период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 19.05.2017, 15:26

АНАЛИЗА НА „ФРАНKФУРТЕР АЛЕМАЈНЕ ЦАЈТУНГ“

Половина милион бегалци бараат работа во Германија

Миграцискиот бран кон Германија се повлече, барем во последно време. Во земјата е мирно, пишува „Франкфуртер алемајне цајтунг“ и информира дека приемните центри во Германија се полупразни. Во провинцијата Хесен, на пример, во есента на 2015 имало 62 приемни центри, а сместени биле 25 илјади бегалци. Денес работат само 9 центри, кои даваат засолниште на 2.500 бегалци. И во другите германски провинции нагло опадна бројот на бегалците сместени во неколкуте прифатни центри кои с` уште работат. Дел од нив се подготвени во случај во текот на летото да почнат да пристигнуваат поголем број бегалци.

Но, што се случува со сите оние луѓе кои пристигнаа во Германија во текот на летото на 2015 година? Kаде се, како живеат, колкумина од нив најдоа работа?

Секој кој ќе побара одговор на овие прашања, ќе треба да се фати во костец со безброј статистики, да разговара со градоначалници и специјалисти од канцелариите за труд и, природно, да се сретне со самите бегалци. Токму тоа го направи новинарот на „Франкфуртер алемајне цајтунг“, кој резимира дека конечно се појави една отрезнувачки слика со неколку зраци надеж.

Уште на самиот почеток се виде дека многу од бегалците од Сирија, Ирак и од Авганистан не само што не поседуваат потребни јазични познавања, туку и немаат никаква професионална квалификација. Односно, дека не можат брзо да најдат работа. До средината на минатата година триесетте најголеми германски компании кои котираат на берзата вработија едвај 54 бегалци, а 50 од нив работат за концернот „Дојче пост“.

Веќе е јасно дека ќе треба доста време додека бегалците може да излезат на пазарот на труд. Овој заклучок се одразува и во статистиката на Федералната агенција за труд. Само во 2015 година во Германија пристигнаа 890.000 лица, а во 2016 уште 280.000.

Повеќето од овие луѓе не се бројат во статистиката за невработеноста, бидејќи се уште се во процес на обука и квалификации. Во март како баратели на работа беа регистрирани приближно половина милион бегалци. Од нив 83 илјади беа вклучени во „настани во рамките на политиката за пазарот на трудот“, 166 илјади во курсеви за интеграција. Kако невработени се регистрирани само 177 илјади. Повеќето од нив може да вршат само помошни активности и бараат работа како чистачи, курири, кујнски персонал или во трговијата.

Од статистиката се гледа дека до денес само мал број бегалци нашле социјално обезбедена работа. И пак, како може да се очекува, половина од овие луѓе вршат помошни активности. За да избегаат од невработеноста, новодојдените обично прават први чекори како наемници, во сферата на услугите или угостителството, често и во автосервиси.

Стекнатото веќе долгогодишно искуство покажува и уште нешто: да, многу важно за бегалците е да најдат работа. Но тоа не е с`. За да бидат успешно интегрирани овие стотици илјади луѓе, многу е важно каков ќе биде нивниот живот Германија уште на почетокот, дали ќе најдат пријатели, дали ќе се разбираат со соседите. Во многу случаи се покажува дека условите за сето тоа се многу поповолни на село отколку во големите градови.

#



Останати вести
Полската државна гасна компанија бара парична казна за „Газпром“
Германски искуства во енергетската ефикасност пренесени на домашни градежници
Kвадратот во стар стан е од 100 до 200 евра поевтин отколку во нова зграда
Просечно домаќинство лани располагало со 6.092 евра, а потрошило 5.421 евро

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести