период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 10.01.2017, 11:59

Вардарки ќе почнат со натпревари во регионалната лига

Следните пет месеци ќе бидат мошне важни за ракометарките на Вардар кои се надеваат дека конечно ќе го скршат малерот и ќе стигнат до финалето во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионките. Вардарки ги почнаа подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Првиот дел од подготовките ќе ги реализираат во салата во СЦ „Јане Сандански“ каде што тренерот Давид Дејвис го има комплетниот тим на располагање, заедно со „златната“ Kамила Херем и „бронзените“ Амандин Лејно и Алаксандра Лакрабер. Трите настапија на последното ЕП за жени што во декември се одржа во Шведска каде што со своите селекции освоија медали.

По првиот дел од натпреварите по групи во Лигата на шампионките, Вардар го освои првото место и пренесе седум бода во главната фаза од натпреварувањето. Вардар е единствен без пораз по првата фаза. Во главната фаза ривали ќе му бидат Будуќност, Мец и Турингер. Ќе се играат уште шест кола и првите четири екипи ќе се пласираат во четврт-финалето. Првиот меч е на 29 јануари кај Будуќност.

Пред да почнат со обврските во ЛШ вардарки првин ќе се загреваат со мечевите од обновувањето регионално натпреварување во ВРХЛ-лигата. До петок ќе тренираат во Скопје, потоа вардарки ги очекуваат и натпревари од првиот круг во Регионалната ВРХЛ-лига. Вардарки в петок напладне заминуваат за Подгорица и веќе в сабота имаат дуел со Будуќност, а в недела се среќаваат со Kрим. Дуелот со Будуќност е закажан за в сабота 18.30 часот во Подгорица. Мечот во недела со Меркатор се игра во 16 часот.

#



Останати вести
Скопјанец измрзнал чистејќи снег, 105 лица добиле фрактури
Во тепачка во Боговиње, повреден 51-годишен маж
Србија испрати барање до Париз за екстрадиција на Рамуш Харадинај
Истражување: Алкохолот не прави посреќни
Непродадени се 2.842 стана, а во градба се 7.969
ФИФА одлучи: На Светските првенства ќе играат 48 репрезентации
Кривична пријава за гостиварец за две тешки кражби
„Снежана“ и „Оревокршачка“ - детски викенди во Македонската опера и балет
Четкар со шоу на џез-фестивалот во Индонезија
Направила изложба од фотографии со пениси што и ги испраќаат мажи
Намалени трошоците на живот и цените на мало
Во Полска за 24 часа починаа шест лица од студ
Почнаа партиските комбинаторики и пазарења за нова влада
„Ла ла ленд“ со рекордни 7 статуетки, Џими Фалон потфрли со шегите
Почина Дарко Гашпаровиќ, истражувач на македонската култура и уметност
Миркуловски: Нашата цел е да ја минеме групната фаза
Пронајден мртов рускиот амбасадор во Атина
Трамп останува на главното ветување, но ѕидот со Мексико ќе го плаќа САД
Московјани возеа велосипед на -27 степени
Град Скопје: Претпријатија ги чистат тротоарите од мраз
БЕГ: Парното во Скопје не се исклучува ноќе

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести