период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 19.04.2017, 16:20

Лекар и пријател му помагале на Принс да најде опиоидни аналгетици


Судските документи, декласифицирани поради истрагата за смртта на Принс, покажаа дека лекар и близок пријател на музичарот му помагале да добива опиоидни аналгетици кои се препишуваат само на рецепт, соопштија американските медиуми.

С`уште не е јасно како пејачот  го купувал „фентанилот“ кој ја предизвикал неговата смрт. Писмените сознанија се објавени во судот на округот Kарвер. Тие покажуваат дека властите ги проследиле телефонските разговори на неговите соработници за да разберат како се снабдувал со синтетички опиоиден „фентанил“, кој е 50 пати посилен од хероинот.

Документите покажуваат дека Принс се борел со зависноста од опиоиди. Само шест дена пред неговата смрт му се слошило додека летал. Авионот слетал итно на првата дестинација, Илиноис. Принс се онесвестил, а го повратиле со две дози медикамент кој се спротивставил на предозирањето со опиоиди.

Во изјавата под заклетва д-р Тод Шуленберг посочи дека го прегледал Принс на 7 и на 20 април и му препишал „оксикодон“ истиот ден кога авионот слетал во Илиноис. Но, рецептот бил на името на Kрк Џонсон за да биде зачувано во тајност името на музичарот. Џонсон е пријател и соработник на Принс. Според полицијата, пејачот страдал од зависност од дрога. Принс беше пронајден мртов во својот дом на 21 април 2016 година.

#



Останати вести
Кајли Миног во врска со принцот Ендрју?
Хакери разголија уше 14 славни жени
ХХL-манекенките ги освојуваат насловните страници

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести