so navredi kon covek sto nisto ne vi zgresil, da potcenuvate i vo isto vreme da podmetnuvate. Vasiov napis protiv Van Hojte, koj ne e mal covek, sigurno e za glava povisok od vas, a za mislata nema prostor za sporedba, vo negova korist, mnogu zalicuva na vmrovskata histerija protiv Soros. Tazno, tazno, no uste eden dokaz deka gruevizmot,kako i trampizmot se mnogu zarazni bolestii.
Nikola, 16.02.2017 02:19:01
Platenik...stoka, mislam na tebe ne na Van Haute...
ковник, 16.02.2017 06:40:01
За, Ван Хауте: Некој пред НАС ,се изјаснувале за акедонци (идентитет0. А,сега ;;ВИЕ,, В.Хауте велите дека да несме гледале нааѓназад. Е, затоа ,,ВИЕ,, сте ал човек. И,продолжете дз си играте со мачките,а не да НИ измислувате ИДЕНТИТЕТ.на македонците.
Samoil, 16.02.2017 08:45:52
Ван Хауте не ги лустрираше македонските писатели од блиското минато, не ги прогласуваше за џуџиња тие што го систематизираа официјалниот македонски јазик, не го наметнуваше сосила барокниот стил. Владеачката врхушка на ДПМНЕ ги натера своите сонародници македонци, посебно оние кои не се членови на нивната партија, да ја напуштат својата татковина барајќи нормални услови за живот. Првенците на ДПМНЕ, на чело со голем број од оние што се самопрогласуваа за основачи, побрзаа да дојдат до бугарски пасоши потпишувајќи изјави со кои признаваат дека не се македонци. Не може да биде стварање национален идентитет градење макети од стиропор и гипс картон во стил од пред неколку века. Националниот идентитет не може да се гради на ликот на Ќосето кој убивал македонци само затоа што не мислеле како него и неговите наредбодавци. Сигурно не е демократија начинот на кој доселените американци „оствариле“ соживот со домородните индијанци. Кој тука е луд ?
praveden, 16.02.2017 09:02:55
Identitetot i Individualno i Kolektivno pravo na eden Narod samiot da si go izbere, jas sum Makedonec zatoa shto se chustvuvam kako takov. Na mene a mislam i milioni Makedonci shirom Svetot i vo Republika Makedonija go delat moeto mislenje koga bi mi ja ponudile cela Grcija da e moja sopstvenost no za vozvrat da se odkazam od mojot Makedonski Idetitet i vo zamena da go zemam Grchkiot Idetitet jas ke pluknam na ponudata, poveke bi sakal da bidam mrtov nego da bidam Grk.
praveden, 16.02.2017 09:03:45
Identitetot e Individualno i Kolektivno pravo na eden Narod samiot da si go izbere, jas sum Makedonec zatoa shto se chustvuvam kako takov. Na mene a mislam i milioni Makedonci shirom Svetot i vo Republika Makedonija go delat moeto mislenje koga bi mi ja ponudile cela Grcija da e moja sopstvenost no za vozvrat da se odkazam od mojot Makedonski Idetitet i vo zamena da go zemam Grchkiot Idetitet jas ke pluknam na ponudata, poveke bi sakal da bidam mrtov nego da bidam Grk.
USA, 16.02.2017 09:56:19
G-ne Miko, Sekoja cest za kolumnata. Golem Pozdrav
Најнови вести