период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 11.01.2017, 17:34

ЗА МАНИФЕСТОТ НА АЛБАНСKИТЕ ПАРТИИ

Барања за кастрација на Македонија

Објавувајќи ги намерно, и со сомнителни мотиви, на Божик, македонските етнички албански политички партии ги наведоа своите барања за учество во идната влада. Сигурен сум дека сето она што го побараа е поврзано со правата, ни збор од нив за обврските, и многу од тоа што го побараа беше искоординирано меѓу социјалистичкиот премиер на Албанија, Еди Рама, и косовскиот претседател, поранешен герилец, Хашим Тачи. Во суштина, она што лидерите на македонските Албанци го сакаат е кастрација на Македонија. Она што го сакаат соседите на Македонија, избраните лидери на Албанија и на Kосово, во суштина, е кастрација на Македонија. Барајќи ги промените споменати во својот манифест, тие се обидуваат да ја кастрираат Македонија.

Македонските Албанци побараа повеќе „права“, општо гледано, на својата листа. Да речеме, прифатливо. Но ако зборуваме за „правата“ за Албанците во Македонија ( и интересно е како ги игнорираат другите етнички малцинства во Македонија), треба да зборуваме и за правата на Македонците во Грција, Бугарија, Албанија и на други места.

Многу нешта би станале јасни кога Рама и Тачи јавно и отворено би ги споделиле своите размислувања за правата на Македонците во Грција, Бугарија, Албанија итн. Ако речат дека „нема потреба“, ќе се ги предадат своите вистински чувства и ќе се покажат како обични натрапници и измамници, лојални не на чувството за „права“, туку на Албанците и само на Албанците. Ако речат „да“ и Македонија отворено го почне овој процес, т.н. добрососедски односи со Грција и со Бугарија би биле нарушени бидејќи овие држави, но особено Грција, не веруваат во малцински права и, во случајот на Грција, негираат дека на нивна територија постојат малцинства. Ова, од друга страна, дополнително би ги отежнало шансите на Македонија во НАТО и во ЕУ, што набрзо ќе ја снема, зашто Грција (и Бугарија) ќе стават дополнителни кочници на интеграцијата на Македонија.

Многу од она што е побарано е веќе коментирано од другите па нема да му посветувам премногу од скапоцениот простор тука за да се занимавам со прашања како нивното барање за „јазична еднаквост“ на целата територија на Македонија. Мојот став за јазиците во една држава, која било држава, досега треба да е многу добро познат; јас се противам на официјална употреба на албанскиот јазик на целата територија на Македонија од истата причина поради која се противам на официјална употреба на шпанскиот јазик на целата територија на САД: на една нација и е потребен еден јазик што ќе ја обединува. Често го цитирам примерот на една „зрела“ демократија како Kанада (во која и англискиот и францускиот се официјални јазици) и потоа го посочувам фактот дека Kанада за малку ќе беше поделена на две поради Kвебечаните, канадските француски говорители (претежно во провинцијата Kвебек) кои за малку ќе гласаа за отцепување.

Покрај овие работи, македонските албански партии побараа дебата за знамето, химната и за грбот. Да речеме дека дебата е во ред, но нема да има никакви промени ниту пак треба да има. Тие работи се одамна речени, а Македонија еднаш веќе го смени своето знаме (тука мора да посочам дека знамето на Македонија има висок рејтинг меѓу знамињата на кои им се восхитуваат поради својот дизајн и убавина). На знамето не му фали апсолутно ништо. Но, кога ќе навлеземе во темата на името и идентитетот, а во барањата за „брза интеграција во НАТО и во ЕУ“ е отворање на овие прашања, тогаш воинствено се противам на нивната листа. Едноставно, многу добро познат факт е дека Грција нема да се откаже од своето противење Македонија да им се приклучи на двете организации ако не ги смени своето име и идентитет (и дури и тогаш би било под знак прашање дали Грција ќе си остане на својот збор). На крајот на краиштата, името и идентитетот на една нација не се за продавање, ниту за преговори по ниедна цена. Точка!

Едно прашање особено многу ме интересира: „Создавање дух на доверба во функција на добрите меѓуетнички односи како суштински елемент на политичката стабилност во државата“. Kако едно општество, една држава, „создава дух на доверба“ кога најмалку една страна бара ова да се изроди од насилство кое убило невини луѓе? Уште едно барање, „постигнување економска еднаквост и општествена благосостојба“, ми е секогаш интересно зашто тие сакаат да го постигнат ова преку „правичен регионален развој“ кога најдобриот и, всушност, единствениот начин да се постигне ова е преку создавање работни места и изобилство во приватниот сектор.

Но ни за миг не поверував дека лидерството на македонските етнички Албанци знае нешто за создавањето работни места и изобилие, а нивните газди и господари во Тирана и во Приштина секако не знаат многу на оваа тема и како да го постигнат тоа. На крајот, постои проблемот со радикалниот ислам и, особено, врските што партијата Беса ги има со него. Со оглед на фокусираноста на исламскиот радикализам на новоизбраниот претседател Трамп, проблемот со етнички албанска политичка партија во Македонија со сомнителни врски со исламскиот радикализам во најмала рака ќе ја изненади новата администрација.

На крајот на краиштата, она што македонските етнички албански партии го бараат е економски социјализам (кој не функционира), права без одговорности и преговори за идентитетот и за името на Македонија и Македонците. Ниедна од овие работи не е остварлива, а камоли пожелна. Од меѓународната заедница, Албанците од Македонија и од регионот н` убедуваа дека Охридскиот рамковен договор е кулминација на овие прашања. Очигледно, ситуацијата не е таква и, како што многупати претходно напишав, ќе завршам со приказна што ја посочува мојата поента: во средината на 70-тите години, Американецот Џ. Пол Герти стана првиот милијардер на светот. Еден новинар го праша: „Господин Гети, колку е доволно?“. Неговиот одговор? „Само уште еден долар повеќе.“


Џејсон МИКО

АВТОРОТ Е МЕНАЏЕР ЗА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА ОД АРИЗОНА (САД), И ДОЛГОГОДИШЕН НАБЉУДУВАЧ НА СОСТОЈБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА И ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

#



Останати вести
Обама ги промовира САД во банана-држава
Верувања и суеверија за бројот четириесет
Интервентен увоз на струја по интервентни цени
Грабеж на пошта одамна не е вест

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
praveden, 12.01.2017 03:00:22
Bravo za vashata vistinska podrshka Gospodine Miko no za zal tvojata golema amerika na chelo so klinton nasledeno od obama go sozdadoa albanskiot monstrum na balkanot, za seto zlo vo Makedonija direkno nosat vina Brisel i Washingrton. Da bidam iskren molam Boga Amerikanskite Demokrati crna chuma da gi sotre, Klinton, Klintovica, Obama, Bajden, Keri seto zlo na glava da mu dojde za site zlo dela shto gi napravija vrz neviniot Makedonski Narod, Grobovite namesto vecho pochivalishte da im bide vechen Koshmar.
Петар, 12.01.2017 09:20:30
Браво бре Џејсоне, ти свалувам капа. Камо како тебе да размислуваа барем половина од политичарите на Македонија.
напалм, 12.01.2017 09:52:02
прво нека ги признаат македонците во соседните држави,па после да седнеме на маса и да дискутираме што понатака,македонија не е за кастрирање.ако тие се осеќаат како “албанци“ а не како македонци,тогаш никој не ги спречува да се вратат во својата матична држава и да галамат колку душа им сака,и онака пола албанија е нашата стара македонија.
Winston Smith, 12.01.2017 10:18:53
Се ни е познато. Во слободно и демократско општество, како што е нашето, секое работно место е достапно во согласност со општите и посебни квалификации на кандидатот. Тоа значи дека ниту требаат клучеви, уште помалку рамковни квоти. Ако те бива, секој ќе те сака. Работата е што најмногу НИВ не ги бива, а сакаат да владеат со државата. И тука на тоа поле доаѓаат разните странски мисионери и тутори и работата е дојдена до ова дереџе.
Најнови вести