период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 27.03.2017, 14:15

ОДНОСИ

Не дозволувајте и' на депресијата да ја уништи љубовта

Симптомите на депресијата не се секогаш црно-бели, особено кога станува збор за мажите. Многу од нив сметаат дека треба да бидат силни и во секој момент да мора да ги контролираат своите емоции, поради што им е тешко да признаат кога ќе почувствуваат беспомошност, тага или очај. Токму затоа огромен број од нив ја добиваат дијагнозата депресија. Депресијата не е знак на слабост или неуспех - тоа е излечива состојба, која погодува милиони луѓе. Клиничката депресија обично предизвикува тага и губење на интересирањата за омилените нешта и за работа, но може да се манифестира на многу начини. Но, експертите издвоиле и скриени симптоми на депресијата.

Бес

Во оваа категорија спаѓаат многу емоции, како што се чувствителност, иритираност, губење на смислата за хумор, изливи на агресија за ситници, негативно размислување, вербален или физички напад на другите. Мажите емоционалната компонента на тагата обично ја искусуваат низ иритираност и негативно размислување.Тоа значи дека имаат многу краток фитиљ и оти брзо ги губат нервите.

Неконтролирано однесување

Чест симптом на депресијата е неконтролираното однесување кај мажите.Депресивните мажи можат наеднаш да се заинтересираат за екстремни спортови, алкохол или наркотици, лудо возење или за секс без заштита.

Физичка болка

Депресијата може да предизвика и физички тегоби, а многумина чувствуваат проблеми со органите за варење - запек, дијареа, болка во стомакот, мачнина, но и општ умор, несоница, претерана поспаност и хронична главоболка. Хроничната болка и нарушувањето во системот за варење одат со депресијата.

Стрес

Стресот може да биде и поттикнувач и последица на депресијата. Мажите често симптомите на депресијата му ги препишуваат на стресот, бидејќи чувствуваат дека тоа е социјално прифатлив начин да објаснат што не е во ред со нив. Некогаш тагата, очајот и негативното размислување навистина доведуваат до стрес, бидејќи личноста не може да се помири со фактот дека не може да се избори со своите чувства.

Незаинтересираност за секс

Депресивните мажи, главно, се незаинтересирани за секс. Некогаш се подготвени да се впуштат во различни ризични однесувања за да ги пренасочат мислите од страдање и болка.

Самопрезир

Некогаш депресивните личности чувствуваат самопрезир , што значи своите грешки тешко ги прифаќаат, а во екстремни случаи дури можат да посакаат да си наштетат себеси.

Што е со емоциите

Никогаш немојте да игнорирате тоа што некој се обидува да ви го каже со своите емоции.Сечии симптоми можат да се разликуваат и по типот и по интензитетот и затоа е важно да ги наслушувате чувствата на блиските. Не дозволувајте ~ на депресијата да ја уништи љубовта. Ако страдате од депресија, тоа ќе се почувствува и во љубовниот живот, што не значи дека работите не можат да се поправат. Издвоени се едноставни совети за негување на љубовниот живот дури и кога сте депресивни.

Побарајте помош

Ако с` уште не сте побарале стручна помош, направете го тоа штом ја сретнете личноста што ве привлекува. Заљубени, подобро ќе реагирате на разговорите со психолог и ќе имате повеќе мотивација да закрепнете.

Изберете вистинско време

Мора добро да се грижите за себе пред да пуштите друг во вашиот живот. Бидете дисциплинирани и редовно пијте ги лековите, опкружете се со позитивни луѓе и трудете се да го задржите оптимизмот. Ако не ви се допаѓа личноста со која се гледате извесен период, не инсистирајте на врска. Почитувајте се себе и вашите избори.

Не зборувајте за тоа на првиот состанок

Не ~ должите на личноста со која разговарате прв пат веднаш да ~ кажете дека сте депресивни. Сепак, за да би биде полесно, треба да разговарате со потенцијалниот партнер.Во спротивно, почекајте вашиот однос да се стабилизира, пред да ја спомнете депресијата.

Како да соопштите

Прво кажете му на партнерот дека многу ви значи и оти мора нешто да споделите со него. Потоа објаснете дека се борите со многу распространет проблем - дека се лекувате од депресија. На крај, објаснете дека многу ви значи врската со него.

Прифатете помош

Освен што е потребно да имате поддршка од семејството и од пријателите, би требало да можете да се потпрете и на партнерот. На пример, ако редовно вежбате, за да го поправите расположението, викнете го да ви се придружи. Ако ја имате поддршката од лицето со кое сте, тоа значи дека тоа е вистинскиот избор.

Бидете трпеливи

Ако потенцијалниот партнер ви поставува прашања или постојано бара совет, немојте да претпоставувате дека има лоши намери. Веројатно се обидува да ве разбере и да ве направи среќни.

Ниско либидо

Депресијата и некои антидепресиви се познати како убијци на либидото. Ако имате проблем со желбата за секс, разговарајте со вашиот лекар за евентуална промена на лековите или за некои додатоци што можат да ви го поправат сексуалниот живот.

Не повторувајте ги поранешните грешки

Важно е да ги препознаете вашите слабости и предности и навреме да видите каде оди врската. Не дозволувајте да паднете во шемата на претходната врска и знајте кога е време да излезете од однос што е штетен за вас.

Интернет како посредник

Иако интернетот им ги олесни контактите на луѓето, тоа не значи дека со негова помош полесно ќе ја најдете личноста што е вистинска за вас. Кога со некого се допишувате преку интернет, лесно е да се обесхрабрите и треба доста упорност да се пронајде некој што навистина е за вас. Затоа внимателно влегувајте во такви комбинации и за нив разговарајте со родителите и пријателите.

Прифаќање

Многу е важно да разберете дека секоја личност во врската го носи своето минато. Затоа немојте да бидете строги кон себе. Сите имаме добри и лоши страни и тоа што сте депресивни не значи дека немате никакви шанси да бидете сакани.

#



Останати вести
И премногу овошје дебелее
Маслиново масло за мазна кожа и сјајна коса
Kога лактозата прави проблем, имате подуеност и гасови
80 отсто од слабеењето зависат од исхраната, а само 20 отсто од вежбањето
Правот од коноп спречува болести на срцето
Белиот слез е нужен за пушачите
Децата кои пијат јогурт имаат 19 проценти помал ризик за настинки и инфекции

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести