период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Забава
Датум: 10.01.2017, 16:49

„Ноќ со ѕвездите“ и за Стара нова година

По успешната прослава за дочекот на Новата година со настанот „Ноќ со ѕвездите“, Македонскиот народен театар организира реприза, на 13 јануари, за прослава на Старата нова година.

За првпат МНТ закажа новогодишна прослава на 31 декември, за да излезе од клишеата и да ѝ понуди на публиката нов начин на одбележување на најлудата ноќ. Настанот насловен „Ноќ со ѕвездите“ на македонската јавност ѝ ги понуди ѕвездите и миленици на публиката Сашко Коцев и Игор Џамбазов.
Седумстотини гости, на возраст од 20 до 60 години, во двојки, друштва го наполнија салонот на МНТ, со желба да искусат поинакво доживување од домашната атмосфера, кафеаните и од клубовите.

Шоуто почна со стендап на Коцев, кој толку многу се забавуваше и се внесе во раскажувањето вицови и анегдоти од секојдневни случки, што дури го надмина предвидениот тајминг за тој настап.
Следуваше 20-минутна пауза со коктел, по што забавата продолжи со концертот на Џамбазов и „Гуру харе бенд“. Токму со нивната музика и со еден милион конфети, публиката во МНТ влезе во новата 2017 година.

Билетите за „Ноќ со ѕвездите“ веќе се во продажба, по цена од 1.200 денари, и 2.000 денари за ложите на сцена.

-Дочекај ја Старата нова година во МНТ . „НОЌ СО ЅВЕЗДИТЕ“ Сашко Коцев, Игор Џамбазов, Гуру Харе Бенд Stand Up! Хумор! Забава! Жур! Дружење! Музика! Новогодишен коктел! Биди поинаков и дочекај ја Старата нова година во МНТ LOVE OVERDOSE МНТ, е пораката на МНТ до публиката.

#



Останати вести
„Рушевини“ е моја лична приказна
Соработувам со вистински шпиони на ЦИА
На Василичарскиот концерт две песни никогаш не биле изведени

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести