период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 19.04.2017, 18:05

ХУМАНИТАРНА АKЦИЈА ЗА ПОМОШ НА ШЕСТМЕСЕЧНО БЕБЕ

Да го спасиме срцето на Миа

Миа Стефановска има само шест месеци. Taa имаше и сестра близначка, иста како неа, но таа починала неколку дена по раѓањето, нејзиното срце не издржало. Но срцето на Миа, иако мало, не попушта и таа се бори за живот. Во тоа мало срце има многу љубов за сите, но на Миа срцето е малку непослушно, па нејзините родители на сите страни бараат совет и помош, како тоа мало срце да се стави во ред.

Миа е предвреме родена, на 8 месеци и има срцев недостаток и нешто повеќе од 2 килограма.

Досега ~ се направени две операции во третата градска болница во Софија оти за жал во Македонија лекарите не можеле да ~ помогнат.

За да може Миа да продолжи да се радува со нејзините постари братчиња и родители мора да обезбедат пари за уште неколку операции во Софија.

- Целата приказна за Миа и нејзината мајка е многу силна. Елена, мајка ~ едвај донесе на свет две дечиња, Никола и Јован, сега веќе пораснати. И тие беа намачени уште од стомак по триста болници и царски резови, од кои нејзината глава поради тромбозата висеше на конец потенок од пајажина. Пред нив, поради абрупција на плацентата, две отидоа. Но, Елена реши да истрае докрај, а е тешка едвај педесетина килограми. Две срца биеја во борба за живот и предвреме излегоа од мајка си. Барем да се родеа некаде пред деветти месец, а не сега кога белите дробови на бебенцата не се развиени. И тука почна вистинската борба за двете бебиња - вели Сандра Томовска, нејзина роднина, која организира неколку хуманитарни настани за да му помогне на ова дете.

Елена се породила и ставена е на апарати. Мажот ~ е во Германија, а Елена останала сама да се избори за двојното мајчинство. Дома ја чекаа две, а во инкубатор уште две деца.

- Бебињата беа стабилни и покрај црните прогнози за помалото Миа оти има срцева мана, кобна за животот на бебенцето. Елена издржа од љубов, носи душата, по цена на сопствениот живот и тромбозата поради која секојдневно прима инјекции да стане мајка на четири деца и сама да се бори за Миа на клиниките во Софија - вели Томовска.

Миа е оперирана неколкупати, но меѓувреме настанале компликации со белите дробови. По последната операција, здравствената состојба на девојченцето била стабилна, но Миа има шест месеци и дише само со помош на апарати.

Докторите и рекле на мајката дека детенцето ќе треба да се соочи со уште една операција, да и постават пејсмејкер на срцето. Жално е, Миа е тешка само 2 килограма и 700 грама и не може да напредува поради срцевата мана.

Девојченцето прво било на клиниките во Скопје. Но, во Софија ја однеле родителите откако побарале второ мислење. Трошоците за транспорт сами си ги покриле, ама секојдневно семејството има нови болнички трошоци што не може да ги намири. Допрва ќе знаат колку ќе треба да платат и за престојот на мајката Елена во болницата.

Роднините на ова семејство замолуваат хуманите граѓани да помогнат, да донираат на сметката на мајката на болното девојченце.

Хуманитарна акција организира и Црвениот крст на 15 април. Се продаваа рачни изработки, а граѓаните донираа пари за Миа. Шестмесечното девојченце е вистински борец иако има многу проблеми, а најблиските се со надеж дека ќе остане жива.

Мариjа Тасев

#



Останати вести
Општина Карпош побара истрага за пожарот
„Парамор“ се враќа со нов албум
Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување
Македонски државјанин протеран од Данска поради сексуални напади врз 22 жени
Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо
Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Ученик нападнал наставник во училиште во Симница
Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија
Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак
Познат идентитот на напаѓачот од Шанзелизе
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Протестен марш за „Заедничка Македонија“ во Скопје по 53-ти пат
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести