период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 19.05.2017, 10:14

Откриена мистеријата за насукано морско суштество во Индонезија



Научниците најверојатно конечно ја решија мистеријата околу распаднатиот труп на "мистериозното морско суштество" што минатата недела се насука на индонезискиот брег и предизвика интерес на локалните жители, но и во целиот свет.

Локалниот рибар Асрул Туанакота (37), кој го пронајде трупот, во почетокот мислел дека станува збор за сплав, но кога се добллижил видел дека е остаток од некое суштество за кое помислил дека е голема лигња.
Фотографиите и видео снимките од суштеството го обиколија целиот свет, а научната заедница почна со истражување за што всушност станува збор и како животното стигнало таму.
Џорџ Леонард, водечки научник на непрофитниот Океански комитет за регулирање на пловидбата и риболовот во изјава за "Хафингтон пост" тврди дека според деловите на скелетот што ги видел, најверојатно станува збор за остатоци од голем кит од семејството Musticeti.
Тој верува дека трупот почнал да се надувува од акумулираните гасови, поради што се изобличил до непрепознатливост.

Островот Серам се наоѓа во близина на рутите за миграција на китовите, што претпоставката на Леонард ја прави многу веројатна.



#



Останати вести
Кучињата може да "зборуваат" со луѓето

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести