период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 12:18

ПРЕТСТАВИ ЗА НАЈМЛАДАТА ПУБЛИKА

„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет

Од младата публика зависи кој ќе ги следи претставите на Македонската опера и балет во иднина. Ова е една од причините поради која децата деновиве ќе може да проследат две претстави во наредните денови. „Снежана и седумте џуџиња“ и „Оревокршачка“ ќе бидат на репертоарот на МОБ во следните два викенда.

Викендов, на 14 и 15 јануари во 12 часот, на големата сцена ќе биде изведена популарната „Снежана и седумте џуџуња“. Децата ќе може да уживаат во играта на популарните Смешко, Учо, Лутко, Спанко, убавата принцеза Снежана, Принцот, Грдата Вештерка и други. Од МОБ велат ова е една од најизведуваните претстави за деца во Македонската опера и балет, на која секогаш нашата најмлада популација го исполнувала салонот до последно место.

- И по новогодишните празници на репертоарот ќе продолжиме да поставуваме претстави за деца. Ќе имаме детски викенд секој месец, од кои нашата најмлада популација ќе може да се едуцира и да го почувствува амбиентот на театарот - велат од МОБ.

Билетите распродадени

Иако отсекогаш биле подготвувани и детски претстави, посебниот третман на детската публика почна уште лани во мај, со воведување на Мали мајски оперски вечери во рамките на традиционалната манифестација Мајски оперски вечери. Тогаш премиерно беше изведена операта „Црвенкапа“, неколку концерти и детски балет.

- Малите мајски оперски вечери ќе се одржат и годинава во мај, ќе биде изведена премиера, само с` уште не е одреден насловот. Веројатно ќе биде балетска претставата, но и тоа не е до крај дефинирано. Мора да им се посвети големо внимание на децата бидејќи од најмалата публика зависи кој ќе ги гледа нашите претстави во иднина - вели Горан Цветковиќ, директор на маркетингот во МОБ.

Според него, интересот за овие претстави е огромен, а билетите секогаш се продадени на денот на изведбата. Тоа важи и за предновогодишните претстави кои беа на репертоарот на МОБ.

Бројот на претстави зависи од просторот на репертоарот

На прашањето дали се планира нивниот број да се зголеми, Цветковиќ вели:

- Тоа зависи од просторот. Ги ставаме најмногу што можеме на репертоарот во текот на еден месец. Што повеќе простор на репертоарот, повеќе ќе ги ставаме и детските претстави - вели тој.

Претпоследниот викенд месецов (на 21 и 22 јануари) напладне ќе биде изведена популарната балетска претстава „Оревокршачка“. Се работи за детска бајка чиј автор Т.А.Хофман, дејството го поврзал со празнувањето на големите празници. Врз основа на бајката, Мариус Петипа го пишува либретото, а музиката ја компонирал Петар Илич Чајковски. Се работи за едно од најпопуларните и најизведувани дела, на сите светски сцени.

И оваа претстава ќе биде изведена на големата сцена во МОБ:

- Се надеваме на радост на нашата најмлада публика, иако претставата е приемчива и за останатите возрасти - велат од МОБ.

(В.И.И.)

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести