период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 12.01.2017, 12:57

ПРИЈАВЕНИ ПРВИ ЖРТВИ НА ГРИПОТ

Две деца од Гостивар и Кичево починале од грип

Едно тригодишно дете од Кичево и едно четиригодишно дете од Гостивар починале од грип во текот на првата недела од јануари оваа година, објави пред еден час Институт за јавно здравје на РМ, во денешниот, редовен извештај за состојбата со грипот.

Во извештајот се наведува дека двете деца  биле хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје, на одделот за интензивна нега.

Во првата недела од 2017 година, биле пријавени нови 8.067 заболени лица од грип во земјата , на групни пријави за заболени, што е намалување од 14,9 отсто во споредба со минатата недела кога беа пријавени 9.485 случаи.

Во сезоната 2016/2017, вкупниот број на заболени од грип изнесува 23.843 со кумулативна инциденца од 1.152,3 на 100.000 жители.

Во оваа сезона во овој момент, сите центри за јавно здравје пријавиле случаи на грип и заболувања слични на грип.

Вкупниот број на пријавени случаи и оваа недела ја надминува границата на многу висока активност. Најголем број заболени од 1 до 8 јануари, како и во претходната недела, се регистрирани во Скопје,  а поголем број пријавени случаи има и во во Струмица, Битола и Кавадарци.
(Љ.Б.)

#



Останати вести
Фудбалерите останаа на 162. место на ФИФА листата
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот
„Ако одам во Битола“ ме враќа во детството
Харадинај пуштен од притвор со кауција
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Клапер: Доверливите документи не „протекоа“ од разузнавачките служби на САД
Џорџ Лукас отвора Музеј на наративната уметност во Лос Анџелес
Унгарија тргнува против Сорос
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција
Најмладите археолози ќе ископуваат артефакти во детското катче
Работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме
Трамп: Мојот бизнис целосно го препуштам на моите синови
Замрзна браната на езерото „Младост“
Кире Лазаров избран за Европски играч на месец декември
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
Евиденција на црквата во Kочани: Повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
Љубовта од „Фарго“ продолжи и зад камерите, Kирстен Данст се сврши со колегата Џеси Племонс
(ВИДЕО) Јакутск на -51 степен, жителите ги исполнуваат секојдневните обврски
ЕКА реагира на одлуката на ФИФА: Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Kамионџија ќе одговара за смрт на пешак, шест месеци откако го прегази возејќи рикверц
Ќе се прават засолништа на уличните животни
По два месеци истрагата утврди: работник загинал поради негрижа на фирмата во која работел
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Дојранското езеро оковано во мраз
Општина Центар префрли пари за исплата на заостанатите долгови кон играчите на КК Работнички
„Јас сум Бог, имам фантазии дека сум луд, соработував со нацистите против Евреите“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести