период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 31.03.2017, 17:08

АKТУЕЛНИ СОСТОЈБИ

Што ако се рашират платформите во Европа?

Состојбите на Балканот се комплицирани. Така било во минатото, така е и сега. Многу нации и народи, многу јазици и вери, многу држави и многу различни интереси.

Истовремено, таквата конфигурација, таквата политичка ДНK на Балканот не може и не смее да биде изговор за долгорочни тензии во овој регион. И, во сите тие констатации има разлика во периодите, постои јасна градација, постојат тенденции на усложнување или релаксирање на состојбите.

Во последно време состојбите на Балканот се усложнуваат. Еден од главните причинители е платформата на албанскиот премиер Еди Рама. Во Тирана ги собра лидерите на албанските партии во Македонија, со своја агенда, под една голема мапа во неговата премиерска канцеларија на која се просторите на Голема Албанија.

И, следуваше реакција во Македонија. Разбирлива реакција од повеќе стотици илјади граѓани. Буквално повеќе стотици илјади граѓани кои повеќе од еден месец се на улиците во градовите и во селата во Македонија.

Да, добро прочитавте, се случуваат протести и во повеќе десетици села во Македонија. Тоа е нов феномен, нова работа, што само кажува колку е длабока реакцијата и загриженоста на граѓаните за оваа држава и агендата што следува ако се реализира платформата на Еди Рама.

Народот е на улица затоа што се смета за измамен. Граѓаните не гласаа за оваа платформа, тоа не беше политичката понуда. Програмата на СДСМ немаше ниту еден збор за платформата на Еди Рама, а сега тоа станува централна точка и главен проект за режимот во најава на Зоран Заев. Режим кој го турка македонскиот народ во колективна опозиција, во негова мајоризација и маргинализација во сопствената држава.

Истовремено, платформата на Еди Рама усвоена во главниот град на соседна земја, во неговата канцеларија со мапа која ги опфаќа „албанските простори“, може да има повеќеслојни последици за Македонија, за Балканот и за Европа. Одиме по ред.

Прво, платформата на Еди Рама ќе доведе до трајни последици во Македонија, на сметка на унитарноста и функционалноста на оваа држава. Наместо да ги реши проблемите, платформата на Еди Рама ќе ги антагонизира заедниците во Македонија, особено Македонците и Албанците.

Наместо релаксација, дополнително ќе ги оптовари меѓуетничките односи. Пред 15 години се порача дека Рамковниот договор е крајот на етничките агенди и дека со тоа се остварени политичките права на албанската заедница во Македонија.

Преку платформата на Еди Рама гледаме дека не е баш така, а ваквиот предлог и интервенција е директен удар врз Рамковниот договор. Со новиот сет предложени мерки, со кои дополнително и темелно се редефинира Македонија, се воспоставува принципот дека секои 5 или 10 години се оди со нови барања, с` до моментот кога постепено ќе се стави на маса дезинтеграцијата на Македонија како држава и нејзината територија.

Значи, дури и да се исполни платформата на Еди Рама, тоа нема да значи никаков крај на неговата агенда прикажана преку мапата во неговата канцеларија, туку само нова фаза, нова етапа во неговата агенда.

Предлозите на Еди Рама и Зоран Заев ќе направат од Македонија држава која одвај ќе функционира, со хронични и системски, секојдневни проблеми. Македонија институционално ќе личи на Босна и Херцеговина, а гледаме дека таму има блокади и проблеми кои траат со децении.

Меѓународната заедница се обидува да ја реформира Босна и Херцеговина, се обидува да направи пофункционални институции, ги констатира системските проблеми. Но, сега сличен неуспешен рецепт од Босна и Херцеговина се сервира во Македонија. Апсурдно, нели?

Воедно, преку процесот на постепена кантонизација и федерализација на Македонија, се влегува во ризикот од дезинтеграција на оваа држава, што е голем ризик за внатрешната стабилност и за Балканот. Македонија едноставно не сака да ја доживее судбината на федерациите од типот на СФР Југославија, Чехословачка или Советскиот Сојуз.

Македонија е премногу мала за фрагментација, а таквиот исход носи големи ризици од балкански размери. Тоа се гледа и во историјата. Постоењето и битисувањето на Република Македонија како прозапдна земја, членка на ЕУ и НАТО, со силно сојузништво со САД, е опција која е најдобра и за Македонија, и за Балканот, и за Европа.

Второ, имплементацијата на платформата на Еди Рама ќе ја отвори Пандорината кутија на други разни платформи на Балканот. Србија можеби ќе одговори со платформа за Србите во Црна Гора и Босна и Херцеговина. Албанија може да донесе нова платформа за Улцињ во Црна Гора, Прешево во Србија или за делот на Епир во Грција.

Турција може да донесе своја платформа за Бугарија или се корпусот на прашања поврзани со кипарското прашање. Kипарското прашање ја засега и Грција, плус има и грчко малцинство во Албанија. Романија може да одговори со платформа за Молдавија. Унгарија може да донесе платформа за Унгарците во Словачка, Романија и Србија во делот на Војводина. И така натаму, и така натаму.

На Балканот и на Европа не им се потребни етнички тензии, ниту моноетнички агенди, туку европеизација, интеграција и економски развој. Да се вратат европските теми и европските манири. Да се врати европската перспектива и реалните европски вредности.

Значи, преку платформата од Тирана се отвора една цела композиција на прашања кои што засегаат многу, многу поголем број на земји и на Балканот, и во Европа.

Трето, актуелната платформа од Тирана има и свој европски контекст. Усвојувањето на оваа платформа ќе прати сигнал до многу повеќе меридијани, до многу повеќе земји кои се дел од колоритот на Европа.

Исправна е политиката на ЕУ и НАТО за одбрана на сувереноста, независноста, безбедноста и територијалниот интегритет на Латвија и Естонија. Македонија минатата година преку АРМ учествуваше на воените вежби на НАТО-сојузниците во Полска како порака за стабилноста и безбедноста на Европа.

Во ист контекст, Македонија оправдано очекува слични политички пораки за својот територијален интегритет и безбедност, како што оправдано и заслужено добиваат Латвија и Естонија, со кои заеднични соработуваме преку македонското учество во операциите на НАТО.

ЕУ треба да остане посветена кон својата политичка и економска консолидација, а не да влезе во бесконечни дебати и тензии околу голем број на прашања. Стабилноста и европските принципи се потребни секаде, од Белфаст, Даблин и Лондон, преку Мадрид, Билбао и Барселона, до Скопје, Тирана, Белград и Сараево.

Стабилноста на Европа се гради и во Македонија, и во Естонија, и во Латвија, и во Романија, и во Шпанија, и на грчките острови, и на улиците на Брисел и Париз, во Јужен Тирол... Решението е во европската интеграција и во добрососедството, а не во етнички агенди.

Во Македонија се бранат европските принципи затоа што ова е мултиетничка земја на соживотот и толеранцијата. Многумина ја гледаат и набљудуваат состојбата во Македонија. Европа треба да остане верна на своите принципи затоа што рушењето на европските принципи во Македонија може да има последици и за Македонија, и за Балканот и за Европа.

Ни треба јасна агенда и порака за евро-атлантските перспективи на Македонија, со почитување на македонскиот идентитет, со почитување на волјата на народот преку нови избори и преку стабилна влада која ќе ги нормализира состојбите.

Сите други решенија се само продолжување на оваа политичка криза која премногу долго трае. Уште еднаш, решението е во нови избори и во стабилна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се оди против волјата на народот затоа што нелегитимна влада е гаранција за продолжување на кризата и проблемите.

Влатко ЃОРЧЕВ

#



Останати вести
Зошто не се залагате за правата на Албанците во Грција?
Заев на бината на „За заедничка Македонија“
Kако „За заедничка Македонија“ врши дискриминација

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
DLM, 31.03.2017 22:10:54
Е кога не оди значи навистина не оди(Кумановка вели е кад иде онда иде до крај-стар виц за нови будали)! Има еден човек кој пред 30год. во 1997 напишал една книга http://makwin.com/files/download/Golemata_sahovska_ploca.pdf а еве и после цели 30 години некои не можат да ја прочитат па да видат како стојат работите надвор во светот, срамота! Влатко само за тебе пази Влатко Русите доаѓаат!!!! Добро бре луѓе каде и кога видовте дека Русија (во составот на СССР и потоа) освен пријателски симпатии покажала и друго лице?! Што е со нашиве политиканти зошто спинуваат и велат дека Русија ќе ја нападнала Македонија, абе Влатко колку години имаш? па ако продолжиш да испраќаш македонски војници на границите со Русија можеби навистина еден ден ќе ги имаме на нашите граници а се поради тебе и оние како тебе. Кој ве плаќа и зошто, глумите патриоти оние велепредавниците барем отворено сакат да ја делат Македонија а вие како да дотурате масло. Како што мислев и реков потребни се само Македонци за да оп
Акција, а не собраниско непродуктивно шоу!, 31.03.2017 22:31:00
Алооооо. Доста не учиш и ни кажуваш како да сме мали деца. Се тоа што збориш е милион пати апсолвирано и на сите им е јасно! Досадни сте веќе. Престанете да иритирате. Со демагогија и жалопојки по весници држава не се брани!!!! Акција треба, и тоа веднаш. Или избори, или марш сите надвор од собрание. Препукување на веќе апсолвирани теми е гнасно веќе и за слушање и за гледање! Народот бара хитно решение а не телевизиско собраниско шоу! Предвремени избори, веднаш! А директори, заменици и не дај боже министри албанци само после успешно спроведен попис и во зависност од резултатот, т.е ако сме 50% Македонци наспрема 50% албанци. До тогаш а и после тоа, рама нека им плаќа социјална помош или нека си ги земе кај него па нека си ги направи министри. А и да не заборавам, рама може уште веднаш да почне со признавање на уставното име на Република Македонија!
прашање, 31.03.2017 22:55:19
Е бре јунаци ВМРОвци! Што сте се уплашиле од платформата на Албанците. Ги наполнивте гаќите од платформа.Се уплашивте што со платформа ќе ја рушеле Македонија.Што ќе правевте ако Албанците наместо со платформа земеа пушка да ја рушат Македонија?
STOJANOVSKI do Gjorcev, 31.03.2017 23:53:59
G-din Gorcev, ajde potsetise koga te setav kaj manastirot Sv Petka, na narodnite konferencii so clenovite na VMRO zaedno so site Makedonci niz Avstralija. Ajde potsetise koga zboruvav za shto ne ceka, deka eden den ke dojdi ova sto ni e so sila nametnato ako ne prevzemete golemo vnimanija za uredovanje na drzavata, so Strategiska dolznost za Unitarnosta na Makedonija. Vi zboruvav za Nacionalnite vrednosti i nasiot indentite. Uste se sekavam kako da ne ve iteresirase shto zboruvav. Se sekavam koga zboruvav za nasite crveni linii e tokmu ZA ovaa crveno zolta linija shto sega Gragjanite se macat na ulici. Sega gi napomnavte site Platformi shto mozat da se slucat vo site Evropski/Balkanski drzavi, ama nisto ne napomnavte za nasite Makedonci shto se poveke od 80 % od razlika od Grcite vo Lerin Egejskiot del na Makedonija, da ne zbororuvam za Ovcarani i Okoliata, Pirinskiot del na Makedonija, Mala Prespa i tamu se poveke od 80% Makedonci, Vojvodina, vo Turcija i tamu ima Makedonci a za Hunzi
STOJANOVSKI do Gjorcev, 01.04.2017 00:09:50
Moite memorii ostanuvaa se dodeka ziveam. koga nie gi Palevme Grckite i Bugarskite znaminja pred nivnite Ambasadi vo Avsralija ne narekuvaa Patrioti. A shto e zborot Patriot? ako ja branis Makedonija si lud Patriot? tuka e slabosta Ureduvanjeto na Unitarnosta na Drzavata so Nacionalna Svest se totalno izgubi. PAK ODNOVO, no ne sum poveke vo 14te moi godini, preblizuvam kon 60-este. Seto ova sto go pisuvam go zboruvav vo izminatite moi poseti vo Makedonija i osekavav deka bese zaboraveno ste vlegle vo nekoi si zimski sonovi. E sega Povtorno, potpolno se soglasuvam so Mira Veselinova, gospot zdravje di dadi shto NE zaspala. No sepak mora da prodolzime da se borime do posleden ZDIV i Makedonija da si ja ODBRANIME. Da podvlecam VLATKO mora da vnimavate koga vi se kazuva na znaenje deka treba da ste Vnimatelni koga Vladeete so Nacionalnite Interesi na Makedoncite. Se gordeam so mojata majka sto me rodila so cista Makedonska Svest, So Pocit i doviduvanje poskoro
antifastist, 01.04.2017 01:05:58
Del od problemot e sto Evropa nema principi, Vlatko. Nie samo mislime deka gi imaat. Ima samo eden. Parite.
Sandra, 01.04.2017 01:24:58
Мноооогу пасуси, ниту една аргументирана мисла!
Straight talk, 01.04.2017 01:46:28
Vlatko zaboravi Edna platforma koja direkno bi ja zasegnalo albania.Toa e San Stefanska gojlama Bulgaria.Polovina Albania so jonsko more bugarsko.ajajajj
radovanpopovski@yahoo.co.uk, 01.04.2017 05:34:07
pocituvan kolumnist.E moj vlatko ej moe cicino dete/taka narocki se kazuva/ vece povece godini ti pisuvam deka so eu i amerika i domasnite izmecari plateni so stranski pari treba da se borite so srestvata i nacinot na koj se borea i se borat starite komunisti.ve pravea i ponizuvaa 70 godini.ve pikaa vo logori goli otoci i ve ponizuvaa.a vie so pomos na strateskite partneri/sad i eu/primenuvate demokratijapo terk na sad i evropa. makedonski narod go maltretirate ponizuvate i na kraj bez nego nisto ne mozete.narodot stana vo odbrana na svoja drzava. pokraj narodot i vie ce se spasivte no izgubivte mnogu. samo trebavte da izberete ista nivna taktika i politicki neprijatli se gotovi.propustivte prilika .sega ce krkate popara. po ubavo da se poglednete pomedju sebe da si gi zbiete i procistite redovite . razvrska uste ne e dojdena.
do Vlatko, 01.04.2017 05:58:17
Ako se tochni onie izjavi deka vie od VMRO vo tekot na pregovorite so DUI vo Januari,ste im ponudile celosna dvojazichnost vo zapadniot del od Makedonija,odnosno celosna dvojazichnost vo opshtinite so nad 20%,sto znaci dvojazichni tabli na policiskite stanici,na granichnite premini kon zapadnata sosedna drzhavi i kon Kosovo,dvojazichnost pred i vo drzhavni objekti...togash i vie ste uchestvuvale vo pravenjeto osnova za idna kantonizacija.Site tie ponudi se isto taka antiustavni i kje mora vie od VMRO da odgovorite dali ste ponudile dvojazichnost za tie objekti i institucii.Potoa,dali ste ponudile ministrite od DUI na vladini sednici da ne zboruvaat na makedonski jazik.Spored ramkovniot dogovor,ministrite na vladini sednici zboruvaat na makedonski jazik.Za apsolutna pobeda na izbori,kje morate da garantirate deka nishto od tie antiustavni baranja nema da prifatite.
Mene, 01.04.2017 07:32:18
Vlatko Makedonskite politicari ushte nemaat xrabrost da priznaat déka makedonija ima problem so albanski seperatizam a ne so covekovi Prava. Se dodeka Makedonskite politicari ne rabotat na reshavanje na ovoj problem makedonija ne ke moze da odi napred, vo modernite evropski Drzavi Ne dozvoluvaat Edno malcinstvo da Se shiri I da pravi kriza koga Saka, vo evropa drzavite se multi kulturni da nemoze nitu Edno malcinstvo da do malcinstvo da domenira nad mnozinskiot narod, zatoa vo evropa tije imaat demografski engeniring so naselivanje na ethnicki grupi Koj polesno Se asimilirat so mnozinskiot narod bideki imaat ista kultura I religija,
Владо, 01.04.2017 09:40:14
Значи Влатко сите имаат Платформи има и Македонија платформа, ама со постапките на ВМРО на територијата на АЛбанија доведоа до контра. Секоја контра и секоја платформа има своја историја и одговор на прашањето ЗОШТО.Платформата е само одговор на Албанија на погрешната политика во однос на македонците во АЛбанија. Нема иднина со таква политика. Едноставно нема.Македонија ги врза македонците од албанија за себе и албанија истто го праи со своето малцинство во македонија . Реципроцитет. Не е Македониај сама на свет и на Балкан. Можете да сте горди колку саката ама местто ви е да седите во ред и чекате додека други ве одминуваат и тие се појаки. Тоа е така и така ке биде. Затао собирајте нозете колку ни е чергата и дај да тераме ден живот без потреси, оти големи нема да бидеме и секогаш ке сме зависни од големите. Е така е.
George Nauman, 01.04.2017 14:34:45
Pa sansi ima. Da bidam iskren mi se dopadna predlogot na eden od citatelite na portalot MKD, koj fakticki veli da se obedinime so Albanija i Kosovo i bidejkji sme povekje od 20posto, da gi pobarame istite raboti, odnosno Makedonski da se zboruva sekade, koj ne go koristi mu sleduva kazna, da se promenat simbolite, kako zname i himna, pa ke im go stavi.e sonceto na Aleksandar i na Gjorgji Kastriot, a ne ona kutro slabo izgladneto orle, itn. itn. Samo, edna rabota me plasi dokolku ne izlezat drugi platformi: na cija strana ke se borime vo idnata vojna so Srbija ili juzniot sosed? I drugo, dali so ova bez referendum go ispolnuvame vtoriot del od refrendumskoto prasanje od 1991?
Најнови вести