период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Култура
Датум: 17.02.2017, 14:28

Владата го зголеми буџетот на 31 милион денари за филмска и документарна програма на националните телевизии

Буџетот за производство на домашна документарна и играна програма за годинава тежи 31 милион денари. Ваква одлука донела Владата на последната седница. Станува збор за исплата на надоместок за покривање на трошоците во висина од 50 насто при производство на програма. Заменик- министерот Муцунски вели дека овој проект се покажал како успешен и придонел македонските национални медиуми и јавниот сервис да ја збогатат својата програма.

Телевизиските радиодифузери при доставување предлог проект треба да ги имаат предвид одредбите од Уредбата за структура на трошоците, како и одлуката за максималниот износ на надоместот за покривање на трошоците во висина од 50 проценти при производство на домашна документарна и домашна играна програма. Работата е максимално транспарентна, објективна, без фаворизирање, а единствените  критериуми се почитување на професионалните стандарди и обезбедување комплетна документација која се бара за аплицирање со јавниот повик, рече Муцунски.

Државата исплаќа надомест за покривање 50 проценти од трошоците при производство на документарна и играна програма на националните телевизии и јавниот радиодифузен сервис од 2014 година. Надоместокот се утврдува согласно член 92 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски политики.

#



Останати вести
Денови на иранската кинематографија во Кинотека на Македонија
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век
„Kога денот немаше име“ - тегобен филм дури и за Балканскиот Регион

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести