период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Online Омнибус
Датум: 12.01.2017, 10:38

НАУЧНИЦИТЕ НА ПРАГОТ НА ГОЛЕМО ОТKРИТИЕ

Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција

Научниците тврдат дека забите со помош на лекот „тајдглосиб“ (tideglusib) би можеле сами да се поправаа, што ќе ја елиминира потребата за вметнување пломби, пишува Би-би-си. Ова е извонредна вест за сите, особено за милиони луѓе низ светот на кои им се крева косата на главата од самата помисла дека треба да одат на забар, а од звукот на бушилката паѓаат во несвест.

Третман со биоразградлив сунѓер

Истражувачки тим од Kралскиот колеџ во Лондон покажа дека лекот „тајдглосиб“ може да ги активира клетките во денталната пулпа кај глувците за сами да ги поправат малите отвори. Овој лек не е нов и се користи за третман на заболените од деменција, односно од губење на помнењето.

Отворите на забите на глувците се третирани со помош на биоразградлив сунѓер натопен со лекот, кој се вметнува во шуплините на забот предизвикани од кариес.



Студијата објавена во списанието „Сајенс рипортс“ покажала дека тој процес довел до потполно и успешно природно „поправање“ на забите. Лекот ја стимулирал активноста на матичните клетки во денталната пулпа, што довело до регенерација на отворите во забите на глувците. Отворите на забите биле многу мали, десетинка од милиметар.

- Битна работа е тоа што сунѓерот е биоразградлив. Просторот во кој е сунѓерот за време на регенерацијата на дентинот до таа мерка се полни со минерали, што по третманот не останува ништо што во иднина би можело да се расипе - изјавил професор Пол Шарп.

За три до пет години комерцијално достапен

Истражувачкиот тим сега ќе се обиде да утврди дали со нивниот метод ќе можат да ги поправат и поголемите отвори во забите.

Шарп додал дека овој начин на лекување на кариес, наскоро би можел да биде и комерцијално достапен.

- Се надеваме дека би можел да се најде на пазарот за три до пет години. Овде не станува збор за толку долгорочен проект - појаснил Шарп.

Во регенеративната медицина постои загриженост дека брзото делење на клетките би можело да доведе до развој на рак, но овој лек, тврдат експертите, веќе е тестиран како терапија за пациентите што боледуваат од деменција.

- Безбедноста на лекот е проверена на многу поголеми концентрации, па се надеваме дека ја имаме добитната комбинација - заклучил Шарп.

#



Останати вести
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Дојранското езеро оковано во мраз

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести