период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Спорт
Датум: 11.01.2017, 11:31

РАKОМЕТ - KОЈ Е KОЈ ВО ГРУПАТА Б НА СП 2017 ВО ФРАНЦИЈА

Шпанија фаворит, Македонија ќе бие битка за втората фаза

Пред утрешниот старт на натпреварите во групата Б на Светското првенство во ракомет за мажи во Франција (Мец) експертите оценуваат дека таа е можеби на хартија најизедначена по квалитет.

ШПАНИЈА, актуелен европски вицепрвак, е благ фаворит за првото место. Шпанија бара одмазда по неуспехот на квалификациите за ЛОИ Рио и има одличен состав со повеќемина ѕвезди, како, на пример, пивотот Хулен Агинагалде, централниот бек Раул Ентрерос, левото крило Валеро Ривера и левиот бек Алекс Душебаев. Шпанија, со таков состав и традиција, цели на највисок пласман на ова СП.

СЛОВЕНИЈА, откако го освои шестото место на ЛОИ Рио 2016, оправдано е очекувањето дека има реални шанси за солиден пласман и на ова СП. Иако има отсутни неколкумина важни играчи (Урош Зорман, Деан Бомбач), тимот воден од легендарниот Веселин Вујовиќ има повеќе од солиден квалитет во составот меѓу кој се десните бекови Вид Kавтичник, Јуре Доленц, централниот бек Марко Бесјак и талентираниот Блаж Јанц (20), кој игра како десно крило. Словенците сметаат дека пласман во четврт-финалето е оној минимум од кој би можеле да бидат задоволни.

ИСЛАНД на ЕП 2016 се пласира на 13. место, па се надева да си ја поврати репутацијата на ова СП со повисок пласман. Централниот бек Арон Палмарсон, кој е ѕвезда на тимот, можеби ќе го пропушти почетокот на ова СП затоа што се мачи со повреда подолго време. Сепак, левото крило на Барселона, Гудјон Валур Сигурдсон, кој е прв голгетер во овој тим, и десниот бек Асгеир Орн Халгримсон, се во добра форма. И Исланд посакува најмалку четврт-финале.

ТУНИС, африканскиот вицепрвак и првиот противник на Македонија на ова СП, би сметал за успех ако се пласира во осмина-финалето, амбиција слична со нашиот тим. Левиот бек на Барселона, Ваел Жалуз, е ударна игла на овој тим, па иако пропушти добар дел од подготовките, не е повреден и веројатно ќе биде во топ-форма. Тука се искусниот Ишам Теж и левото крило Усема Буганми.

АНГОЛА ќе настапи на своето прво СП од 2007 година и е аутсајдер во групата. Главен квалитет на овој тим е силната одбрана со која дојдоа до третото место на африканското првенство 2016. Амбиција им е да соберат искуство.

МАKЕДОНИЈА има подмладен тим, а главна цел е пласман во осмина-финалето. Според селекторот Лино Червар, на ова СП Македонија ќе демонстрира драстична промена во стилот на игра. Главна карактеристика, напад со седум грачи и бескомпромисна одбрана. Kирил Лазаров, Дејан Манасков, Филип Миркуловски, заедно со помладите, се надеваат на пласман во нокаут-фазата.

Денеска почнува мундијалот со дуелот Франција - Бразил

Светското првенство во ракомет во Франција почнува денеска со мечот Франција – Бразил (20.45) во Париз, а продолжува од утре со мечеви во сите групи, па с` до финалето на 29 јануари.

Ова е 25. светско првенство во ракомет, а учествуваат 24 репрезентации од пет континентални конфедерации. Во првата фаза тимовите се поделени во четири групи по шест учесници. Откако ќе се изигра првата фаза по групи по принципот секој со секого, најдобрите четири тима од секоја група продолжуваат во осмина-финалето. Вкрстуваат групата А со групата Б и групата Ц со групата Д. Петтопласираните и шестопласираните по групи играат за пласман од 17 до 24 место.

Актуелниот светски првак Франција е најголем фаворит за титулата, а други фаворити се Хрватска, Шпанија, Германија, Данска.

Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка.
Група Б: Шпанија, Словенија, Исланд, Македонија, Тунис, Ангола.
Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија.
Група Д: Kатар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина.

#



Останати вести
Ѓорческа против Викери во првото квалификациско коло на АО
Роналдо: Зад мене е најсреќната година во кариерата
Македонската репрезентација пристигна во Франција
Вардар ги започна подготовките без деветмина репрезентативци кои ќе настапат на СП

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести