период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 21.04.2017, 11:15

Познат идентитот на напаѓачот од Шанзелизе

Извршителот на синоќашниот напад на париската авенија Шанзелизе, е идентификуван како 39-годишниот Карим Шеруфи, кој живеел во Ливри-Гарган во Сен Сан Дени во парискиот регион, објави парискиот весник „Ле Монд“.

Како јави дописникот на МИА од Париз, француската полиција привела тројца блиски на извршителот на нападот, при кој беше убиен еден полицаец. Сите тројца биле дел од кругот во кој се движел убиецот, кој бепе застрелан од полицијата на Елисејските Полиња. Притворените се наоѓале во станот во кој полицијата ноќеска извршила претресе набрзо по нападот.

Одговрноста за нападот офиицјално презеде групата Исламска држава (ИД).

Француските медиуми тврдат дека Карим Шеруфи од претходно им бил познат на полициските служби, како лице кое манифестирало насилство кон полицијата.

Карим Шеруфи во 2003 година имал сообраќајка со украдени возило во Руаси ен Бри Сен е Марн, кога удрил во друг автомобил во кој се наоѓал еден полицаец и неговиот помлад брат. Шеруфи се дал во бегство со автомобилот, по што полицаецот тргнал по него. Кога возилото на полицецот се доближило до автомобилот, Шеруфи стрелал кон него и ги ранил полицаецот и неговиот брат. Иако веднаш по ова побегнал, Шеруфи набрзо бил уапсен и му бил одреден притвор.

Два дена по инцидентот, Шеруфи повикал полицаец во притвирската ќелија, успеал да му го одземе пиштолот и неколку пати стрелал во него. Полицаецот бил тешко ранет, но успеал да го активира алармот.

По овие инциденти тој истата година е осуден за обиди за убиство на 20 години затвор, но по жалбата, во 2005 година казната му е намалена на 15 години. По отслужувањето на казната, која во меѓувреме ну е скратена, Шеруфи почнал да продава облека на пазарот во Шеле Се е Марн.

Неговата радикалзиација не била забележена претходно, освен одредени закани кон силите на редот. При претресот во неговиот дом билие пронјадени „елементи на радикализација“, потврдуваат полициски извори за француските медиуми.

#



Останати вести
Општина Карпош побара истрага за пожарот
„Парамор“ се враќа со нов албум
Во хотел во Словенија пронајдена соба за прислушување
Македонски државјанин протеран од Данска поради сексуални напади врз 22 жени
Ѓорческа не го помина четвртфиналето во Киасо
Евростат: Бугарско државјанство најчесто добиваат Руси, Украинци и Турци
Сорос оди кај Јункер
„Џудишал воч“ ги даде на суд Бејли и УСАИД
(ВИДЕО+ФОТО) Изгореа напуштени бараки во Карпош
Да го спасиме срцето на Миа
Агентот Тесла ќе лета за Вашингтон како личен багаж на Бејли
Ученик нападнал наставник во училиште во Симница
Лазаров: Сакам пак да ја освојам ЛШ и да играм на Олимпијада со Македонија
Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови
Со парите на УСАИД се финансира и смената на неподобни новинари во „Макфакс“
Италијанец се соблече гол и ја преплива Фонтана ди Треви
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал
Матине со француски бендови и домашни диџеи пред МKЦ
Во Истанбул посаден "килим" од лалиња
Двајца полицајци убиени во центарот на Париз
Протестен марш за „Заедничка Македонија“ во Скопје по 53-ти пат
Да не се посегнува по глупости во Собранието
Јавна седница за „Монструм“ во текот на мај
СДСМ се воздржува од реплики, остануваат уште 40 пратеници за збор
Телевизии упаднаа и снимаа во службените простории на МПМ
Неколкумесечната работа веќе дава резултати

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести