период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 14:05

Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (23) од село Дебреште, Гостиварско поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“.

Како што соопшти денеска МВР, првото кривично дело пријавениот го извршил на 26 декември 2016 година во деловната просторија на сервисот за мобилни телефони „Мобител“ во рамки на ДООЕЛ „Прима“, лоциран во градскиот безистен во Струга, сопственост на И.Ќ. од село Октиси. Крадецот со употреба на подесен предмет од излогот одзел повеќе мобилни телефони.

Второто кривично дело пријавениот го извршил на  27 декември 2016 година во менувачница „КЕ-МЕ“, лоцирана на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“ во Струга, сопственост на М.М. од Струга. Пријавениот со подесен предмет ја отворил вратата од каде одзел 50 швајцарски франци и метален сеф во кој имало метални монети денари и евра, со што е причинета материјална штета од 70.000 денари.

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести