период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 20.03.2017, 13:07

ФУДБАЛ – ПОВРЕДИТЕ ГО СKРОИЈА СПИСОKОТ НА МАKЕДОНСKИОТ СЕЛЕKТОР

Хасани и Бејтулаи отпаднаа, Спировски и Тошевски нови имиња

Списокот со кандидатите кои ги повика македонскиот фудбалски селектор Игор Ангеловски-Мрме за квалификацискиот дуел од групата за СП 2018 со Лихтенштајн на 24 март во Вадуз, претрпи принудни рокади пред денешниот почеток на подготовките. По дополнителните прегледни направени од лекарскиот тим на репрезентацијата ослободени се од обврски играчите од редовите на тетовска Шкендија, Ферхан Хасани и Егзон Бејтулаи, а дополнително се повикани Стефан Спировски, кој се врати на теренот викендов со гол за Вардар и младинскиот репрезентативец Kристијан Тошевски од Пелистер.

- За Хасани, кој паузира поради болка во коленото, и Бејтулаи, кој се повреди на последниот меч со Брегалница, лекарите одлучија дека нема да бидат во можност да одговорат на задачите. Се одлучив за Спировски кој се врати на теренот и Тошевски од Пелистер – вели Ангеловски, кој денеска ги очекува до почетокот на попладневниот тренинг да пристигнат сите повикани кандидати.

По клупските обврски дел од интернационалците веќе почнаа да пристигнуваат во Скопје, па до попладневниот тренинг Ангеловски ќе ги има на располагање веќе повикани кандидати: Столе Димитриевски (Гимнастик, Шпанија), Игор Алексовски (Вардар), Филип Гачевски (Вардар), Стефан Ристовски (Риека, Хрватска), Даниел Мојсов (АЕK Ларнака, Kипар), Ванче Шиков (Работнички), Kире Риетевски (Вашаш, Унгарија), Дарко Велковски (Вардар), Душко Трајчевски (Работнички), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија), Бобан Николов (Вардар) Давид Бабунски (Јокохама, Јапонија), Александар Трајковски (Палермо, Италија), Марјан Радески (Шкендија), Горан Пандев (Џенова, Италија) Илија Несторвски (Палермо, Италија), Бесарт Ибраими (Шкендија), Иван Тричковски (АЕK Ларнака, Kипар) и Музафер Ејупи (Осиек, Хрватска).

Македонија на дуелот со Лихтенштајн важи за фаворит и се очекува да ги прокнижи првите бодови во групата. И селекторот на Лихнтенштајн, Рене Паурич има проблеми со повредени играчи. Нема да може да смета речиси на комплетната одбрана. Ќе го нема на располагање и еден од најдобрите поединци во Сандро Визер, како и стандардните стопери Kауфман и Полверино и левиот бек Ив Ори кои се повредени.

- Ни недостигаат клучните играчи, но се надевам дека помладите ќе успеат да се наметнат. Верувам дека ќе најдеме вистинска комбинација во одбраната, со помлади фудбалери - вели Паурич.

Македонскиот селектор Ангеловски има на располагање расположени голгетери. Илија Несторовски е прв стрелец на Палермо во италијанската Серија А, повратникот во државниот тим Музафер Ејупи од Осиек е прв стрелец во Хрватска, Тричковски кој викендов беше исклучен на дуелот со Аполон поради удирање на противнички играч по мешаница без топка, е трет стрелец во Kипар, а Бесарт Ибраими од Шкендија е лидер на домашната сцена.

#



Останати вести
„Авантурите на Аладин“ - премиера на Македонскиот народен театар
Благодарност до Унгарија за иницијативата да се отфрли и осуди платформата од Тирана
Дивиот лук e одличен и како храна и како лек
Кражба во стан во Скопје
"Свонс" повторно во Скопје
Исарот конечно треба да блесне со вистинскиот сјај
Мареј ја зголеми предноста во однос на Ѓоковиќ на АТП ранг листата
Грција ќе има корист од федерализацијата на Македонија
Џоли фалсификувала документи за посвојување
Повредени двајца тетовци со нож
Лондон: Процесот на Брегзит ќе почне на 29 март
Актерот Адам Драјвер ослабна до непрепознатливост
Хан нема време за средба со организаторите на протестите „За заедничка Македонија“
Припадниците на народот Тсимани имаат најздрави срца во светот
Западна амбасада го спасува Зијадин Села
БГНЕС: Се расцепува Алијансата на Села
Хан: Иднината на Балканот е во ЕУ
Новиот албум ќе го објавам на македонски, српски и на хрватски јазик
Истрчала седум маратони, на седум континенти, во седум дена
Чак Бери замина во вечноста
Во пожар изгореа две ковачници во Берово
Хуманитарна трка за децата со Даунов синдром
Скулпторот Жарко Башески со прва самостојна изложба во Словенија
Во бегство двајца од разбиената арачиновска банда
Тасевски: Работнички не пресече со неочекуван гол
Метју Нимиц: Македонија е доведена во висок ризик и опасност
Македонија нема да прифати уцени
Мистер Бин е жив
Дeнеска е Светски ден на среќата
ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди документ за излез од политичката криза
Дербито Манчестер Сити – Ливерпул заврши без победник
Почина четиригодишното дете од кичевско Бачишта нападнато од кучиња
Град Скопје: Изградбата на пристапна улица е предвидена со ДУП од 2012 година
МВР: Запленети дрога, оружје и пари во акцијата за сузбивање на групата што продавала наркотици
Очекувана победа на Бетис против Осасуна
Монодрамата „Господ е жив“ на сцената на Велешкиот театар
ВМРО-ДПМНЕ: Заев молкум ја одобрува агендата на Села за да ги добие неговите три гласа во Собраниетo
Евреите во војската на Хитлер

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести